Ме натера да го проверам и мојот, оксидирал. Еден месец е отворен, стои на темно. Многу брзо некако... Не би го земала и јас пак, многу леплива структура има. Затоа и не го користев, па не му ја имав забележано бојата... Нека сподели некоја членка што користела од друга фирма, дали е истиот случај?
Јас како што читав, сите оксидираат. Затоа и препорачуваат да се земе во прав, па директно пред ставање да се меша со крема. Ама ова за веќе искусни се препорачува, за да знаеш како да дозираш. Или па единствено да се најде некој со пумпица оти така не влегува воздух. Ма да не знам дали и постои таква варијанта.
Јас ја нарачав Азелаичната киселина од Revox бидејќи претходно ја користев таа од The Ordinary ама сега скоро секаде е sold out и не можев никако да ја купам па решив да ја пробам оваа од Revox. Имам ставено 5-6 пати и можам да кажам дека добро се впива во кожата и го намалува црвенилото и не ми предизвика никаков несакан ефект. Единствено нешто што го забележав е дека во споредба со таа од The Ordinary, на оваа и треба повеќе време за да го намали црвенилото, односно треба да ставам повеќе пати, а со таа од The Ordinary ефектот беше видлив уште по првите 20 минути. Во врска со твоето прашање дали може да се користи со Сона и Ниацинамид, со Ниацинамид може да ја користиш но со Сона воопшто не е препорачливо, затоа што може да ти ја иритира и исуши кожата. Најдобро е да се користи навечер, а ако се користи на сабајле тогаш мора да се стави и крем со SPF бидејќи сепак е киселина и ја прави кожата исклучително чуствителна на сонце. Азелаичната киселина не се користи за хидратација туку како нежен пилинг за кожата, а истовремено помага да се одзатнат порите и осветлува лузни, хиперпигментации и црвенила.
Ја користам салицилната веќе 6 недели, скоро секој ден. Промена имам - во однос на текстурата на кожата. Пред да почнам да ја користам салицилната ми беше непријатно да искочам и до маркет без шминка заради кожата, а сега веќе не ми е. Како и да е, за таа цена (околу 300ден.) производот е супер и пак би го купила. Спојлер *на двете слики имам пудра, но се гледа разлика.
Ја нарачав таа azalaic acid 10% од торба.мк дека во дм не ја најдов. За колку дена ви стигаат нарачки?
@inception Eucerin Hyaluron Filler Booster со витамин Ц, пакувањето мислам дека е баш такво со пумпица и содржи витамин Ц во прав кој при прво отварање се меша со остатокот од формулацијата. Прашање имам за кремата на Revox со колаген, аминокиселини и хијалуронска киселина, дали би се употребувала пред или после нијацинамид? Исто и за азелаинска киселина, гледам дека во составот има силикони, значи би требало да се аплицира на крај на рутината, после сите серуми и креми?
Го разгледав сега, само не сфатив дали пред секое нанесување се меша одредена количина или еднаш го мешаш за целото шише? А најдов и на Пурито, со пумпица е серумот и по некоја логика треба помалку да оксидира.
Одеднаш се меша за целото шише, всушност тоа е мало пакување и се користи во рок од три недели. Имаш такво поединечно пакување (со едно) околу 1000 денари и пакување со три (околу 1800 денари).
Девојки, имам неколку прашања. Започнав со користење за почеток 2 пати неделно една вечер гликолна една вечер салицилна киселина, а сабајле ставам витамин ц и крем со заштитен фактор, но ме буни бидејќи на амбалажата на вит. ц пишува да се користе 7-10 дена после користење на салицилната киселина, а секаде читам дека може да се користи секој ден само не во комбинација? Инаку вит. ц има жолтенико портокалова нијанса дали значи дека оксидирал? Дали е штетно доколку така се користи или е без ефект? И уште оваа дали киселините ги миете после нанесувањето, бидејќи на амбалажата пишува да се остави да се апсорбира, а некаде прочитав не се оставало киселина на лицето.
Ако е жолтеникав не е оксидиран, кога ќе стане темно портокалов значи дека оксидирал. Оксидираниот серум има намалена ефикасност, а за штетност не сум сигурна, лично мене ми правеше црвенило на образите. Киселините не се мијат после нанесување.
