1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. Kristi900

    Kristi900 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Здраво,за која возраст се revox производите,дали се за млада кожа 20 годишна возраст?




    *забелешка на модератор: Ја активираме оваа тема на барање на членките кои веќе ги користат или се интересираат за Revox серумите за лице.
    Добредојдени се сите за да почнеме дискусии и да разменуваме лични искуства во врска со овие серуми кои неодамна се појавија на пазарот.

    Сите Revox производи можат да се најдат во ДМ маркетите.
     
    Последна измена од модератор: 7 мај 2020
    На Cherry blossom89 и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.233
    Пол:
    Женски
    Гледам многу членки ги купуваат серумите на Ревокс, претпоставувам дека многу девојки се заинтересирани па и јас. Има посебна тема за The Ordinary па зашто да не и ваква :)
     
    На raww, Emilija97mk, Lovelynne и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Ги разгледував и јас серумите од Revox, и во споредба со другите серуми, далеку поефтини се овие.
    Не им го знам точно составот, па да споредам со другите, но штом многу ги користат, претпоставувам дека се добри.
     
    Последна измена: 3 мај 2020
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.233
    Пол:
    Женски
    @Ева33 еве состав,ако некој се разбира нека пише :)

    Revox
    2AAB38DF-9261-4FBA-B759-F172B8AA587C.jpeg
    The Ordinary 4C4E8FF5-6527-428F-8338-4C3987079A09.jpeg
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    @Kimberly11 не се разбирам баш многу во состави, што треба, а што не да содржат, но воглавно сличен им е со на The Оrdinary.

    *јас освен тој од Логона,anti age серум, друг не сум користела.
     
  6. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    898
    Зависи што користиш. Секој серум е наменет за одреден проблем на кожата , а хијалуронската е 25+, барем јас така би рекла.
     
    На poppie и Kristi900 им се допаѓа ова.
  7. Bebushka135

    Bebushka135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    95
    Знае некој AHA дали треба да се измие или не?
    На пакувањето пишува само да сте стават 4-5 капки и да се втрие додека не се упие, нема ништо за измивање.. А некако страв ми е да оставам киселина долго на кожа..
     
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    31.249
    Од шо имам читано, гуглано во Revox има peg - полиетилен гликол. Кој е доста токсичен, затоа што дел од него е нафтен дериват.
     
    На LittlePinky, Ana-Marija24 и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  9. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Ja koristam salicilnata vo kombinacija so niacinamide.
    Niacinamidot e odlicen,flekite mi se izbledeni.Salicilnata mi gi susi aknite i mi gi cisti porite.Iznenadena sum deka najdov zamena za moite dva omileni proizvodi od the ordinary za niska cena :)
    Drugo nemam probano :)
     
    На Fatalnata, Scorpiongirl12, Minniie.s и 3 други им се допаѓа ова.
  10. FancyGirl*

    FancyGirl* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблем со флеки,а и некакви бубулици во последно време.Гледам има голем број позитивни коментари за производите,па дали ке може да постираш слики од производите кои ги користиш и нешто подетално за нив и нивното користење. Исто така и од каде ги имаш купено. :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    80.994
    Пол:
    Женски
    Не се остава на лице да се впие...не знам зошто така напишале во упатството, нема логика да не се измие, затоа што нема никаква „хранлива“ улога за кожата како останатите серуми, туку намената на тој продукт е да направи хемиски пилинг, ексфолијација на кожата и ми нема логика да стои на лице затоа што серум како останатите секако не е.
    Си ја врши он работата после 5-6 минути, па слободно измиј го лицето и не го оставај да стои. И никако пречеста употреба, еднаш неделно или еднаш во две недели е сосем доволно.
    Сигурно си го знаеш ова, но со оглед на тоа што многу девојки читаат, не е лошо да повториме.
     
    На Giinna, angela.kostova, raww и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    14.311
    Пол:
    Женски
    А црвен е како на ТО?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    80.994
    Пол:
    Женски
    Безбоен изгледа во шишенцето, ама стварно нема логика да се остави да се впие.
    Баш па сега како што температурите растат и сонцето е на мегдан, ич не е паметно да се игра со вакви работи.
     
    На ludamaja10, *Amethyst* и Minci13 им се допаѓа ова.
  14. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    6D4D6CD0-D8D3-488A-88C9-B080EB5AAC09.png
    Ги има во дм,можеш да ги комбинираш ниацинамид наутро а салицилна навечер :)
    Ниацинамидот да делува треба подолго време за разлика од салицилната.

    Истото го мислам,нема логика да се остава.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    7.821
    20200504_145057.jpg
    Само што ми стигнаа. Како да ги комбинирам како за почеток оти немам користено претходно?
    Дали еднаш или два пати неделно гликолна, а тогаш да не ставам салицилна оти на неа пишува да не се комбинира со други киселини?
    А салицилна може секоја вечер или поретко како за почеток?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.233
    Пол:
    Женски
    Јас планирам да го земам хемискиот пилинг и ниацинамидот може некој што ги има користено да пише како е задоволен?
     
    На ludamaja10 и FancyGirl* им се допаѓа ова.
  17. coolgirl123

    coolgirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено ? Викаат дека е добро :)
     

    Прикачени фајлови:

  18. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Денес го земав Just AHA 30%, сакав да ги земам и Niacinamide и Vitamin C ама во dm ги немаше.
    Планирам Vitamin C да го користам наутро, после тоа СПФ крема, а niacinamide навечер.
    Едвај чекам да го пробам овој со AHA вечер, се надевам кожата моја добро ќе реагира :?:
     
    На Kimberly11 и coolgirl123 им се допаѓа ова.
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    14.311
    Пол:
    Женски
    Како што знам има тонери со aha/bha кои нормално нели не се измиваат, ама па на серумов не е наведено такво нешто... Не знам, навистина човек да се замисли...

    Инаку, на темава :) го имам ниацинамидот од Revox, прв пат вметнувам ниацинамид во рутината. Многу е рано за ефекти, но во овие две недели забележав дека ми се исчистија ситните бубуљички на брадата и ми се намали малку црвенилото. Не знам дали е од него, ама задоволна сум сега за сега, немам негативна реакција, не ме исфрла и не ми ја масти кожата.
     
    На angela.kostova и poppie им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    80.994
    Пол:
    Женски
    Премногу е јак за да се остави на лице, 30% е гледам, а за таков агресивен продукт не е воопшто малку (чисто илустративно, гликолниот тоник што не го одмиваме е само 7%) и затоа сметам дека не е во ред да се остави да се впие конкретно овој серум.

    Прејак е, пуздер ќе ја направи кожата ако се остави да преноќи.
    На долги стази ако се употребува не сакам ни да замислам некакво сценарио...викајте пожарна ќе биде работата.
     
    На ludamaja10, Minci13, Avery и 2 други им се допаѓа ова.