Секојдневно ли ли ги употребуваш така ? И какви се резултите ? Инаку моето лице е мрсно во Т зонат, и имам бели подкожни брунки кои повремено се полнат повеќе и многууу широки пори кои што страшно ме нервираат и нема што не сум пробала без ефект
Да, секој ден ама ова ми е 3 па не можам уште да кажам дека има некои резултати, сепак треба време и упорност и ќе се изненадиш Сега за сега ми се супер, лицето е помазно, некои нови акни се смирија малку, важно немам лоши реакции
Не знам како да ви објаснам ама ајде ќе пробам. На тој дел каде што се става хајлајтер и под очите малце нежниот дел ме пече и ми е малце црвен ,може да ми е од ниацинамидот? или од соната ако сум ја ставила погрешка таму па затоа ме пече. Синоќа пред спиење ставив дебел слој пантенол и кога станав подобро беше и сабајлево после ниацинамидот ставив пантенол па врз него спф. Од што може да е? Само во тој дел ми е така.
И мене тоа ми се случуваше од ниацинамидот, направи пауза една недела или не мачкај на тие делови, и ставај по само 2 капки не цела пипета, јас кога ја намалив количината престана да ме пецка
Ti blagodaram mnogu,inace 4 kapki stavav na celo lice. Od utre ke stavam samo na obrazite od strana i celoto
Знам, ама пробај вака би требало да ти одговара повеќе. Понатаму секако постепено можеш да си зголемуваш како осеќаш потреба за тоа.
После AHA Би ти препорачала да си ставиш некоја маска за лице, па откако ќе ја измиеш крем. Хијалуронот пред ниацинамид. Можеш и наутро да ја користиш оваа комбинација. Витаминот Ц можеш и навечер, мислам дека може и хијалурон пред него. Салицилната јас ја имам користено само на акни и тоа во комбинација со ниацинамид. Но можеш 3 пати неделно на цело лице навечер. Ако ја ставаш само на акни можеш секој ден, еднаш дневно. Немој да ја комбинираш со витамин Ц и АХА. Значи АХА со витамин Ц не. Салицилна со АХА не. Салицилна со витамин Ц не. Ниацинамид со витамин Ц не треба да ги комбинираш заедно во исто време. После било кој продукт обавезно оди крем за лице и наутро плус СПФ. Се надевам ти помогнав ЕДИТ Витаминот Ц од ревокс е малку појак за почетници. Во топлово време би препорачала да се користи навечер и преку еден ден. ЕДИТ 2 Тие што користите ниацинамид и ви се прават акни, користете го во комбинација со салицилна киселина и само на акните од салицилната. Затоа што ниацинамидот чисти а салицилната побрзо ги заздравува акните.
salicilnata ja koristam veke 3 nedeli i super mi odgovara aknite mi se cistat poleka, nemam nikakvo crvenilo nitu peckanje , no niacinamidot go koristam edna nedela sto znam deka e kratko vreme i nemoze da ima rezultati ama go custvuvam tesko na liceto kako da imam sloj , leplivo, kako da mi e valkano liceto so prasina nalepena na nego i posakuvam da gi izmijam. Neznam dali toa e normalno i treba vreme da mi se navikne liceto ili pak e reakcija i pokazatel deka ne treba da ko koristam . Nekoj ako ima slicno iskustvo ili mislenje pisete ve molam.
Да и мене малку почудно ми се впива во кожа, некако како да останува над кожата а и челото ми свети како лампион
isto mi tezi na liceto no ke bidam uporna da vidam sto ke bide se dodeka nema nekoja pogolema steta,,,,, se nadevam
Na niacinamidot mu treba podolgo vreme za najdobri rezultati,ne izbrzuvaj procitaj mislenja i iskustva pred da frlis. Niacinamidot od the ordinary duri posle dva meseci vidov rezultati,nekoj pa moze i nikakva razlika da nema.Ne moze da se generalizira deka kaj site ke bide dobar i deka e marketing. Na moja drugarka i se pojavi alergiska reakcija od dva serumi od Revox,ne moze kaj site pozitivno da bide.Ti drzam srekja da ti se pogodi