а случајно да не го имате масажерот gymform dual shaper од топ шоп тој за стомачните ...па ако го има некој ве молам пишете ми , сакам да го купам ама не знам дали е ефикасан и на крај да испадне дека сум дала 5000 денари за ништо .....
Го има мојата старосватица ама стварно се масира со него и се придржава на диета и има ефекти. Го имама и јас, арно ама не го користам редовно освен за масажа, а за масажа е фантастичееееен. Така да тоа чудо без мала диета и големо количество на течности не верувам дека ќе има ефект.
јас веке го порачав утре ке ми стигни појасот ...е дали ке има ефект или не ке ви пишам за две недели .....изгледа многу луге го немаат оти е нов ....па ке видиме Ч)
епа прочитај погоре те прашав за појасот gymform dual shaper ....изгледа не сме се рабрале а иначе знам дека темата е за relax and tone .......
И јас на мајка ми и викам, гледав сега на Пазар3 ги има многу поефтини. Они коа запнале тие биле имитации на Топ шоп незнам што А онака во Топ шоп колку пари е, 3000
Ваквата продажба на топ шоп производите е строго забранета, па затоа постои сомнеж дека не се оригиналните.
Па и грабежот не е легален, па топ шоп го прави тоа Може ни во Топ Шоп не се оригиналните, сепак ова е Македонија, кај нас носат се' и сешто, па продаваат како да е оригинал.
Пред некој ден видов како оние што носат роба и продаваат ги продаваат за 1 000 ден. а исто е мислам Made in China
Дали делот со топчињата е за слабеење и намалување на целулитут или пак брановидниот дел кој дава повеќе резултати?
и јас сакам сега да го порачам но дали некој ослабел зошто нели кажуваат дека и е за слабеење не сакам да се излажам зошто и од дома ќе ми кажат ,,кога ти велев дека не е исто како што е на тв ти не веруваше`` а и не се малце 3000 ден . ве молам кажете што да правам
Девојки знам дека темава ви е друга но ме интересира за Cellules MD дали некоја го има користено и дали помага. Искрено ке ви бидам благодарна ако ми дадете некој одговор.
На пазар 3 се 1600 и скроз истите се од топ шоп,ама скроз и плус нови се,да не помисли некој половни дека се.Еве сега се јавив и ми рекоа може да појдам да го видам и да споредам. Сега во двоумење паднав за она со вакуумот.Сто посто по некое време и на пазар 3 ќе излезе за смешна сума на пари,па да треба од газот да си грицнам.
Јас го купив, си лупнав три илјадарки за сега да си седи во фиока. Го користев според упатството, недели и недели, а резултатите минимални, скоро невидливи. На крај се откажав. Планирам пак да почнам, па да видам како ќе е сега. Ама овој пат, водејки се според искуството, нема да очекувам големи резултати. Да се надоврзам на последниве мислења: не е воопшто како на тв, не само ова туку и други производи. Џабе фрламе пари кога истите ги има за поефтино. Ама ајде, си го лажеме умот, демек од топ шп било тоа.