Mnogu ti blagodaram imam samo edno prasanje. Kako da ja koristam azeleicnata koga na primer edna vecher stavam sona,a utre vecher salicilna? a sekoe sabajle niacinamide stavam
Azelaic acid е состојка која работи на многу нежен начин и е безбедна дури и за чувствителна кожа (иако секако, секогаш има исклучоци). Всушност, кога е во концентрација над 10% (ваквите производи можат да се земат само со рецепта), се користи како третман за луѓе со rosacea (кои знаеме дека имаат доста чувствителна кожа). Го кажувам ова само за да ти го прикажам нејзиниот ефект и нејзината „безбедност". Поради тоа колку е нежна, може да се комбинира со сѐ. Единствено ако ја користиш преку ден (со нијацинамид), задолжително носи СПФ крема (што и онака треба да го правиш секој ден), бидејќи има благо ексфолијациско дејство (но не до тој степен и начин како AHA или BHA). Поради ова, ако сакаш да си ептен внимателна, можеш да ја избегнуваш во вечери кога користиш сона. Но, не го сфаќај ова како строго правило; ако сакаш, можеш да пробаш и во тие вечери кога ставаш сона и да видиш како ти реагира кожата (не мора да ставаш на цело лице, само на дел, за да видиш како ќе реагираш). Што се однесува до комбинација со салицилната киселина, можеш да го направиш тоа. Всушност, јас користам производ (го нема тука) кој е формулиран како: azelaic acid 10% + salicylic acid 0.5%. Како што гледаш, помала концентрација на салицилна киселина е, но пробај (на помала површина на кожата) и види дали ќе имаш некоја негативна реакција и со повисока концентрација (како серумот на REVOX), што не верувам. Патем, ако немаш потреба (во зависност од тоа колку флеки од акни имаш), не мора azelaic acid да ја користиш на цело лице, можеш да ја користиш само на деловите со флеките, така и производот ќе ти трае подолго. И да напоменам, не очекувај брзи резултати, но биди трпелива !
Одлично! Ти благодарам што одвои време за да ми објасниш вака убаво. Така ќе направам, ќе ги дотрошам овие cleanser-и што ги имам, па после ќе преминам на некој друг посоодветен и ќе земам и салицилна киселина. Во меѓувреме ќе земам и Ц витамин и ќе го ставам наутро. Од кој бренд сте најзадоволни?
Сум заборавила да дополнам, а е важно бидејќи може да прочита некоја бремена жена или доилка: не треба да се користат ретиноли за време на бременост (и доење, зависи кој како кажува), бидејќи се покажало дека при користење на јаки ретиноли, тие навлегуваат во крвотокот и можат да предизвикаат деформитети на бебињата. За време на бременоста како замена може да се користи бакучиол.
Ме интересира дали хијалуронската киселина или коензимот Q10 можат да се користат за време на бременост? И кој би ми го препорачале за измазнување на брчки. Хијалуронот или Q10?
Двете се состојки кои се состојат во нашата кожа. Хијалуронот служи за хидратација на кожата и има plump и bounciness ефект, односно прави кожата да изгледа пополно и поеластично. Со тек на времето се намалува (затоа постарите луѓе имаат поиспиено лице од помладите луѓе). Од друга страна, коензимот CoQ10 (исто така наречен и ubiquinone) има значајна улога во создавањето на енергија во клетките низ целото тело, а за кожата конкретно има антиоксидантивно дејство. Во поглед на стареење, хијалуронската киселина, поради способноста да го „пумпа" лицето, може привремено (додека се користи) да го подобри изгледот на брчките (всушност, неретко се користи и во филери за лице/уста). Безбедна е за бременост, освен нормално, ако си алергична на неа, што е сепак многу ретко. Всушност, поради неретката појава на сушење на кожата за време на бременоста, дури е и „неопходна" (како и сите други хидрирачки состојки) за хидратација. Од друга страна, CoQ10 како антиоксиданс функционира на тој начин што се бори против слободните радикали од околината (сонцето, загадувачите итн) кои го предизвикуваат стареењето на кожата. Значи директно не влијае врз брчките, но помага против нивно создавање, како и секој друг антиоксиданс. Што се однесува до тоа дали е безбедно да се користи за време на бременост, освен retinol, salicylic acid, benzoyl peroxide и hydroquinone, не сум сретнала други состојки кои се препорачуваат да се избегнуваат. На интернет, CoQ10 во бременост се однесува само на употреба како (орален) суплемент за други здравствени проблеми, што не се препорачува, но нема ништо околу користење топично, односно користење во вид на крема. Ова ме наведува да мислам дека е во ред да се користи за време на бременост (инаку доста ќе се пишуваше за тоа исто како за погорните 4 состојки), меѓутоа ако сакаш да си посигурна, зборувај со твојот општ лекар/гинеколог/дерматолог .