REVOX „играат" ептен безбедно и даваат препораки за можноста за иритација да е еднаква на 0, па затоа и препорачуваат чекање од 10-тина дена после користење на гликолна или салицилна киселина. Доколку го користиш нивниот серум AHA 30%, тогаш поради јачината на AHA и веројатно подолготрајниот ефект што ќе го има, можеби би било добро да почекаш ден-два, па да ставиш витамин Ц. Ако немаш негативна реакција или продолжи така или следниот пат пробај да ставиш витамин Ц веќе следниот ден. Така ќе знаеш дали ти издржува кожата или не. Ако имаш пак негативна реакција и по ден-два, тогаш стави и подоцна. Со салицилната мислам дека е ок да го користиш витамин Ц и во ист ден, но во различен дел од денот. Во реалност, при користење на други (послаби) AHA серуми, веројатно е ок и да ги користиш во различен дел од денот (како што се користат еден куп други витамин Ц серуми во комбинација со AHA/BHA), а има луѓе со толку отпорна (или навикната на производите) кожа, што можат да ги користат и заедно. Но, и овие две работи што ги споменав се индивидуални. Сепак, поради поголем ризик за иритација, се препорачува одделно, иако не сум слушнала за друг витамин Ц серум и производ кој препорачува да чекаш 10 дена. Како што кажав, мислам дека REVOX одат на ептен сигурно и го препорачуваат тоа бидејќи нивниот AHA серум е пресилен. Што се однесува до тоа дали е оксидиран, или нека ти каже некоја друга членка дали можеби кога го купила серумот имал уште посветла боја од твојата, или провери низ темата, можеби некој веќе пишал за тоа. Во глобала, мислам дека невозможно е да искористиш било кој витамин Ц серум без ни малку да оксидира, мислам дека кога ќе го дотрошуваш, ниеден нема да ја има скроз истата боја ко на почеток. Така што веројатно е ок во дозволени, мали граници и да стане со портокалова нијанса, а за да видиш што е премногу, побарај видеа на YouTube, прикажуваат како изгледа кога ептен оксидирал и веќе е неупотреблив. Што се однесува до тоа дали е без ефект и штетно ако е таков, да, за двете. Ама како што ти кажав, скоро невозможно е барем малку да не оксидира и мислам дека тоа (повторно, во мали граници) не е страшно. За сега и за во иднина кога ќе купиш пак витамин Ц серум, гледај да го чуваш во некоја фиока, на темно и ладно место, дури и во кутивчето со кое доаѓа и минимизирај го времето кога е отворен. Значи, стави неколку капки во раката, веднаш подзатвори го колку што можеш и откако ќе го нанесиш на лице, убаво достегни го за да влегува што е можно помалку воздух. А потоа, како што ти кажав, чувај го во темно и ладно место, надвор од топлина и светлина, бидејќи најбрзо се разградува. Мислам дека можеш дури и во фрижидер да го чуваш (како и било која друга козметика), ако сакаш (но не мора). Киселините претежно не се мијат од лицето. Салицилната киселина најчесто се продава во концентрација од 2% и дури и производи со 4%, 9% проценти салицилна киселина не се мијат (иако 9% се става само на мозолчиња, црнки и сл., не на цело лице). AHA (glycolic, lactic acid) исто не се мијат, освен ако не се со превисока концентрација (мислам дека над 20% или 30%), но тие се поретки производи. Гледам дека на серумот на REVOX не велат дека треба да се измие, ама сум видела производи со 25% или 30% AHA што бараат да го оставиш производот некое време на лице, а потоа да го исплакнеш, бидејќи од 30% AHA нагоре веќе почнуваат концентрациите за (професионален) хемиски пилинг и не се оставаат долго на лицето. Не знам зошто REVOX не препорачуваат миење од лицето, можеби им е понежна формулација која може да се издржи. Така што, ако ова ти е прв AHA серум - прво, според мене, не требало да ти биде прв серум, бидејќи толкави концентрации се за луѓе кои се поискусни со ексфолијација (со помали концентрации), а второ, ако не ти е прв серум, ако веќе и си го пробала и си го оставила на лице и си немала лоша реакција, тогаш оставај го. Ако првпат го пробуваш и доживуваш пресилна реакција, тогаш исплакни го. Ако и после вториот, третиот пат искусуваш преголема негативна реакција, тогаш пресилен е серумот за тебе и треба да си почнеш со пониски концентрации на AHA, какви што за жал, кај нас нема (не знам за аптекарските брендови, зборувам само за dm), но можеш да порачаш од The Ordinary или The Inkey List, како поевтини брендови.
