Јас ја комбинирам со нијацинамид, прво нијацинамид па azelaic acid. Една вечер таа комбинација, наредна вечер салицилна со ноќна крема. Еднаш неделно AHA 30%. Во принцип azelaic acid е нежна компонента и може да се комбинира со скоро се, не би требало да ти направи проблем.
Јас го корситам хемискиот во комбинација со салицилната веќе 2 месеци. Еднаш во неделата ставам од хемискиот, еднаш од салицилната. Значи 2 пати во неделата правам пилинг. Презадоволна сум од двете. Ми се исчистија сите црнки од лицето и особено од носот и не ми се ни појавуваат веќе. Во принцип имам чисто лице а и салицилната си ја ставам ако ми се појави акна на телото некаде како spot treatment. Инаку, исто ги користам на ревокс нијацинамидот и хијалуронската. HA наутро а нијацинамид навечер. И од нив сум презадоволна. Сега ми е во план да си ја земам azaleic acid.
Јас сум задоволна од сите производи вкупно што ги користам, е сега поединечно кој дал најголем бенефит не можам да кажам. Битно немав проблем со воспаление и црвенило на лицето. На почетокот го користев хемискиот пилинг така што го плакнев по 15-тина минути од нанесувањето, сега само го нанесувам на лице и врз него ноќна крема. Искрено се' уште не знам кој начин на употреба е правилен, секаде различно пишува.
За AHA читав дека мора да се измива по 10-15 минути. На самото упатство не пишува, ама од инста профили што пратам прочитав одговор од производителот дека го утнале упатството и тој дел со измивањето е изоставен. Нивна препорака обавезно да се мие по 15 мин макс.
И јас веќе 2 пати како ставам, ама не плакнам оти не пишува. Не сум имала несакани реакции, ама ако така пишале...
Читав пост кај Katzzia она вика дека бил многу слаб и не се измивал што мене искрено не ми е логично да се остави така преку ноќ. Планирам и јас да го купам ама ќе го плакнам да не си играме
Мојот е на TO и одличен е, ама мислам сите AHA мора да ги измивате. Повеќе од 10мин држење е многу според мене.
Дури и тоа е премногу, читав дека најдобро било на The Ordinary да се користи еднаш неделно и тоа првиот пат 1 минута и секоја недела да се зголемува за 1 минута па се до 10 минути. Сакав тој да го порачам ама што направиле со доставата не се нормални 10 фунти а производот 5 сега им е и потрошено ќе го нема сигурно со недели
На Revox хемискиот пилинг е многу послаб од на The Ordinary, има повисока pH и самите овошни киселини не се јонизирани па не би требало да има иритантно дејство. Искрено јас не гледам некој поголем бенефит од него откако ќе го оставам преку ноќ отколку кога го плакнев, така да најверојатно повторно ќе почнам да го плакнам после 15тина минути. Производот на The Ordinary e сосем друга приказна, поинаков состав има и формулацијата е различна така да тој обавезно треба да се плакне после неколку минути и не се препорачува за почетници. Од друга страна па читам дека имал многу поголем ефект врз кожата отколку овој на Revox. Баш би сакала да го пробам во идинина.
Сликава ја најдов на твитер во #козметиказалице. Се однесува на AHA серумот. Две девојки го купиле и на еден од нив пишувало да се измие по 15-20 минути. Една од нив ги контактирала по мејл и го добила овој одговор. Исто така, ги контактирале torba.mk со што го добиле овој одговор кој ми звучи конфузен. Јас ја користам киселинава веќе со недели и не ја измивам
Да, хијалуронската киселина не е киселина како AHA и BHA, туку служи за хидратација, исто како глицеринот или алое верата. И хијалуронската киселина и нијацинамидот одат практично со сè, иако некогаш се препорачува нијацинамидот да не се користи истовремено со витамин Ц.