Па да, салицилна се смета како еден од подобри, а помалку инвазивни третмани за акни и белези од истите. А, и АНА и салицилната се хемиски, салицилната спаѓа во ВНА. Јас сакав да земам 30% ВНА, ама никако не можам да начекам во ДМ. Е сега, не не е чудотворна салицилната онака ептен, а и секако зависи од самите акни и тип на кожа, ама дека е корисна, корисна е. Инаку да, на Ревокс ми е светово тројство.
Горе-долу, главната намена им е да ги одзатнат порите и да ги исчистат мртвите клетки, со тоа што АНА се од природни, овошни шеќери и делуваат поповршински, а ВНА чистат длабински. Инаку пошто е тоник, има послаба концентрација Ретинол, но сепак пишува на него најпрвин да се направи некаде на рака (најдобро кај лактот ми е мене) тест едно 24 часа пред употреба, чисто да видиш да не има несакани реакции, а потоа можеш полека да го вметнуваш, да кажеме, првата недела три пати (нека ти е овој тест период, ќе си осетиш како кожата ти реагира), а потоа може по еднаш дневно, па кога ќе се навикне кожата, слободно и два пати. Си пишува и на самото шишенце позади. Само избегнувај да го користиш ако си правела АНА или ВНА пилинг пошто не се мешаат ради „разјадувачкото“ дејство. Исто не се меша и со Витамин Ц маски/серуми/креми. Најдобро користи го во денови кога нема да правиш хемиски пилинг, туку како тоник во секојдневна скинкер рутина. Не знам, и јас уште се учам што и како да комбинирам, ама нели, затоа сме тука.
Најдобро е како последен чекор од рутината да се стави за да не биде толку нападна сепак е BНА киселина. Можеш да ја ставаш секој ден но имај во предвид дека може да дојде премногу на кожата. Мене најдобро ми е да си ставам 3-4 пати во неделата.
Па хујалоронската треба да хидратира,а салицилната да ги исчисти порите. Ми нема логика да ја ставам последна. И на самата кутија пишува дека може со хујалоронската да се меша. Мојата кожа е комбинирана со мрсна, во последно време особено летно мрсна ми е.
Јас препорачувам да се става на крај бидејќи најчесто се користи како третман за акни/пори. Ако се стави на сува кожа па останатите продукти, како што ги нанесуваш ќе ја разнесеш киселината и на други делови од лицето што немаш намера да ги третираш за акни и можеш да се изгориш. Плус, ставајќи го на крајот ќе биде намалена јачината на киселината (ќе биде buffered) што е, според мене, добро зимајќи во предвид БНА киселините продрираат подлабоко во кожата. Да ќе ти ја исчисти пората, но и може и да те изгоре и да си имаш „уште една грижа“.
Се надевам дека нема да ме сфатиш погрешно што те цитирам, рече дека сè уште учиш (како и сите што сè уште учиме и ќе продолжиме да учиме; со други зборови, не се правам најпаметна ) . Може да се користи ретинол со AHA или BHA, нема никакво „разјадувачко“ или поништувачко дејство. Исто така може да се користи и со витамин Ц, а за другите типови на серуми што и онака не содржат активни состојки, т.е. содржат поинертни состојки воопшто нема ни проблем (барем не се сеќавам на друг производ кој би претставувал проблем). Еве ти ако сакаш да прочиташ повеќе тука. Причината зошто се препорачува да не се користат AHA, BHA или витамин Ц истовремено со ретинол е затоа што сите се моќни состојки и некогаш кожата има проблем да се справи и поединечно со нив, а камоли со неколку истовремено, па може да се јави иритација. Меѓутоа, во зависност од концентрација, производ и индивидуалната толеранција на кожата, технички можат да се користат истовремено, не се поништуваат едни со други. Сеедно е кога ќе ја ставиш хијалуронската киселина, едноставно попрактично е да ја нанесеш веднаш после миење на лицето бидејќи тогаш ти е веќе влажна кожата, наместо да ставиш салицилна, па да го наводениш лицето пак (а со тоа можеби да отстраниш и дел од салицилната иако би требало да е впиена) специјално за да ставиш хијалуронска киселина. И да ја ставаш прво салицилната киселина, нема таа толку брзо да ти ги исчисти порите, па во „чисто“ лице да внесуваш хидратација. На крај, сè што ставаш ќе се измеша и ќе си функционира така како што треба да си функционира, состојките не „чекаат ред“ за да работат една по друга, туку избираш како да ги редиш според тоа дали сакаш појак/послаб ефект (кај киселините, ретинолот) преку побрза/побавна пенетрација на состојките или според конзистенција (да ти оди полесно и „поприродно“ нанесувањето на производите, пример: поубаво е чувството да ставаш серум пред отколку после крема). Слободно можеш да си ја олесниш рутината и да го смениш редоследот на нанесување на хијалуронска и салицилна киселина. Се разбира, ако сакаш .
