Ова масло на NIVEA го користам прво. Многу сум задоволна искрено. Нема парфеми, сите состојки се убави и баш убаво отстранува и шминка и пудри све. После се мијам со пена на BALEA. Спојлер: Спојлер
Ти благодарам многу Никако да најдам некое масло, па ќе го пробам сега ова Се наоѓа ли во ДМ и дали знаеш отприлика која му е цената?
Го има во ДМ да. А го има и по поголемиве маркети. Јас го земав конктретно од Веро и дури во Веро беше за некои 20-30 денари поефтино од ДМ. Иначе цената му е околу 319 или 330 денари не ме факај точно, али тука некаде. Не е скапо ич. А и малце се троши. Ја ставам по една ипол пумпица за едно миење а секоја вечер го користам еве веќе еден месец и ко ич да немам потрошено.
Здраво женски, нова сум во skin care и уште се ,,учам’’. Една недела скоро користам салицилна,ниацинамид, и хијалуронската,со тоа што еден ден навечер ставам од салицилната,а следниот ниацимамид,а наутро хијалуронската. Сакам да почнам од утре секој ден наутро да ставам ниацинамид со хијалуронска па сакав да прашам после колку време откако ќе ставам прво хијалуронската треба да ставам нисцинамид?
Салицилната киселина не се препорачува да се користи секој ден никако. Најчесто 2-3 пати неделно во зависност од колку ти поднесува кожата. Ако прв пат користиш јас ти препорачувам да ставаш еднаш во неделата, не повеќе. За да не дојде до премногу оштетување на кожата. Ниацинамидот и хијалуронската ги користам и јас. Презадоволна сум. После миење на лицето, на влажна кожа прво нанеси од хијалуронската па после од ниацинамидот. Јас измеѓу двата серуми чекам околу минутка да се упие па после го нанесувам следниот. Али по тој редослед, значи прво хијалуронска па после ниацинаммид. Skincare производите се нанесуваат по редослед од најтечно до најгусто. Јас ги користам исто секое утро и вечер и супер ми е кожава. Ама обавезно сабајле крема со фактор минумум СПФ 30 да ставаш. Hope this helps
Ќе ви се убацам у дискусија ама, леле јас ќе се улетав секој ден да ставам од салицилната. Имам читано во темава и не знам како сфатив дека може и секој ден. Инаку во прв план ми беше да ја ставам навечер преку еден ден, а деновите кога не ја ставам да користам витамин Ц навечер како и обично. Е сега, ми се истроши витамин Ц (го користев од Др. Витон) па си реков ајде ќе паузирам и така се истрошив на скинкер доста, па планирав салицилна секоја вечер. Добро што те читнав, мислам дека е во ред да ставам преку еден ден, два? А вечерите кога нема да ја користам, ќе ја ставам само вечерната крема на Revuele (која исто ја ставам преку ден и вака ќе терам додека не дојде дневната) без никакви серуми претходно. Инаку хијалуронската и ниацинамидот ги користам заедно сабајле. AHA серумот планирам еднаш неделно, тој ризично ми изгледа и не сакам да утнам работа.
Јас ја користам истата комбинација сона и ниацинамид 10 дена, лицето пред тоа ми беше почисто, секој ден ми излегуваат по 3,4 подкожни болни акни и гнојни ваљда од ниацинамидот бидејќи соната ја користев пред тоа месец, знам дека ниацинамидот прави puring и не знам дали да продолжам да го користам или едноставно не прија на мојата кожа :/ Дали и тебе на почетокот те исфрлаше и потоа се смири?
Јас ја користам салицилната киселина преку една вечер, наизменично со ниацинамид. Кај мене нема никакви несакани ефекти, дури и кога ја користев секој ден. Витамин Ц користам наутро бидејќи така забележав дека има најдобри резултати. Кога користев ниацинамид наутро лицето многу ми се мрсеше.
И јас ја терам оваа шема. Наутро вит ц. Навечер нисцинамид и салицилна наизменично преку еден ден. Плус аха еднаш неделно која моментално ми е потрошена и ја немам Сакам да го вметнам сега и hyalurionic acid +b5 ама незнам кога би го ставала...
