Од REVOX велат дека нијацинамидот и витаминот Ц треба да се користат во различен дел од денот. Јас би пробала витамин Ц наутро, а нијацинамид и azelaic acid навечер. Можеш azelaic acid и наутро, заедно со витамин Ц. Во суштина, одбери во кој дел од денот ќе користиш витамин Ц, а во кој нијацинамид и само додај ја azelaic acid на било кое од нив. Во секој случај, задолжително мора да се стави крема со СПФ минимум 30 наутро. Исто така, не очекувај драстични резултати за избледување на флеките веднаш; флеките се создаваат многу долго време (не се ни гледа со голо око кога почнуваат да се создаваат), па и потребно е многу долго време за да избледат. Со постојана и редовна употреба ќе видиш позабележителни резултати по месеци, ако не и повеќе. Кај секој е различно, само ти кажувам однапред да не очекуваш брзи резултати и да не се откажуваш веднаш бидејќи за ова треба многу време и конзистентност. Исто така, не ги вметнувај сите наеднаш, давај си 7-10 дена (ако сакаш и повеќе) пред да додаваш нов производ. Доколку ти реагира негативно кожата на некој производ, ќе знаеш од кој е. Важи и обратното, ако забележиш драстично подобрување, ќе знаеш од кој производ е, или барем од која комбинација на производи .
Имам комбинирана до мрсна кожа склона на акни. Купив нежен гел за измивање (од дм балеа мед ултра сензитив), ниацинамид, салицилна и хијалуронска. Наутро измивам ставам ХА, ниацинамид и хидратантна крема. Навечер измивам и салицилна, секоја вечер(планирам да намалам на 3 пати неделно). Лицето многу ми се расфрла (повеќе од обично, но помали бубулици за разлика од порано кога беа цистични, старите скоро и да ги нема но новите се многу побројни), од што може да ми е?
Од салицилната кислевина бидејќи навлага длабоко во кожата и на тој начин функционира што акните кои треба да излезат за некој ден со помош на кислелината излагаат побрзо.
Фала ти! Читав за purge фазата, сакав уште едно мислење. Но, прочитав дека разликата меѓу purging и исфрлувањето е тоа што за првото искачаат бубулици каде и иначе ти ислачаат, а второто е ако ти искачаат каде што обично си немал порано. На чело милогаш не сум имал а сега да Во секој случај ќе оставам да помине повеќе време, бидејќи поминаа само 2 недели.
@Semirr, некои луѓе се жалат дека и од нијацинамидот им се нафрла лицето, така што добро е да го имаш тоа предвид и да пробаш некој период без нијацинамид .
Зависи колку години имаш!? Ако си 30+ би ти го препорачала филеров од Natura Siberica, посебно е добар за брчки околу усни(за под очи не сум сигурна) ги "потполнува" после извесно време.
Здраво. На витамин ц кога го отвори од пакувањето дали беше проѕирен или жолчкаст? Таков е мојот и помислив да не е оксидиран, а денес го отворив. Фала
Мојот серум Витамин Ц е портокалов по боја, а не се сеќавам баш каков беше кога го отворив, мислам дека беше малку посветол. На други кои го користат читам дека е жолт по боја, баш ми е чудно, мојот е портокалов и тоа темно портокалов...
Друга разлика меѓу Purge и breakout е исфрлањето ти има по иритирани и болни акни во споредба со purge.
Кога правите пилинг навечер, почнувате прво со пилинг или со двојно чистење? И прашање до оние што користат ниацинамид и салицилна во иста рутина, што ставате прво од двете?
Епа баш такви ми се, баш утрово се чудев зошто толку болат. Совет што да направам? Да го исклучам нијацинамидот или салицилната од рутината? Или да не ги користам двете некој период?