Епа ете, од 500 места човек чита, 500 различни искуства и совети. Имам многу јас за учење/читање. Какво сфаќање погрешно, баш фала ти што објаснуваш толку опширно, ете сега можам да пробам од тоникот после пилинг, може ќе ми е топ.
Јас до сега немам проблеми освен овие хормонските whiteheads што ми се јавуваат најчесто пред и за време на добиено. AHA го користам еднаш неделно и тоа само навечер. @pdb123 Не ја нанесувам веднаш хујалуронската киселина напротив, чекам да се исуши убаво салицилната па потоа го влажнам лицето и ја нанесувам хујалуронската и потоа крема.
Те сфатив, само реков дека ако причината за овој редослед ти е „прво салицилната киселина да ми ги исчисти порите, па ќе нанесувам сѐ останато" (во случајот хијалуронска киселина), нема потреба за тоа. Попрактично е и помалку време ќе ти земе ако нанесеш хијалуронска киселина веднаш после миење лице, бидејќи веќе ти е влажно лицето, отколку да чекаш да се исуши салицилната киселина, па повторно да го наводениш лицето специјално за хијалуронската киселина. Ист ефект добиваш и вака и така ако ги нанесуваш редоследно, само вака побрзо ќе си ја завршиш рутината, ако ти значи тоа нешто.
Па да, во право си, го крати времето на нанесувањето. Се гледа дека имаш познавање,јас и така труп сум за овие работи. До пред салицилната користев само ниацинамид. Ако добро разбрав прво хујалуронска па салицилна па крема така? Исто и утринската рутина како вечерната?
Да, ако сакаш ти, не дека како што правиш е неправилно, само мене ми е пологично и полесно вака . Ако мислиш дека имаш потреба за хидратација и преку денот, користи ја хијалуронската киселина и наутро. За салицилната мислам дека нема потреба да ја користиш и наутро, освен ако си ја чувствуваш кожата „преполна/затната“ и увидиш дека така имаш подобар ефект. Мислам дека само на тие со навистина премрсна кожа би им било потребно два пати дневно салицилна киселина, но види сама. Ако знам добро, имаш комбинирана кожа, па ако сакаш, можеш наутро да ставаш само на помрсните, попроблематичните делови. Сепак, и да го правиш тоа, мислам (ама не сум сигурна) дека не е добро пролонгиран период да ставаш 2 пати дневно, можеби само во периодите кога навистина се мачиш со полни/затнати пори. Имај на ум дека почестото користење на салицилна киселина може да ти ја суши кожата (поради тоа што покрај другите работи, ти го отстранува и себумот - природното масло на кожата). Можеби малку звучи шокирачко да се спомене толку честа употреба на киселини, но клучното во ова е концентрација и индивидуална потреба на кожата. Иако AHA се „поопасни“, т.е. почесто прават иритации (а сепак има производи со помали концентрации кои можат да се користат дури и секој ден), салицилната киселина е многу побезбедна (дури и за чувствителна кожа - во зависност од типот на чувствителност) и всушност има анти-воспалително дејство: затоа и се намалуваат нафрлувањата на кожата, кои технички се воспалувања на кожата. Некаде напишав, но ќе споменам пак: тоа е така бидејќи му е „роднина“ на аспиринот.
@pdb123 сакам да те прашам дали прво се нанесува ниацинамид па azelaic acid? Приметив дека ми се повлечени малку флеките од сонце ама ми се појавија мозолчиња.
Сеедно е. Ако мислиш дека можеби нешто ќе смени, пробај да ги ставаш и обратно, ама мислам дека нема врска. Чисто заради конзистенција, прво би ставала нијацинамид (дека е во вид на течност), па azelaic acid (дека има кремаста конзистенција). Можеби рандом ти се појавиле мозолчиња (како што ни се појавуваат на сите без разлика што користиме и колку добри рутини имаме), но може и да не ти одговара нијацинамидот (ако ти е скоро вметнат), како што не им одговара и на други луѓе.