Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. YasMazza

    YasMazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Имаше пишано за тоа дека може, ама дека треба размак од 30мин.

    https://www.instagram.com/p/CAqGmAKnkMn/?igshid=lh20u7maniua
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.882
    Допаѓања:
    4.624
    Пол:
    Женски
    Дилема....
    На Deciem ги читав сите серуми со Ц-витамин на The ordinary, и без разлика на концентрацијата на Ц-витаминот, на сите го пишува следното:
    "Directions: Apply a small amount to face in the AM or the PM (PM preferred)".
    Моиве се на Revox, таму па пишува за Ц-витамин дека е денски серум.
    И сега? Дали е подобро наутро кофеин серум, па нијацинамид, хидратантна крема па спф крема ; навечер да го ставам витамин Ц +ноќна крема?
    Или да си терам како што почнав, Ц преку ден, а нијацинамидот навечер?
    Тешки маки :D
     
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Пишувам после месец дена користење на нијацинамидот :D многу сум задоволна,има разлика,лицето помазно,пудрата убаво легнува на лице, и ми е исчистено.
     
    На fana, Gi.ir.ll192 и DaisyDream им се допаѓа ова.
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Терај како што си почнала, ц преку ден, ниацинамид навечер.
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Мене ме интересира дали некоја имала слично искуство и дали е ова ок.
    Од скоро го исчистив лицето од акни и последно го земав Ревокс серумот салицилна киселина.
    За само 5 користења лицето ми сјае и не ми се масти, но ми излегоја на површина доста бубулички што ми биле поткожни, површински или долго ме мачеле и сега се сушат. Исто и со флеките.
    Дали е во ред салицилната да ги поттикне да излезат на површина и сега да се лечат? Не се премногу и ниедна од нив не е страшна, но стравувам бидејки имав да речам почисто лице пред користењето. Додека пак црнките ми ги извади толку на површина и ги отстранив, да тие места буквално ми обелеја, презадоволна сум.
    Сепак напоменувам пак, само 5 користења до сега, секоја втора ноќ.
     
    На Gi.ir.ll192 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Пишав и претходно мислам, и мене ми ги извади акните, ми созреаа и излезе гнојот од нив. Имам уште две три останати, но при крај се и тие.
     
    На fana, kitty.lover и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  7. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Тоа е purging фаза, ги вади сите надвор , па ги суши
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Гледам и девојки на моја возраст (21 година) користат хијалуронска киселина па се спремав и јас да ја купам. Пред тоа бев во аптека за спф и фармацевтката кога ми одбираше по состав ме праша за години и ми рече дека не ми препорачува одредена крема затоа што содржи хијалуронска киселина. Понекогаш кожата знае да ми е ептен сува околу носот и на челото па не знам дали да купам хијалуронска или да терам со кремите за хидратација што ги имам?
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Хијалуронската киселина само помага да се задржи влажноста на кожата, само кај нас за жал ја претставуваат како некоја посебна состојка против брчки, што не е така. Купи си слободно, но обавезно врз неа крема доколку се решиш за серум. Ако има во самата крема тогаш ти е доволно сега за сега.
     
    На Ljubovce 99, ludamaja10, kostovaivana и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Мене не ми е јасно како и дури фармацевт до толку неук е да ти каже дека хијалуронската не е добра.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Има такви што завршиле факултет и тука останале со знаењето. За жал некои не се интересираат да се надградат и да бидат во тек со поновите истражувања. Јас имав рецепта за Роакутан и девојката поима немаше што е тоа иако и кажав да пребара и како Акутан, па и кажав дека е тоа е вит. А итн. и на крај видовме дека нема. Не е важно, преминав на друга тема :D
     
    На poppie и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  12. Minniie.s

    Minniie.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    наутро ли го користиш? и дали го користиш во комбинација и со друг серум на Revox?
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Da nautro,inace ne samo niacinamidot go koristam i navecher sona gel
     
    На Minniie.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Лелеле смешки..
     
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Не рече дека не е добра, рече дека не е за мои години.
     
  16. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Имам скоро 30 години и ми препорачаа да го купам серумот со хијалуронска киселина. Го нанесов неколку пати, но ми се исфрли лицето. Дали некоја од вас имала слично искуство?
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Немав такво искуство но го гледав James Welsh кој имаше такво искуство. Тој забележал дека и во другите производи што ги користи има хијалуронска што допринело да користи всушност многу и да се исфрли. Мислам дека на кожата и треба неколку дена да се привикне, а и можеби ставаш поголема количина од што треба. Исто така важно е да ставиш крема врз неа, во спротивно ќе ја собира влажноста од твојата кожа и со тоа може да се исуши и иритира.
     
    На ludamaja10 и Ladybug2436 им се допаѓа ова.
  18. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Која е разликата меѓу Revox & Ordinary?
    Читајќи ве Вас овде, планирам од Октомври да почнам да ги користам :)
     
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Едните се поефтини, другите поскапи и едните ги има во мкд, другите не. Јас искрено задоволна сум од Ревокс и не би ги сменила за Ординари.
     
    На Gi.ir.ll192, ludamaja10, Ygritte и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Мислев дека има разлика во составот, и слично. Ординари знам дека ги нема овде...Ревокс мислам ги има во ДМ...Ти благодарам за брзиот одговор.
    Додека одев на третмани за акните, дерматологот ги користеше оние на Хаушка, ама мене ми се скапи за приватно јас да ги користам.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.