Јас го пробав сношти АХА 30%, го нанесов на чисто лице и по 10 минути го измив лицето со ладна вода. Иако на упатството не пишува да се измива, јас така ќе го користам. Премногу е концентриран за да се користи почесто од еднаш неделно (или еднаш на 10 дена), и да не се плакне. Денес го земав и нијацинамид, него планирам да го користам навечер, во помала количина и за почеток секој втор ден, па ќе пишам за ефекти врз кожата.
И нешто многу битно што гледам повеќето го занемаруваат кога користат киселини (а и воопшто во рутината)- КРЕМА СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР!!! Прво и најбитно- купете крема со spf, за во зима минимум 30-ка, лето 50-ка. Па после експериментирајте...
Абе дури не си осетиш на своја кожа, џабе се убедуваме. Ама тогаш е касно. И наместо акни, ќе имате изгореници. Демек сеа дојдоја серумиве во вода и мора да се проба. Ок, пробајте. Инаку, тестот со лактот е за алергиски реакции. Не за последици кои може да настанат од користење киселини и изложување на сонце. Ама секој си знае за себе.
Јас понекогаш си мислам колку помалку продукти се користат толку подобро.. можда и малце се претерува ама ај.
За флеките ке користиш навечер вит ц,а насабајле ниацинамид,а можеш и обратно,практикувај почесто пилинг нежен на лицето за да пратиш сигнал до кожата дека треба да почне да се обновува,користи нежна хидратанта крема редовно,со упорност се има ефект,и не експериментирај со различни производи од секоја фирма
За продукт што го кориштиш преку ден било кој од овие две треба да ставаш спф,општо кожата со флеки не го сака сонцето,стануваат поизразени од него,спф ќе ти го штити тој површен слој и плус серумите ќе си ја вршат работата, а за серум можеш да го пробаш на оливал го имаат во Белина,за Dr.Viton гледам нема добри искуства но не ме ни чуди истиот е постојано на акција,сепак разгледај подобро и поскап да земеш ама барем да вложиш во квалитет,можеш да нарачаш и некој online од подобри фирми
Serumot Eucerin hyaluron filler vitamin C, jas go koristam obicniot I bash ja hidrira kozata a isto taka I ovoj go falat, mozes da probas, go ima vo zegin. Можеш да користиш витамин Ц од ревох и Бленд оил и ако имаш проблематична кожа некои за таква намена, а тие што се со хијалуронска киселина можеш за некоја годинка да почнеш ако почне да се појавува по некоја линија. Најдобро ако имаш 20 години овие две што ти ги кажав и плус креми за добра хидратација на кожата. Јас почекав може 5 дена или повеќе за пратката не се баш брзи
Olabavi malku.. Sekoj kazuva spored iskustvoto zatoa sme tuka da si spodelime znaenje I iskustvo sekako ne bi sakala da si nastetam sama na sebe a isto taka I na ostanatite clenovi
Го имам купено серумот Аха и сеа гледав слики изгореници од киселини ауу страшшно.Среќа само 2 пати имам ставено
Ја земав хијалуронската, ниацинамидот и витамин ц Витамин Ц ставам сабајлечки, после тоа дневна крема па спф. Навечер хијалуронска па ниацинамид заедно и ноќна крема. Сега почнав дс ги користам пред некој ден па уште не можам да споделам некои WOW резултати но сега за сега ми е осветлена кожата и флеките и темните кругови околу очи.Ке пишам пак
Пробај да ставаш ниацинамид прво па после хијалурон,активната состојка прва на лицето иде Чисти ги порите со некој лосион со салицинска,би ти препорачала на сенсилис од аптека ги има,серумот ставај го на акните да ги суши
Оди во зегин, побарај Total control крема за лице и гел за чистење лице (ги произведува грчка комапнија Фризи дерм, „ќерка“ на Vichy) - двата производи чинат околу 700 денари (поединечно). Купи си го Софи дерм црниот сапун со глина - 200 денари Со години талкав и испробував, овие се единствените производи кои ми ги намалија комедоните и ми го контролираат премрсното лице склоно на комедони и акни. Исфрлив се и почнав само ова да користам (+ мицеларната вода на Лореал за чистење шминка и пена за миење лице, зелената од Авон) После 5 месеци конечно можам да кажам дека оваа нега мене ми го исчисти лицето (резултати видливи по една недела користење, патем) и не „светнувам“ за 20 минути кога ќе се нашминкам. Па пиши искуство ако пробаш
Девојки, полека со хемиски пилинг, овој период е веќе доцна за нив.... Се користат од Октомври до Март... Од долгогодишно искуство со нив и со акни....
https://www.dm.mk/marki/ekskluzivno-vo-dm/just-revox Еве на страната од Дм за сите посебно. Јас имам нормална кожа, со малку проширени пори на образите и носот. Според ова можам да го користам ниацинамидот и тој со хијалуронска киселина, но не во исто време во денот? Немам користено серуми до сега. И дали мора со нив крем со заштитен фактор?
Јас како што знам ниацинамид и хијалурон може да се мешаат затоа што се water based. Прво се става хијалурон и додека е влажна кожата се става ниацинамидот. Секако, можеш навечер да ставиш од едното, сабајле од другото (доколку не користиш витамин ц или друга киселина). Нека ме исправи некој ако грешам. Многу недоследности и грешки има во објаснувањата од ДМ, на пример ако читаш надоле, кај хиалуронската киселина велат не смее само со гликолна да се меша, не спомнуваат ништо за ниацинамидот, додека кај ниацинамидот велат со хијалурон да не се меша... Во врска со кремата со заштитен фактор, досадна сум, ама пак ќе пишам. Што и да користиш, дали само крема или и други активно состојки, МОРА да се користи spf. Број 1 е, пред сите серуми, масла, киселини, маски...