И јас користам аха еднаш неделно. Хијалуронска можеш навечер пред ниацинамидот. За наутро во комбинација со витамин ц не сум сигурна
Супер штом немаш несакани ефекти, но салицилната е многу јака киселина и контакт со сонце несакат многу... би ти рекла да ја ставаш пред спиење.
Ајде кој има време да ми одговори на неколку прашања Почнав со користење на хијалуронска пред две недели, ја ставав наутро. За чистење ја користам на Балеа розовата линија т.е. пената и тоникот. Наутро чистам само со тоник, ставам хијалуронска, па крема Балеа Мед и на крајот Еуцерин Sun Fluid. Навечер мијам со пена па со тоникот поминувам и само Балеа Мед крема ставам. Е сега, синоќе ставив прв пат салицилна, немав никакви проблеми. Сега планирам 2-3 пати неделно да ставам салицилна и хијалуронската да ја ставам по неа, а за наутро да почнам со вит Ц. Може ли ваква комбинација да правам? И уште нешто.. за Double cleansing колку што разбрав ќе треба да вметнам и маслен чистач. Тоа би требало да оди во вечерната рутина односно маслен чистач-пена-тоник-салицилна-хијалуронска-крема. Добро ли сум разбрала? И дајте совет за крема со СПФ ама полесна некоја, да не е тешка на лицето.
АHA серумот и салицилната ти се у принцип "исто", односно двете се хемиски пилинзи. Разликата е што AHA (alpha hydroxy acid) киселините имаат помала молекулска маса и работат на површината на кожата. Ако те интересира хемиски, отстануваат јони на калциум од врските што ги држат клетките на кожата заедно, со што ги ослабуваат врските и овозможуваат да се направи ексфолијација. Салицилната има поголема молекулска маса од повеќето AHA киселини. Со самото тоа таа навлегува подлабоко во порите и прави потемелно чистење. Највеќе се препорачува за лице склоно кон акни. Меѓутоа, во секој случај кога прв пат се почнува со користење се препорачува да се почне полека со постепено зголемување на честотата на користење. Прво неколку месеци по еднаш неделно па после да се зачести. Во никој не случај не се препорчува да се користат секој ден затоа што со тоа се прави претерана ексфолификација на кожата и се оштетува природната бариера. Секоја кожа и лице се разлнични. Во темиве можеш и сама да видиш дека има членки што користат преку еден ден, некои секој ден некои еднаш неделно. Битно е да си ја слушаш кожата и да видиш тебе како ќе ти реагира лицето. Ако ти се појави перутање, сушење, црвенило, сензитивност значи дека пречесто ја користиш. Ако немаш никакви проблеми можеш и почесто. Никој не може да ти каже колку често да се користи ама препораките се да се користи навечер еднаш неделно или 2-3 пати во неделата. Да убаво си разбрала . Хијалуронската можеш да ја користиш со салицилната и со сите други серуми. И на сабајле и навечер. За double clensing да треба прво да одиш со маслен чистач, па со пената. Double clensing се прави навечер, и тоа е прв чекор во рутината. Тоникот многу зависи што состојки има и за која намена е. Ако е за чистење на лицето, може во составот да има салицилна киселина и други киселини па можеби со секојдневна употреба да направиш оштетување на бариерата. Ако е хидратантен тоник тогаш можеш да го користиш секој ден и баш ќе ти помогне другте ствари што ги ставаш да се впијат поубаво во кожата. Значи у принцип зависи за каков тоник станува збор. Салицилната стави ја, остави ја да делува не повеќе од 10 минути, исплакни го лицето со вода и на влажна кожа нанеци од HA па од кремата. Наутро можеш исто после миење да ставиш прво HA па витамин Ц. Видов дека го користиш тој на Др. Витон. Ти препорачувам да си го земеш тој на РЕВОКС затоа што е многу многу подобар. За СПФ крема јас ти ја препорачувам таа на PURITO. Ја има во продавниците на бебехоме и на нивната страна. Има тема на форумов за СПФ креми, отвори ја таму ќе најдеш доста информации околу тоа.
Јас искрено забележав резултати и салицилната и од ниацинамидот. Треба само упорност и трпение, не може за една недела да се избелат флеки или да исчезнат акните. Според мене вредат производиве. Сега бидејќи не смеам да ги користам ќе ја пробам хијалиронската.