За баш сува кожа не е, но ако имаш акни ова е подобрите состојки за тоа, па најубаво е после ова да ставиш крема. Ова прави мала ексфолијација и помага при затнати пори.
Јас ги користам , имам комбинирана кожа склона кон акни. Серумот ми одговара многу за мојот тип на кожа, не е леплив, брзо се впива но не е доволно хидратантен па затоа скоро пред 2-3 дена почнав со користење на кремата но рано е за неа да кажам детално , до сега не ми предизвикала ништо и брзо се впие.
Салицилната ја имам користено неколку пати,и да и мене ми излегоа акнички ситни, како кожа боја. При првите користења имав само позитивни резултати, а сега не, ќе им дадам шанса бидејќи знам дека тоа е нормално. Користам и ниацинамид и не знам како ми реагира сеуште.. Следи на torba.mk кога ќе го имаат во залиха ќе објават на страната.
Серумот го немам користено. Ама за кремата не можам попозитивни коментари да дадам!!! Ја препорачувам на секој. Според состојките би требало да одговара на повеќето типови кожа. Лесно се упива, лесна е, многу фина текстура има. Ја препорачувам на секој.
Серумот е одличеееен! Го користам еден месец и презадоволна сум. Одма се упива, убаво хидрира и дава свежина на лицето
Здраво девојки, денес ги земав овие два серума,меѓутоа не сум сигурна дали го направив вистинскиот избор со hyaluronic acid. Имам мрсна кожа,а читав искуства дека дополнително ја мрси кожата. Какво искуство имате вие? Да започнам да го користам?
Леле немој само убаво изгледаат и прескапи се, има многу добри корејски серуми ама it's skin мене воопшто не ми се допаднаа, ни состав ни ефект. Го користам витамин ц и арбутин од It's skin и искрено сум пробала серуми кои многу подобро функционираат.
За hyaluronic adic не знам ама од салицилната можно е да имаш несакани ефекти и не се откжувај, дај му шанса. Пред употреба направи тест, може да си алергична и на двете.
Јас ги користам и двете. Искрено, мислев дека имам многу мрсна кожа и сватив дека ми била дехидрирана откако почнав да ставам хијалуронска (на влажно лице) и крема над неа. Помалку ми се мрси лицето и ми е одлична подлога за шминка. Салицилната ја користам навечер преку една вечер (немам заприметено да ме нафрлува дополнително ама секоја кожа е различна).
Вчера вечерта ставив од салицилната на внатрешниот дел на раката и се е во ред, истото го повторив утрово со хијалиронската,сега за сега исто така се е во ред. Ќе пробам,доколку не ми годи ќе прекинам.