Значи вака имам прашање до сега не сум користила ништо од наведеното : ниацинамид,ретиноиди, салицилна киселина , гликолна киселина .... па прашањето е што е најдобро за кожа која што е марсна во Т зоната без акни, имам само подкожни БЕЛИ брунчиња што понекогаш доагат до израз бидејки се полнат (обично пред циклус) и може неколку да избијат но најмногу ме нервираат проширените пории Ги читав вашите излагања размислувам да почнам со користење на салицилна киселина . Дали да ја купам на JUST REVOX со оглед дека The ordinary мора да се порача од странство а со ситуацијата со короната ништо не се доставува во МК. ВИТАМИН Ц веќе користам скоро две недели и веке ми се допаѓаат резултатите . Чекам ваши предлози. Ви благодарам.
Да, јас ти ја препорачувам. Ја коростам веќе некое време и сум задоволна. Инаку, на секој производ треба да му се даде време за да се видат некакви резултати. За ретинолот читав дека треба 3 месеци. За останативе по 3 недели отприлика. Резултати веднаш може да се видат само на козметичар или со третмани со ласер.
Планирав да ја земам кремата со спф на heliocare, но не бев стрплива и во зегин ја начекав на еуцерин 50+ oil control и ја зедов. Вечерва прв пат ставив салицилна киселина, со претходно направено тест на внатресноста на лактото и не ми јави никаква иритација за среќа после салицилна киселина не ставив крем за хидратација па ќе видиме како ќе ми е, и не планирам секоја вечер да ставам оти се плашам.
Мислам дека секогаш треба крема после салицилна, ама нека потврди некој поупатен. Да, и јас ја барав Heliocare, ја немаше и оваа ја земав. Ама, како да ми се појавија некои брунчиња денес кои ги немав до утрово. Дали е од неа, не знам, не ми се допаѓа што има алкохол, ако ми пречи, ќе ја сменам.
Крема се става пред салицилна киселина, киселината ја користиш на само мали делчиња (spot treatment). Ако ставиш крема после салицилна ќе ја размачкаш киселината на цело лице и ќе иритира и направи акни на делови каде што немало. Aко пак ја користиш како пилинг тогаш се става после тонерот, пред кремата затоа што ќе може подлабоко да дојде киселината и да ексфолира, а кога го ставаш после кремата јачината и малце намалена.
797ден. Не сум сигурна, ама до утрово немав. Сега кога го чистев лицето, забележав. Можеби е од Еуцерин, не знам. Ама алкохолот очигледно ми пречи. И во Алверде производите го има. Слична реакција имав. Можеби избрзав со купувањето, ама ако не бива, менам.
Јас хелиокер ја купив,упорно ја барав ја немаше и конечно ја најдов. Предобра е стварно битно мат ми е лицево и не ми искочило ништо од неа.
Може ли некој да ми објасни како да ги комбинирам и колку често смеам да ставам од продуктите на сликата? П. С Појдов да купам салицилна киселина, ги купив и другите, дополнително и Витамин Ц и заштитна крема 50 фактор.. HELP
Која од хелиокер? Јас ја барав таа gel oil-free, ја немаат во Еурофарм. Има една флуид, една air gel и уште една во бело паковање 1000 денари е. Другите две се околу 800.
Ако добро разбрав после се што прочитав на овде, мислам дека вака ке е во ред да се употребуваат продуктите од сликата : - АНА - еднаш во 10 дена, да стое 5 минути и да се измие - Ниацинамид на влажна кожа па потоа хиларионска киселина да се употребува оваа комбинација навечер - а наутро витамин Ц + заштитен фактор - салицилната киселина (да се употребува само на акни или на цело лице и дали може секојденевно или колку често и во комбинација со што) Ако некој знае ве молам за помош.