Znaes deka ko malce da mi se pobledi flekive?? Ama seriozna sum aj ke cepam uste 1-2 meseci da vidam so ke se desi
Ве молам доколку некоја девојка ги користи нијамицидот и салицилната киселина за акни да ми каже рутина.
Те молам прочитај наназад милион мислења има. Не знам како не разлистувате претходно за нешто што ве интересира.
Мене од Соната ми се случи тоа. Нанесов малку повеќе и баш таму ми се вцрвени. Ништо страшно, ќе пројде за два дена. Само не го нанесувај таму и во близина на очите. Исто и околу носот не.
Се исчитав, барав точна рутина од гел/пена за миење до конкретно која крема ја користат заедно со серумиве од revox
Многу примамливо ми изгледаат серумиве. Ги видов во ДМ пред некој ден и малку фалеше да купам неколку од нив. Ги прочитав имињата на некои од нив и во мозокот ми се случуваше ова: „СЛИЧНИ СЕ НА ОРДИНЕРИ ВИДИ КОЛКУ СЕ ЕФТИНИ СИГУРНО СЕ ДОБРИ ЌЕ СТАВАШ ОД СИТЕ И СИГУРНО СЛОЈ ОД ЛИЦЕТО ЌЕ ТИ СЕ ОДЛЕПИ НО ТОЈ НОВИОТ ПОД НЕГО ЌЕ БЛЕСКА!!!“ Се сопрев навреме бидејќи ми текна на моментите кога сум купувала импулсивно и пола продукти завршиле во канта. Супер ми е лицево моментално, задоволна сум навистина. Колку помалку продукти користам толку подобро. Не дека не би вметнала некој од серумиве но не сум сигурна дали би реагирале добро со мојава сегашна рутина, така да најубаво прво да ве читнам пред да избрзам повторно.
Пена за лице Балеа со алое вера. Хијалуронска киселина на влажна кожа, па ниацинамид. Крема за лице Балеа сензитив. Крема Еуцерин спф 50. Ова наутро. Пена Балеа. Тоник Афродита Young&Pure. Салицилна киселина. Крема Балеа. Ова навечер. Еднаш неделно гликолна киселина. Тогаш не ставам салицилна, пишуваше дека не се мешаат. Имам комбинирана кожа, добри резултати досега.
Наутро Гел за миење лице од чајно дрво, па ниацинамид, па спф Навечер Гел за миење, салицилна, па ноќен крем
Не ти е од ниацинамидот, туку од кремата. Јас користев слична по состав крема од друг производител, иста реакција имав на истите места. Дури и полоша, бев како касната од оса на тие места, до толку ми потече. И ме пржеше кога и да ставев нешто. Ја баталив после тоа, искрено не вреди барем во мојот случај.
Го проба ли некој ова масло? Јас го купив (како единствен продукт од линијава што беше достапен во ДМ, се друго беше солд аут). Какви резултати имате вие со мрсна кожа склона на акни?
Дали има некој искуство со Its skin serums? Многу привлечно ми изгледаат а плус се и корејски производи. Нема многу резенции по нет, а се бестсејлеси во Кореа
Јас го купив Го користам веќе 1-2недели, навечер и сабајле, додега немам приметено дека предизвикува акни, може уште е рано за заклучоци
Искрено никаде не видов поопширен review на интернет за овој серум, што ми е многу чудно, па се уште не почнав да го користам, ама ќе го пробам вечерва.
Јас дојдов за да го пофалам ниацинамидот. Искрено прво мислев дека само јас забележувам подобрување бидејќи едвај чекам, но и домашните ми кажаа дека црвенилата ми се намалени и општо тенот ми изгледа подобро. Го користам откако дојде во дм, значи две недели отприлика. На почетокот го користев секој втор ден, а сега секоја вечер обавезно после миење и врз него крема.
Revox серумиве не знаете како ме предомислуваат. Имам пишано и претходно во темата за серуми дека ги користам на Dr. Viton хијалуронската киселина и витамин Ц. Е сега, сакам да ги сменам со овие на Revox па би сакала да знам кои според вас се подобри? Исто така, планирам да го земам ниацинамидот но после него да ја користам Revuele Daily Moisturizer. Дали мислите дека некако лошо би изреагирале тие две во комбинација? Фала ви многу!