сигурна си дека не се измива? пошто многу е јак и ко што знам вакви киселини се мијат по 3 минути, јас и по измивањето го чувствував на кожата, се до утринава кога не го измив лицето со гел
Јас го прочитав ова, а на англиски после неколку дена гуглање (реално сметам дека знам да копам добро) не најдов многу релевантни reviews за кој било производ од оваа линија. Се водев по тоа што го имам читано за АHA киселини (скоро сите до сега ептен потенцираат дека треба да се измие), но ќе пробам и без да го измијам викендов, баш ќе пишам разлика
Вечерва по четврт пат ставам салицилна киселина ( преку еден ден ставам) и имам одлични резултати, моите црнки видливо ги снемува , а за намалени пори... мислам дека е рано за резлутат заклучок- пресреќна сум, следно на списокот ми е ниацинамид.
Здраво девојки. Гледам дека горе доле сите имаме прашања околу AHA серумот на Revox и неговото користење, дали треба или не треба да се измива. Им пишав дирекно на REVOX околу употребата на серумот и тоа дали треба да се измива или не и еве го нивниот одговор: Dear Ivana, Thank you so much for choosing the REVOX JUST products and for contacting us directly with your questions and concerns! You shouldn’t be afraid to try the AHA. In general, the Alpha Hydroxy Acids are natural acids you can find in citrus and some other fruits. Unlike the physical scrubs, these work by gently exfoliating the surface layers of your skin, and promote its freshness, firmness and moisturizing. As for your question, we have formulated the product JUST AHA ACIDS 30% in such a way that it is suitable to leave on the skin and work overnight. But having in mind that different skins may react differently, to make sure there will be no reactions or irritations, we recommend you rinse it off after few minutes. Since this is your first trial with this product, we would advise the following: 1)Conduct a spot test for sensitivity before the first application (this is a good first step with every new product you purchase); 2)If you find your skin tolerates it well, use it as directed, and rinse off with water; 3)Follow with a moisturizer or with some nourishing oil, for instance REVOX JUST Argan Oil. If you are fine with it, you can use the AHA every other day. But please note you shouldn’t mix them with other exfoliators in order to prevent over drying. Most importantly, listen to your skin and notice how it feels and looks. Every new skincare regimen takes a little time to show results, but consistency pays off. We hope this answers your question. Thanks again and wish you a nice experience with your beauty journey! Best regards, REVOX B77 team Значи сепак добро е да се измие после неколку минути. Исто така (како хемичар) сакам да ви кажам дека хемиски пилинг може да се прави секогаш, не е точно дека се прави само во зимските месеци. Збориме за вакви хемиски пилинзи како овој на REVOX. Ако правите хемиски пилинг на дерматолог тогаш да се прави во зимските месеци затоа што они користат многу појаки киселини и целиот процес е многу различен. Хемиски пилинг не се прави секој ден. Најмногу два пати во неделата. Кога прв пат почнувате да правите хемиски пилинг секогаш се почнува полека. Прво се прави секако тест за сензитивност, ако е во ред се продолжува со ставање на лице. Првите неколку пати се препорачува да се држи 3-5 минути и да се измие па тек после да се држи 10 минути како што пишува на пакувањето. И нормално, секогаш се користи на добро исчистени лице. Исто така СЕКОГАШ, СЕКОЈ ДЕН без разлика дали излегувате надвор или не крема со фактор минимум 30 од сабајле на лице. Сончевите зраци се број еден причина за стареење на кожата и пигментација. Ако имате дополнитени прашања слободно обратет ми се. P.S. Извинете за долгиот пост.
Не сум нешто фасцинирана, јас користев. Скапи се, очекував барем ситна измена, но ништо. За прв пат го купив вит Ц на Витон, и по неколку дена приметив разлика. Имено, имам природно црвенило на кожата на лицето и имам акни на брадата, а и флеки од акни. Искрено ме приметија повеќе луѓе дека кожата ми изгледа исчистена и здрава. Иако не го користам само тој, но ми се допаѓа што екстра брзо се впива и можам по неколку минути крем да ставам, што не беше така со its skin. Скоро па ич не се упиваше.
Јас да, освен под очи, таму друго ставам. Го мијам лицето па со крпа малку го тапкам да не е целосно суво, ставам од серумот и плус на вратот, па веднаш ставам крем.
Почнав со користење на салицилна киселина, ја нанесувам навечер после двојно чистење, прскам активен кислород, откако ќе се исуши салицилна. Но, околу очите ми се појавува мнооогу црвенило, истото ми се случуваше и со соната. Денес нанесов пантенол околу очите пред салицилна и го избегнав тој дел, но пак ми се јави црвенило. Дали да продолжам, дали некој имал вакво искуство и како се справил?
Се исфрли ли некој од АНА пилингот? Мене првиот ден лицето ми беше топ, 4 дена подоцна изгледам како да треба да добивам
Избегнувај го тој дел, премногу е јака и го исушува осетливиот дел околу очите. Ставај од пантенолот неколку дена да се опорави кожата. Нанесувај од салицилната киселина само на акните и бубулици ако имаш и само на т-зоната не е за цело лице.
Би требало да е нормално првите неколку пати бидејќи нечистотиите излегуваат на површина. Ставај салицилна само на акните побрзо ќе ти заздрават.
Здраво девојки, дали може некоја да ми каже како да ги комбинирам салицилната киселина, ниацинамидот и хиалуронската киселина во дневна рутина?
Јас ја имам оставено цела ноќ, исто како ништо да немам ставено, не е истиот како на the ordinary, на revox ја користам еден месец скоро, но не гледам апсолутно никакво подобрување, не сум задоволна од овие серуми, но сепак од тип до тип на кожа е.