Ај и овде да прашам, пишав во општата тема за серуми. Дали ви се прави бело на лицето при нанесувањето на хијалуронскиот серум на влажна кожа?
Мене не. Ама имам нормална кон сува моментално кожа. Ми ја освежува многу кожата, имам резултати. Намерно не ставав друг серум да видам каков ефект ќе ми дава овој, од наредна недела ќе почнам со ниацинамид да комбинирам.. @Aschenputtel исто и мене така, мислев да не ја оставам многу влажна кожата. После нема ништо, си се впива, па ставам крем.
Мене не. Ставам хијалуронска, па ниацинамид, крема, па спф. Малку пак светнувам на Т-зоната, (доста помалку од претходно, пред почнам со серумите) ама дека ми ја мрси кожата, не.
@Aschenputtel јас планирав насабајле хијалуронскиот, а навечер ниацинамид. Каков ефект имаш од ниацинамидот? Јас немам вака некои проблеми со лицето, на образите малку пори пошироки, а носот и брадата митесери неприметливи, се плашам да не ми направи некој проблем серумот што го немам.
Имав мали црвенила и флеки од брунчиња што ги чепкав, ама ми се намалија од него. А пишува дека регулира лачење на себум. Јас имам мрсна Т-зона со пори и црнки. Црнки помали и на образите иако таму ми е нормална кожата. Мене ми помага вака со хијалуронската. И така прочитав, првин хијалуронска за хидратација, па после ниацинамид. Навечер ставам салицилна, затоа овие 2 наутро и еднаш неделно гликолна, ама тогаш не салицилна.
Мене од салицилната киселина многу ми се подобри лицето и тоа за само една недела имаше позитивни резулати. Ја комбинирам со ниацинамид од the ordinary , но би сакала да му дадам шанса и на нивниот ниацинамид. Од салицилната тенот ми е убав , порите се намалени, акните исто така а полека приметувам промени и на црнките на носот.
Здраво девојки, нарачав серум од на торба.мк ми рекоја дека ке ми стигне за 2 до 3 работни дена но помина веќе цела недела, па ме интересира за колку дена ви стигнале на вас?
@fana до крајот на мај во Дм е намален 275 денари. После мислам околу 310-320 ќе е, барем толку е онлајн на торба.мк.
Првиот пат кога порачав, околу Велигден беше, задоцнија, скоро 1 недела ги чекав. Вториот пат, четврток нарачав, понеделник ги добив. Ама и девојката се јави да каже дека имале многу нарачки и може да доцнат.
Имаше неработни денови. Плус тоа каргото по кое праќаат во сабота не доставува. Затоа ти е пролонгирано, ќе ти дојде.
Вчера за првпат ставив од АНА пилингот, го измив по неколку минути. Дали сите имате чувство на затегнато лице по измивањето? После тоа ставив крем за лице, ама за прв пат да не ми впие на кожата (нормално е тоа или не ставате хидратантен крем по нанесување на серумот?) Инаку денеска се разбудив со премеко лице, преубаво чувство
Серумот не се измива, само крема се става врз него. Инаку го користам еднаш неделно, не ти го препорачувам за секој ден.
И јас чекам една недела. Денеска ми се јавија од каргото, па чекам во секој момент да ми ја донесат порачката