Heey gurlssss Од пред 2 месеца почнав да користам ниацинамид, прво од Revolution сега од TO, и има ефект при намалувањето на лачење на себум. Од скоро ги вклучив AhaBha од ТО и вит Ц серумот од Dr. Viton. И има подобрување во текстурата на кожата. Сега купив од Revox салицилна и азелеинска киселина и не знам како да ги вклучам во целата рутина дане утнам па да си направам проблем. Ми требаат за исчистување на црнките и избелување на флеките од акни. Помош?
Салицилната не би ти ја препорачала овај период (лето) и прочитај на страна на The Ordinary и Revox за кое со кое може да се комбинира, и да СПФ крема обавезно. Дали има видна разлика на ниацинамидот на TO и Revox?
Користам спф 50 секој ден обавезно и навечер двојно чистење. Од ревокс го немам пробано ниацинамидот, од револушн беше првиот, и тој делуваше, не беше толку леплив како овој од ТО, полесна текстура некако има. Ама пак од него лицето ми имаше некој сјај од кога ќе се упие, а од овој на ТО немам.
Веројатно членката сфатила дека користење на BHA киселини ја зголемува осетливоста на сонце, но тоа важи само за AHA киселини. Слободно користете салицилна во лето
Здраво женски, јас имам суво лице, но големи пори и црнки, со периодични хормонски акни и акни од стрес. Сакав да нарачам од ТО серум со хијалуронска киселина, но поради ситуацијава некако ми беше шубе да не не стигне. Затоа решив да го пробам серумот на Revox со хијалуронска киселина. Ова ми е трета недела со користење. На сабајле - го чистам лицето со розова вода, па со 3 во 1 лосионот од Авон, па нанесувам од серумот на малку влажно лице. Потоа ставам хидратантен крем, а половина час пред да излезам ставам крем со УВ фактор 50. Ако се шминкам, тоа го правам по факторот нормално. Навечер, ако имам шминка со бебешко масло ја чистам, потоа исто како на сабајле розова вода + 3 во 1 лосион, па серумот и на крај ставам Нивеа класичен крем, помрсен е, за да ја задржи водата во кожата во текот на ноќта. Со оваа рутина за неполна недела ми се исчисти цело лице (ја почнав во период кога имав хормонски акни), порите ми се намалија и лицето ми е како бебешко газе. Сега за сега од мене за Ревокс серумот со хијалуронска киселина
Јас пишав бидејќи не знав како да ги комбинирам салицилната и азелеинската, AHA BHA пилингот 1 до 2 пати неделно го користам, салицилната ми треба за да ми исчисти црнки, а азелеинската за пигментациите и флеките од акните што ги имав... дали можеби можеш да ми предложеш како да ги комбинирам? Фала
Па да затоа ме зачуди, иначе сите киселини може во било кое време да се користат само доколку се користи и заштита од сонце. Обавезно заштита од сонце и ако не се користи киселина.
Нема користено ништо од Revox, а гледам добри критики. Па сакам да прашам совет некој за проширени пори на лицето? Кој серум би го препорачале?
Ниацинамидот се користи и за намалување на порите. Со другите немам искуство, освен него и хијалуронската, во таа комбинација имам ефект за порите и општо изгледот на кожата. Е сега мене ми е чисто лицето, нормална кожа накај сува, не знам каква кожа имаш може ќе ти препорачаат девојките со повеќе искуство и некој друг серум.
Комбинирана кожа имам, т- зона мрсна. Немам проблеми со акни, флеки... Единствено порите што ми се проблем ( не многу али ме нервира) и розацеа што некогаш многу повеќе ми се познава.
Го има на torba.mk, ама не знам дали го има во некој dm за да не порачуваш онлајн. Не сум го пробала јас лично, така што не би можела да ти кажам искуство, ама не би требало да ти влијае лошо. Ако прочиташ во описот, сосема спротивно дејство има azelaic acid и штом се препорачува за кожа со розацеа, значи е безбедна за чувствителна кожа и има еден куп придобивки покрај смирување на кожата. Сум слушнала само дека azelaic acid од The Ordinary не им се допаѓа многу на луѓето заради текстурата на самиот производ, но не мора да значи ништо тоа во однос на REVOX .
Hello Во утринската рутина користам крема за миење од BaleaMed, активен кислород, хијалуронска од Revox и дневна крема со спф15. Навечер мицерална на Оливал, кремава за миење од погоре, тоник Afroditа, активен кислород, ниајцинамид од Revox, Peptides исто од Revox i ноќна крема. Два пати во неделата салицилна ставам навечер.....исто од Revox. Оваа рутина ја користам веќе два месеци и освен помека и поосвежена кожа друго нешто специјално не осеќам. Флеките се сеупте тука. А нијанинамидот за тоа го користам највеќе. ок, и дека акните што се појавуваат не траат со денови од салицилната. Мислам дека Revox како бренд се сосема обични не толку спектакуларни. Колку пари толку музика Можеби грешам, можеби треба барем 3 месеци да ми поминат од рутината....