Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Ќе споделам неколку работи кои ги имам пробано од Revox и мислење
    1. Azelaic acid - добра е по структура не е како the ordinary тешка , се впива за 4-5 мин а резултатите не беа нешто wow потребно е време и редовно користење па тек после 3тата недела се гледаат резултати барем кај мене беше така, за разлика од azelaic acid од skinoren и the ordinary видов многу побрзи резултати .
    2. Collagen and amino acids+HA крема - одлична крема многу хидратантна и добра база за шминка , не го масти лицето супер е за хидратација.
    3. Just peptides - предобар серум , ќе го купам пак го користам на врат секоја вечер и на лице 1-2 пати неделно , не лепи и не ја масти кожата . Ја осеќам кожата многу повеќе затегната и еластична од претходно.
    4. Кофеински серум - океј е за околу очите но на the ordinary ми е подобар , го затега делот околу очите и убав е за наутро но доколку имате многу многу темни кругови не очекувајте многу. Јас го нанесувам и на коса пред миење 1час да стои добар е за тоа.
    5. Vitamin C - не бев задоволна многу оксидира , портокалова боја беше целиот па дури и на лицето . Многу ми беше леплив некако не се чувствувам добро и прекинав со употреба.
    6. Салицилната киселина ја користев зимата кога лицето ми беше во лоша ситуација и баш ми помогна , ми го исчисти многу лицето веќе ми е потрошена и е добар производ.
    7. Retinol тоник - добар е ја измазнува кожата , не се масти како претходно и не лепи , но ми смета тоа што нема чист ретинол во него .
    8. Squalane - многу добар производ , не ја масти кожата некако како некое суво масло е одлично хидрира . Плус го користам и како силиконски капки супер се покажа секако 2 капки само .
     
    На Sleepy, Kimberly11 и ana-sweet им се допаѓа ова.
  2. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    2.601
    Squalane се користи само за хидратација или има и друга намена за лицето?
     
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Za kolku vreme salicilnata ti go iscisti liceto?
     
  4. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Маслото е некомогено, што значи не ги затвора порите, а влијае на регулирањето на секрецијата на себум. Помага во борбата против оштетување на кожата од дејството на слободните радикали и спречува/успорува појава на знаци на стареење.

    Производот е наменет за сува кожа на лицето, мешана кожа, како и кожа склона кон акни.

    * копирам од страната :)
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    За 2-3 недели имаше видливи промени
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    2.601
    А го нанесуваш на сува кожа? Пред крема? Фала за одговорот:)
     
  7. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Го нанесувам после ниацинамидот навечер ( всушност последно ми е маслото секогаш во рутината)
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Препорачјте ми добар серум/и што ќе ми ги отстрани акните, некои дамки и whiteheads и како треба да ги комбинирам... лошото е што имам атопичен дерматит на делови од кожата односно дел од кожата ми е ненормално сува и мора да сум екстремно внимателна...
     
  9. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за помош. Имам нарачано од мај ниацинамид на the ordinary ама сеуште не ми е стигнат. Вака, у глобала имам ептен мрсна кожа, преполна со црнки на носот, брадата и челото. Акни имам по 1-2. Мојот проблем се проширените пори и митесерите. Имам изнадавано туце пари по козметичари, секакви препарати, дерматолози. Може ли некоја од вас да биде фина и да ми напише една мала рутина која би одговарала на мојава кожа, и редослед т.е да ми кажете кои серуми да ги купам. :) Значи, екстремно мрсна кожа, без сјај и свежина, проширени пори , и премногу црнки на носот , челото и брадата.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ниацинамид,хујалоронска, крема и Спф.

    Користам гел за миење лице на Биодерма Себиум.
    Потоа ниацинамид + хујалиронска + крема на Биодерма Хидра Био+ Спф на биодерма.
    Вечерната рутина ми е салицилна + хујалиронска+крема на ТО.

    Значи јас од чисто лице се направив заникаде,мрсно ми беше и еве после два месеци можам да се пофалам со чисто лице.
     
    На Kjara15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blonde17

    blonde17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Девојки само што започнав да користам силицилна киселина и ниацинамид, силицилна киселина 3 пати неделно, ниацинамид секој ден и утрово кога ставив од него забележав на едната страна од лицето само ептен ситни мозолчиња како алергија, некакви искуства? Дали да продолжам со користење?
    П.с не знам дали ми се појавија од силицилната или ниацинамидот.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Дали ставаш нешто за хидратација?
     
  13. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.384
    Ниацинамидот знае да направи таква реакција ама нормално е тоа. И мене ми се појавија кога почнав да користам ниацинамид, ама продолжив со користење со тек на време се изгубија мозолчињата. (Ова ако реакцијата ти е од ниацинамидот). За салицилната, мое мислење е дека за почеток е многу три пати неделно. Почни со еднаш неделно па постепено зголемувај, така ќе знаеш и од што имаш реакција на лицето.
     
  14. blonde17

    blonde17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Да, крема за хидратација со спф.


    Фала ти, ќе продолжам со користење
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што кажа @pdb123 освен за кремата. Кремата да, супер е, прекрасни состојки има, ја земав и јас пред некое време, но имам исто нормална кон комбинирана кожа и мене премногу ми ја мрсеше. Секако за во зимски денови ќе биде супер. Не знам дали истиот ефект ќе го има и кај тебе зашто и твојата кожа е комбинирана.
    Инаку освен тоа, кремата за сува кожа е прекрасна.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BabyGirl3

    BabyGirl3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali bi mozela da mi pishish vo dm kako gi koristish proizvodite i kolku pati nedelno i da mi pushtish sliki od proizvodite bidejkji i jas go imam istiot problem so luzni i akni?
    Ti blagodaram:l:
     
  17. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Niacinamidot nautro na poluvlazna koza 7/7,a salicilnata navecer na suva 3/7.Proizvodite gi ima na torba.mk i vo dm (y)
     
    На BabyGirl3 и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  18. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Дали освен ретинол има и други ризични во бременост од серумите ? И дали е и овој ризичен ако знаете бидејки го користев до сега.
    41UcJeM2EOL.jpg
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Да, сепак е ретиноид.
    Останати состојки што се препорачува да се избегнуваат се овие:
     
    На ^angel^ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Азелеичната (мислам вака се пишува) е добра, гледам дека црвенилото ми е повлечено
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.