Витамин Ц го немаат воопшто донесено во Дм,можеш да го нарачаш од torba.mk,таму видов дека го има. А Niacinamide го има ама сигурно им снемало залихи.Баш пред некој ден другарка купи
Јас ја купив салицилната пред некое време, видено од kattzia, и баш прочитав коментари кај неа дека може да се користи секоја вечер пред крема ако не е чувствителна кожата, па засилена така и направив меѓутоа се исфрлав такви ситни бели акни не знам точно каков тип се и решив да ставам 2 пати неделно и засега е добро ќе видам на подолг рок какви резултати ќе има.
Не е препорачливо да ставаш секој ден ако нема потреба,истата делува на акни ги суши побрзо и снемуваат,доколку немаш ништо на лицето не ја користи секој ден,наместо тоа користи хидратантен серум,серум за регенерација тие денови во комбинација со крема
Доколку имаш проблематично лице, ништо не би ти препорачала да користиш на своја рака. Прво консултирај се дерматолог, не се ставај на ризик да ја влошиш состојбата.
Ептен проблематично можам да кажам и порано имав проблем ама од како се породив бааги ми е влошено.. Дојам и не се осудив ништо да користам, се тешев хормонално е и ке помини, ама гледам тешко дека ке помини само по себе Фала ти
Јас зедов на ревокс аха 30% и после читам никој не препорачува користење на толку јака киселина на своја рака И магнолија ја прашав исто не ми препорача, пошо прејака била.. Кажете искуства некој ако ја има користено подолго време незнам дали да продолжам, а лицево ми е катастрофа со акни И јас го зедов ама не се осудив да го користам. Стварно не ми е јасно како се продава со препорака за често користење по 4-5капки, а е прејак. Никаква препорака нема за миење или преноќување со него. Јес да и не треба се што ке видиме да ставиме на лице, ама овде нешто не ми штима, оти никој друг не препорачува користење на аха ацид појаки од 10-15% макс
Консултирај се со дерматолог, има шанси да е хормонална причината. Ако немаш испитано хормони периодов и тоа ќе ти предложи. И јас испробував секакви глупости и само полошо беше. Мора консултација, преглед, соодветна терапија, здрав начин на исхрана и живот и ќе се подобри ситуацијата. И најважно позитивни мисли, знам тешко е и не е сеедно кога се соочуваш со акни но трпение и најважно, барање помош од стручно лице.
Здраво! Ми треба мислење од некоја од вас која има користено серуми од The Ordinary или Just Revox за мрсна кожа. Колку што читав, најдобро е да се користи Ниацинамид 10%. Дали истиот ви помогнал или можеби некој друг (на страната на ДМ кај Just Revox имаат објавено повеќе што наводно помагаа за контрола на излачување на себум притоа тоа се Слицилна киселина, Ниацинамид и Скволен, еве линк https://www.dm.mk/marki/ekskluzivno-vo-dm/just-revox). Ме интересира и дали ги користите секојдневно (со ставање 4-5 капки на чиста кожа) и дали можеби сте имале некое негативно искуство со истите. Досега немам користено па секое мислење е добредојдено.
Аха се користи во зимски месеци кога не се изложуваш на сонце, сега ама ич. Плус општо во летен период киселини не се препорачливи особено не толку јаки.
Si koristam silicilna kiselina veke edna nedela sekoja vecer plus blend oil i nautro stavam coenzyme q10, stavam po 4 ili 5 kapki.. Nemam nikakvi iritacii sega za sega e se okej cak sto vise i mi se iscistija nekoi mali akni.. Go naracav za majka mi, go koristi nekolku dena navecer po 4 kapki bez izmivanje na liceto i nema nikakvi iritacii
Почни од на есен. Хијалуронската мислам дека може. А за аха и бха сум сигурна дека смеат само во зимски месеци.
Не не мораш, туку НЕ СМЕЕШ преку ден да го користиш ова. Не смееш да се изложуваш на сонце дури и ако навечер нанесуваш од ова, и мора да се користи крема со заштитен фактор за да не ти изгори лицето. Значи не е работата стави еднаш навечер и готово, си завршил работа. И не смее да се остава на лице толку силна киселина, пак ќе кажам, ниту да се користи па и неколку пати во неделата, боже мили, опасно е не знам што е толку тешко да се разбере. А вие како сакате така правете, само немој после да биде наздравје изгореници од прв степен, па да кукаме по теми и да плукаме по сите како и обично.
Значи јас кај што го нарачав серумот се распрашав како се користи АХа ацид, потоа пробав на лакт како што пишуваше дали ке има некоја реакција за 24 часа но немаше и според тој начин и нанесов од серумот на мојата мајка и како што кажав го користи само навечер зошто преку ден лицето се изложува на сонце, пред да се нанесе серумот прво се мие лицето па се чисти со тоник, се нанесува аха ацид 4-5 капки и се масира лицето за да упие убаво серумот, кога ке упие серумот се користи ноќна крема, наутро кога се станува исто се мие лицето па потоа се чисти со тоник и се нанесува крема со заштитен фактор а ако не се изложувате на сонце ако сте дома може да си користите обична дневна крема. Значи јас пишувам според мое искуство за серумот кој е користен веке некое време и нема никакви иритации а секој си има свое мислење,јас само дадов совет.
Значи, ние тука вергламе во празно веќе со месеци, нема реакција на лактот па супер, ќе се мачкаме и сè ќе биде супер. Секој си има мислење не важи во случајов, затоа што ова не е кремичка обична за лице, ниту пак обичен хидратантен серум па употребата да се сфаќа ноншалантно и вака буквално од ракав да се даваат информации дека „ете, нема иритација, не е опасно, навалете народе.“ Последен пат ќе напишам, кој како сака така нека прави, ваши си се лицата, вие си ги носите па вие одлучувајте си, ама немој после - изгореници, мене кожата вака, мене така. Алфа хидрокси во раствор со концентрација од 30% е прејак да се користи толку често и прејак за да се остава да се „впие“ во кожата. Не знам веќе со кои зборови да објаснам и да доловам дека тоа што го правите и пропагирате е навистина опасно. 1. Не се користи толку често уште на самиот почеток, на кожа која претходно не била третирана со вакви јаки продукти. 2. Аналогно на тоа па, колку време и да го употребуваш, нема ни поента, а ни потреба да се користи повеќе пати неделно затоа што тоа не е обичен серум. 2. Во таа концентрација од 30% едноставно нема поента да се остави да се впие во кожата, па не навечер, кога сака нека биде нанесен, премногу е јак за да се остави да отстои. Знаете ли воопшто колку е опасно тоа за лицето? Ќе си ја нарушите природната ph-вредност на кожата, а после тоа нема враќање, едноставно ќе биде предоцна за сè. Со среќа нека е ваквата употреба со оставање „серумот“ да си се упие на долг рок, а нус-појавите не се забележуваат преку ноќ, само тоа ќе ви кажам.