Исчитав сѐ и решив да пишам. Наутро после измивање со мицеларна пена (може и друг чистач), поминувам со тоник па витамин Ц серум, крем за околу очи, крема и заштитен фактор 50. Навечер темелно го чистам лицето, пак тоник, па ниацинамид од Revox, крем околу очи, крем на цело лице и легнувам. Ја воведов салицилната од Revox, пред некој ден и таа планирам на 6 дена да ја ставам, нема потреба да се претерува секој ден. Инаку имам мрсна кожа. Чуда преку ноќ што и да ставате не се случуваат. Мора истрајност, посебно со Ц витаминот не може од петпати да има резултат. Тоа е непобитен факт. На почеток мислев дека нема фајде од Ниацинамидот и излегуваа некои бубулици, ама од инает не прекинав. После скоро два месеци има промена, не ми се исфрла лицето како порано и не е очајно мрсно, а за сѐ друго имам трпение и цела година ако треба за резултати. Она што сега го правите ќе треба време да се одрази. Инаку, секоја нова состојка наизменично ја додавав во рутината. Ништо одеднаш и не претерано. Во секој случај, читајте, истражувајте и пробувајте, нема генерално правило дека на сите исти работи исто делуваат. И заштитен фактор секогаш во било кое годишно време и без разлика на серуми и киселини! Се извинувам за долгиот пост.
Салицилна во комбинација со нијацинамид можи, прво ставаш салицилна чекаш околу 20-30мин па ставаш нијацинамид. За плус сона гел мислам дека не треба во исто време сите. Една вечер ставај салицилна+нијацинамид, друга вечер сона гел.
Дали ви светнува лицето по ниацинамидот? Дома сум цело време деновиве и го ставам насабајле, а потоа крем и забележувам како си се масти кожата. Ама светнувам ептен, а од кремата знам дека не е. Нормално е?
Мене баш не ми го светнува лицето во мисла да ми го мрси,баш напротив имам некој здрав сјај на лицетои мазна текстура. Премногу да не ставаш? Јас три капки ставам една на чело,и по една на образите
@Kimberly11 дали ти ги извади флеките на површина? Јас два дена го користам, ептен ми е мазна кожата ама имам и милион црвени поткожни точки.
Како мислиш флеките на површина? Јас почнав ниацинамидот да го користам од 16 мај во комбинција со сона гелот. Значи серумот сабајле а гелот навечер пред спиење. И одличен резултат имам за толку кратко време презадоволна сум. Ми останаа некои флекички од акните ама не се веќе црвени како што беа. Лицето е мн помазно,ми пишаа и некои членки дека треба многу трпение биди упорна сигурно ќе имаш резултат.
Исто прашував и јас, ама сепак ја купив хијалурноската. Не приметувам разлика во хидратација и мазнење (почнав да го користам пред една недела, па затоа), но мене не ми го мрси дополнително. Имам мрсна кожа на челото и брадата, а образите нормална.
Салицилна и ниацинамид се најубавата комбинација, јас искрено не би пробала така салицилна па после ниацинамид.. на утро ставам ниацинамид, а на вечер салицилна (преку еден ден или 3 пати неделно) и резултатите се супер. И јас користам салицилна кратко време и нешто невообичаено ми се случува, но тоа е нормално. Ако денес ставам салицилна утре лицето ќе ми е малку во полоша состојба, но задутре стакло... таква е реакцијата на салицилната и презадоволна сум, мора и на кожата да и дадеме време.
Комбинацијата на салицилна и нијацинамид ја видов на следниот линк, и кај мене досега нема лоша реакција. https://www.deciemchatroom.com/the-ordinary-congestion-look-of-blemishes-routine/
Јас вчера имав ден само за ниацинамид, а вечер само салицилна. Инаку, одма изгледа посјајно кожата после ниацинамид, ама треба временце. Од салицилната чекам резултати, ептен ми е нов производ. А ќе ви кажам, од маската за заштита ми се исфрла кожата на брадата.
Да се надоврзам, јас ниацинамидот кога го ставав наутро ми светеше лицето, плус и од хидратантна крема одозгоре, затоа сега го користам само навечер.
Девојки здраво , прееска ја купив салицилната на Ревокс , и сакам да ја вметнам во рутина , но ставам и нијацинамид . Дали е правилно од сабајле да го ставам нијацинамидот а навечер салицилната , и на колку дена да ја ставам? Фала ви
Прво на два дена почни, ама најпрво patch test напраи. На два дена па ако кожата ти изгледа добро без лупење / црвенила, можеш сабајле ниацинамид навечер салицилна
Да се надоврзам за ниацинамидот. Јас лично од серуми користам ниацинамид и хијалуронска. Наутро го мијам само со вода лицето па ставам од ниацинамидот и хијалуронската на REVOX па крема и SPF. Навечер правам double clensing, тоник, пак хијалуронска и ниацинамид и крема. Оваа рутина ја користам веќе еден месец. Инаку имам (имав) комбинирана кожа. Во текот на денот челото ми светеше како лампионче . Од кога почнав со рутинава ми се смени кожата буквално. Веќе не ми светнува лицето од ниацинамидот. Баш ми ја исконтролира продукцијата на себум. И плус приметувам дека некои дамки што ги имав ми се доста осветлени, не ми се скроз исчезнати пошо сепак е рано уште, ама ми се доста осветлени. Јас сум презадоволна од комбинацијава и баш позитивно изненадена од волку брзи резултати.