Rembraco Slim

Дискусија во 'Диети' започната од gaga.rocks, 2 мај 2011.

  1. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    34
    Дали го имате пробано, дали има ефект, колку чини..?
     
  2. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Го барав во Струмица низ неколку продавници и го немаше... и мене ме интересира -многу го рекламираат.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    32.771
    Пол:
    Женски
    http://www.dijeta.net/rembraco_slim_kafa_za_mrsavljenje.htm

    Овде најдов нешто, ама не ми е верно. гарант и овде има сибутрамин и некои хемии. После искуството со
    слим лајн
    и на ладно дувам. :lol: :x
     
  4. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    411
    А за каков препарат се работи?
     
  5. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Јас во вакви препарати не верувам бидејќи без физичка активност слабеење нема, сум пробала неколку и се на база неколку пати да одиш по надвор. Не сака перење на цревата па и желудник да ме боли од табелети или кафиња за слабеење. Моја пријателка зема некои таблети за слабеење на база на јаболков оцет и јадеше повеќе него пред да почне да ги користи она мислеше дека ако пие таблети за слабеење треба вол да изеде дупло се поправи. Сите сете млади и избегнувајте ги препаратите за слабеење приклучете се на здравата исхрана на пример јас зимава се поправив 5-6 кила но сега ги симнав со еден здрав режим на исхрана на сабајле јадам обавезно во пар две овошја за ручек манџа и салат, а за вечера пола од ручекот. Да знаете ефекти има по 5 до 6 дена пробајте.
     
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    190
    Една кесичка ваква за едно кафе, чини 83 денари,во Веро имам видено, а треба да се пијат мислам беше по 3 кафиња дневно.
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.688
    Пол:
    Женски
    Ова го копирав.
    Za veći gubitak tjelesne mase:
    Jedna vrečica ujutru na prazan želudac, 1h prije doručka. Druga vrečica poslije podne, 2-3h nakon ručka.

    Za postepen gubitak tjelesne mase:
    Dovoljna je jedna vrečica ujutru na prazan želudac 1h prije doručka.

    Napomena:
    U oba slučaja, radi što boljih rezultata preporučeno je uzimanje minimum 2l tekućine dnevno uz pojačanu fizičku aktivnost. Nakon 20 popijenih vrečica, potrebno je napraviti 3 – 5 dana pauze, a zatim ponovo možete nastaviti sa konzumiranjem Rembraco Slim – a.

    Иначе мислам дека го има секаде... Сестра ми го видела во еден од Тинекс маркетите.


    http://www.youtube.com/watch?v=tmuZEi36-WM
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    101.214
    Пол:
    Женски
    Го пие ли некој ова чудово, бидејќи ме отекоа некако по телевизија или ми се чини мене само дека многу го рекламираат, или се’ тоа време вклучувам антениве изгледа :). Ич не сакам искрено разно разни „помагачи за слабеење“. Знам и за други кафиња, со кои се слабее, мислам дека и кај нас ги има, но не знам, мене ми изгледа како напразно фрлање пари, кога може едноставно да намалите порции, да смените навики, наместо пржено да јадете варено и печено, да не јадете толку слатки, обична физичка активност од типот пешачење. Но, доколку некој го пие и има резултати и му се фрлаат 80 денари само за едно кафенце, а ко што вика бејби.90 треба три такви уф, скапо слабеењево, барем за мојот стандард.
     
  9. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    190
    Епа за 240 денари на ден (а треба да се пие цел месец), ке ослабам од мака што сум ги дала парите а не од кафето :D :D :D
    Јас случајно ги видов во Веро инаку јас користам апчиња за дебелеење, за 240 денари 500 апчиња за цел месец, чиста работа :)
     
    На zhap4e и happynessss им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    101.214
    Пол:
    Женски
    ^^^ ме изнасмеа хахахах ај што од мака ќе си ослабнеш, пак и си пие апчиња за дебелеење хахха
    Душа јадна. Брат ми отсекогаш бил слаб, ама отсекогаш и ептем се мачеше како ли не да се здебели и јадеше ко скинат џабе. Почна да работи во владиниве институции и еве го му набабрија обравчиња :) пак сега не си се свиѓа со образите и стомачето хахах не дека има нешто посебно многу ставено на него, ама за него, секое плувче е добро плувче.
    А, богами не се исплати ова. Јас не знам каде на емисијата на Сител, Бекстејџ ли како беше мислам го гледав, а пред тоа пак онака го пуштаа во етер и не ми беше баш јасно ко три во едно кафенце за слабеење продаваат си викав што не си направат тие паковање едно. Али може да има. Вака им се исплати повеќе гледам сега :).
     
  11. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    19.263
    Пол:
    Женски
    Јас пак првпат слушам за ова кафе. :^)
    Почнав да пијам Вита Голд кафе, ми се виде О.К затоа што содржи Л-Карнитин.
    Нормално не очекувам да ослабам без физичка активност ама ме интересира за ова Рембрако кафе дали навистина го намалува апетитот ?
    Ако го има некој пробано нека каже.
    А пак едно кафе порано што го имало низ аптеките „Зелена кафа“ многу ми го фалеа ама веќе го немало низ Мк.
     
  12. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Дека ке те ослабе кафево не верувам многу и тоа уште 240 ден на ден, брееее, што диета ќе беше ова, сигурно од мука ќе си ослабиш, за слабеење само физичка активност и тоа голема и секојдневна, помалку калории внесување, барем сега ќе биде лесно, ќе има и овошје и зеленчук по пазариве, ако тоа не помага најлесно се слабее од нервоза :), а за дебелеење само обратно од претходново, и по можност да си имаш некој да те храни и да те мази :)
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.887
    За тоа Зелена Кафа, се сеќавам дека пишуваше по весници, било ептен за никаде, не знам колку се не штетно влијаело врз организамот. А иначе ова рембрако како што кажаа повеќето е изгор скапо.
    Има едно друго кафе на гранд Слим&фит мислам беше, исто со додаток на Л-карнитин а е прилично ефтион, 10 денари кесичка мислам

    Јас искрено повеќе имам доверба во Гранд, тие се и со традиција и имаат и квалитет, овие Рембарко не ги мирисам многу ;)