Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Зависи. Не може одговорот да биде да или не. Зависи од кожата.

    Силиконите освен што не дозволуваат хидратацијата да „замине“ од кожата, правејќи обвивка околу кожата ги заробуваат на еден начин и штетните бактерии, мртвиот епидермис и други нечистотии, кои во моментот се нашле на кожата, кои пак така затворени можат да ја влошат ситуацијата со акните.
    Значи самите силикони по себе како состојки не предизвикуваат акни, но индиректно преку нивната карактеристика можат да предизвикаат.

    Ова особено важи за осетлива кожа склона кон акни. Лично јас во овој случај би советувала избегнување на производи со силикони.
     
    На Shaya, Luminary и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ова е посоодветна тема за овој пост.

    Што се однесува до маслото што го напомена:

    Прво, ме буни дека се нарекува масло, кога основата му е вода. Барем со тоа скромно знаење што го знам не гледам масло во состојките за да се категоризира како такво, а и самото име му е Cleanser FLUID, не OIL. Ако некој повеќе се разбира, нека ме поправи.

    Ова е важно, бидејќи ако е масло, би го користела како прв чекор во рутината навечер и потоа би следело миење со гел, но тогаш не би имала потреба од мицеларна вода, бидејќи ќе испадне 3 пати да го миеш лицето.

    Ако не е масло, тогаш би го користела наместо гелот.

    Во било кој случај, при користење би го оставила минутка на лице за да се впијат киселините, па потоа би го измила. Поради тоа што веќе во себе содржи AHA и BHA, не би ги користела AHA и BHA серумите истовремено со овој чистач.

    Ако не е масло и ти е всушност замена за гелот, не знам како да го искомбинираш со останатите производи бидејќи буквално сѐ што ти нуди веќе имаш: чистач (гелот), AHA и BHA серум. Евентуално да го користиш еднаш или повеќе пати седмично наместо гелот.

    Ако е масло, пак важи истото дека веќе имаш AHA и BHA серум, ама и не мислам дека е препорачливо AHA да ставаш секој ден (а BHA е ок).

    Ама ако веќе си го купила, најди начин да го вметнеш можеби до кај 3 пати седмично.
     
    На Animallover<3, ludamaja10, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Имав купено салицилна киселина,знам дека навечер се користи по 1-2 капки :wasntme:
    Ама дали и е намената за црвени флеки од акни? и на колку време се користи
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ќе ти помогне и за флеки, бидејќи салицилната прави (во помала мера) и површинска ексфолијација на кожата, меѓутоа тоа не ѝ е примарната улога.

    За флеки повеќе ќе ти помогнат AHA киселините, нијацинамид и аzelaic acid.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, ludamaja10 и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Azelaic acid go kupiv ama deka ima silikoni ne go koristam da ne se isfrlam nesto a taman se spasiv od bubulicive
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Девојки, вие сте цареви! :) главата шашми ми ја направивте со киселиниве, серумиве. Немам користено досега ништо такво а сакам да почнам. Имам 28 години, чисто лице со по некоја пегичка и комбинирана кожа. Масна Т зона и суви до нормални образи. Дали е во ред да почнам со Витамин Ц Revox серумот наутро и навечер некоја од киселини што ги спомнувате? Можам да додадам на ова и кофеин серум за темни кругови под очите? Не се разбирам многу во козметики чида, па ми е страв да не го спалам лицево, а сакам да го негувам.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Можеш (и за витамин Ц и за киселините), само од тоа што сакаш да таргетираш зависи и која киселина.

    Можеш да го користиш и кофеинскиот серум, но ако темните кругови ти се генетски (ги имаш цел живот), најверојатно нема да ти помогне во нивно осветлување. Во секој случај, кофеинот е добар антиоксиданс, па ќе се бори против слободните радикали од околината кои ти ја стареат кожата.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Барам мислење за производиве на Revox (revuele). Имам 21 год. комбинирана кожа на која и треба хидратација. За почеток сакам да го земам серумот со хијалуронска киселина па истражив на нет и видов дека треба да се користи на влажна кожа а потоа да се стави крема за лице што содржи некаков вид на силикон за да ја спречи киселината од испрарување после апликација. Планирам да ја користам хијалуронската навечер после двојно чистење, е сега гледав на торба.мк има креми од истиве па ми падна на око Hydralift Hyaluron Day/Night Cream
    двете содржат силикон, па сакав да прашам дали некој има искуство со нив или дали би одговарале во вакваа комбинација.
    Исто така, што би препорачале повеќе Revox Hyaluronic acid 5% или Revuele Hydra Therapy serum
    (комбинација од хидроманил + хијалуронска киселина + АХА и БХА киселини)
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Јас би ти ја препорачала хијалуронската на Revox, бидејќи ако наеднаш воведеш многу нови состојки имаш поголема шанса да ја иритираш кожата. Исто така и многу хијалурон може да ти ја исфрли кожата, освен ако имаш баш сува кожа. Јас би ти ја препорачала оваа крема, според состојките е ок и доста е фалена тука. Screenshot_20200729-205355_Chrome.jpg
     
    На kostovaivana, ludamaja10 и RockNroLLGirL им се допаѓа ова.
  10. lolitaspurgatory

    lolitaspurgatory Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Дали ќе може да ми препорачате добра спф и ноќна крема за мрсно лице склоно кон акни ве молам
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Биодерма хидра био.
     
  12. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Некој ако сака да сподели искуство од хемискиот пилинг на ревокс?
     
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Дали во ДМ ја има azelaic acid? Или само на торба.мк?
    B24AF90D-EDD7-40BF-8B0A-5485AA2937E9.png
     
  14. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Како си задоволна? Смирува црвенило?
     
  16. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум, мене ми го намали црвенилото на образите :)
     
    На raww, Minci13, kostovaivana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Не те исфрли? Составот баш не чини затоа не ја користам
     
  18. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Мене не ми прави проблем, иако има силикони во составот. Баш правев споредба со на The Orinary Аzelaic acid, сличен состав имаат. Веројатно силиконите се присутни за да се овозможи подобра апсорбција на активната компонента во кожата, не знам...
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    И јас баш споредував ама можеби ќе ја оставам за понатаму дека моментално користам нијацинамид,сона и салицилна па да не ми дојде премногу. Да видам прво како ќе реаѓира лицево на салицилна дали ќе има некој ефект иако сега за сега ми се допаѓа