Мојот е светло жолт, а само шо го отворив пред 2-3 дена, таков беше и при отворањето. Каква е оригиналната боја, знае некој?
Користи ја салицилната навечер, а сабајле нианцинамидот пробај да мешаш 2-3 капки со кремата па нанеси ја. Може да ти е од нианцинамидот премногу висока концентрација. Може и да е салицлината кожата да се навикнува на киселината, мене на The Ordinary салицилната ми даваше такви првите 2-3 пати користење ако се сеќавам убаво.
Фала на советот, прекинав пред три дена да го користам ниацинамидот и лицето ми се врати у нормала. Поздрав! Мислење? Состојки: Aqua, Urea, Glycerin, Caprylic/ Capric Triglyceride, Cetearyl Alcohol, Glyceryl Stearate, Ceteareth-20, Sodium Hyaluronate, Collagen Amino Acids, Phenoxyethanol, Allantoin, Acrylates/ C10 – 30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Triethanolamine
Личи добро, можеби само проблем уреата дека на некои им предизвикува иритација. Плус бидејќи не е напишано (на пакувањето, немам побарано на интернет дополнително) колкав е % на уреата би го прескокнала, имаше некој си лимит (некаде 3% некаде 10%) поставен од организациите. Покрај тоа личи интересно. Го има на торба.мк?
Служи за намалување на црвенила и смирување на кожата, особено на кожа со розацеа. Исто така има и благо ексфолијациско дејство, но е многу нежна и е погодна дури и за чувствителна кожа. Може да се користи со сѐ, освен ако не почувствуваш дека би ти било премногу со сона (ретинол), што не верувам .
Цитирано од друга тема. Планирам да ја префрлам хијалуронската навечер, пред салицилната а сабајле да остане само ниацинамидот. Исто планирав да накачам користење на AHA од еднаш на двапати во неделата. 5 недели ги користам серумиве но не сум сигурна дали е рано за модификации, битно кожава не се жали. А СПФ-то некако не ми се свиѓа веќе. Сакам да го заменам со некое со приближна цена кое нема да ме матира ниту пак да ме мрси ептен.
Да, го има. Зошто не од Ревокс? Прашувам затоа што и јас имав проблеми со тој, па се мислам сега дали да порачам од The Ordinaty или до самата состојка ми е.
Па не му е примарната улога да хидрира, ама ако ти се допаѓа и не чувствуваш дека е премногу, зошто да не .
Се надоврзав за подочниците дека ми се избелени од ниацинамидот на Д Ординери. Јас немам проблем со самиот производ.
Да не го зема, да споделиш импресии? Каква му е структурата, како гел, крем? Планирам да го земам овој производ и азелаинска киселина и да ги вметнам во рутина. За витамин Ц на Ревокс веќе пишав погоре дека мојот има темно портокалова, кон кафеава боја, што најверојатно значи дека оксидирал. Проблемот е што јас веќе некое време го користев таков, прекинав од пред неколку дена. Мислам дека мене пребрзо ми оксидира серумот, неколку дена после прво отварање. Дали нешто грешев јас, не знам. Го чував во шкаф во wc, на темно. Како и да е, не би го земала пак поради брзата оксидација, а и структурата некако не ми се допаѓа, премногу лепливо го осеќав лицето после примена.
Не ја земав јас, но еве одговор од член од друга тема каде што го поставив истото прашање: Линк до темата: https://forum.femina.mk/threads/Каква-крема-за-лице-користите.1652/page-274