Ви благодарам девојки на препораките. Инаку @pdb123 прв пат почнав со користење и веќе ставам втор пат, засега немам несакани ефекти и иритации. Се надевам дека и во иднина нема да имам несакани ефекти. Инаку заборавив да напишам дека во комбинација навечер користам и озонирано ладно цедено маслиново масло и супер е сега за сега. Инаку немам проблем со акни, само туку таму некоја, но имам проширени пори и дамки од поранешни акни кои се надевам ќе ги редуцирам со оваа на минимум. Инаку сакам да почнам и со хијалуронска киселина неколку пати месечно но понатаму и размислувам дали да воведам и ниацимид или би било премногу. Ви благодарам уште еднаш
Во однос на витамин Ц серумот, мојот, уште при самото отворање беше жолтеникаво-портокалев. Го нарачав од торба.мк, е сега дали малку оксидирал во текот на транспортот или таму несоодветно ги чуваат не знам. На интернет гледав дека би требало да биде скроз безбоен, ама шо е тоа е, не ми предизвикува иритации па ќе го користам. Инаку за да се забави процесот на оксидација го чувам во фрижидер.
Мислам дека не е премногу, бидејќи не би ги користела сите во исто време. Јас користам 2 серуми наутро и 2 лосиони-treatments навечер и мислам дека до кај 3 серуми при една употреба е ок, за мене лично 2 се таман. Што се однесува до хијалуронската киселина, иако се нарекува киселина, нема врска со другите киселини и може да си се користи секој ден. Да не пишувам одново, ќе се самоцитирам: Нијацинамидот е исто состојка што оди со сè и секако може да се комбинира и да се користи редовно. Во секој случај, не вметнувај наеднаш повеќе нови производи, за ако имаш реакција на некој од нив, да знаеш од кој е. Давај си 7-10 дена за да видиш како ќе ти реагира кожата на тој производ (или таа комбинација на производи што ги користиш истовремено).
Мојата рутина (од која има позитивни резултати: намалување на проширени пори,подкожни мисетерии, црвенило) Навечер : чистење со мицеларна вода corine de farme , чистење со вода + гел за чистење на лице , хиларионска киселина , по 2-3минути, ниацинамид по 2-3 минути салицилна киселина По 5-10минути крема за лице од овча плацента од TIANDE Наутро: Витамин Ц, па заштитен фактор +50 и потоа најнормално шминка. Еднаш во неделата навечер(наместо хиларионска киселина, ниацинамид и салицилна киселина) ставам АНА acids и по неа ставам кокосово масло. Сите киселини се од REVOX , витамин Ц беше од Dr.Viton , но денес ми стаса порачката од BELINA од таму си порачав Витамин Ц (13%) (уште не сум го пробала, но очекувам да е подобар од оној на DrViton) и CLEANSER FLUID / МАСЛО ЗА ЛИЦЕ СО "AHA" / "BHA" КИСЕЛИНИ Планирам да го пробам маслото за чистење од BELINA уште вечер пред употреба на АНА киселината од REVOX. Ако некој го користи ова масло за чистење (или знае како е најдобро да се употребува) може да ми предложе како да го внесам во рутината . Немам несакани ефекти ! ЗНАМ ДЕКА СЕ МНОГУ ПРОИЗВОДИ ВО КОМБИНАЦИЈА НО КАЈ МЕНЕ ТОА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ И ЛИЦЕТО ВО ЖИВОТОТ ПОУБАВО НЕ МИ Е ИЗГЛЕДАЛО. Се извинувам за долгиот пост.
Ми стигна на ревокс азелаичнава киселина, и гледам во составов силикони. Како можев да не прочитам. Сега ми е страв да го користам да не ме исфрли,некој поискусен да го види составов ако сака?
Популарен мит е дека силиконите ја запушуваат кожата и предизвикуваат нафрлувања. Во суштина, тие не се впиваат во кожата, туку стојат на површината и така спречуваат губиток на хидратација од неа и истовремено ги омекнуваат клетките на кожата, па затоа е помазна (истото го прават и маслата), но дозволуваат проток на воздух. Кога го миеш лицето, ги измиваш и нив, исто како кога ќе се намачкаш со масло, не се впива, туку го измиваш. Впрочем, и голем дел од шминките содржат силикони, особено прајмерите, за да го „измазнат лицето“ пред да ставаш пудра и слично. Во ред е да го користиш.