Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Секаде читам различно, некои пишуваат дека хијарулонската киселина е за над 25 години, некои за над 20 години и сега не знам.. за брзо полнам 20 години и дали имам потреба од оваа киселина.:lol::lol: Користам секое утро ниацинамид и од време на време салицилна киселина на ревокс.
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.208
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш баш сува кожа тогаш можеш да ја користиш, ако не немаш сега некоја потреба. А ако ти е желба можеш слободно да ја користиш, нема да пречи.
     
    На buba4e89, Waverly Raven, ludamaja10 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Воопшто немам сува кожа... да не се грижам за брчки уште од овие години? :$
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Хијалуронската киселина и онака нема да го спречи создавањето на брчките, така што нема што да се грижиш. На тие години, единствено за што треба да се грижиш е ставање СПФ крема секој ден, преку цела година, така најдобро ќе ги „спречиш", т.е. намалиш во иднина :hug:.
     
    На buba4e89, poppie, Kimberly11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Тоа го практикувам, значи имам време за брчките хаха, ах жени:rofl:
    Ти благодарам:l:
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Женски можи имате пишано 100пати, ама пак ќе прашам.
    Ги зедов конечно по толку мислење серумите од Ревокс, витамин Ц, Салицилна и Ниацинамид. Имам масна кожа, во делот кај брадата склона кон акни.
    КАко да ги користам ? Треба сите на влажна кожа или ?
    Знам дека после витаминот Ц дека обавезно треба да ставам крема со спф.
     
  7. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.208
    Пол:
    Женски
    Најсигурна варијанта ти е вит ц наутро откако ќе го измиеш лицето, ќе натапкаш со пешкир и ќе ставиш од серумот, а врз него спф. А навечер наизменично другиве два, еден ден салицична па крема, друг ден ниацинамид па крема. Ако се користат заедно едното може да го намали дејството на другото, а вака ќе ги искористиш максимално.
     
    На ludamaja10 и deskarada им се допаѓа ова.
  8. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Пробај ја кремата на биоферма ar photoderm 50+ 30ml против црвенило е, и јас го имам истиот проблем и ми одговара.
     
    На ludamaja10 и Elena1001 им се допаѓа ова.
  9. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Дали некој го користи серумот витамин Ц 20% на Ревокс да ми кажи каква му е бојата,јас вчера го купив бојата му е жолта па се сомневам дека е оксидиран, мислам дека треба да биде без боја прозирен.
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.366
    Допаѓања:
    12.639
    Пол:
    Машки
    Истиот проблем го имав и јас. Го нарачав од торба.мк и кога стигна беше жолтеникаво-транспарентен, претходно имав пребарувано на интернет и прочитав дека серумов оксидира но, во принцип по неколку месеци откако ќе го отвориш, а овој некористен веќе кинисал. Пребарував и во однос на мирисот, бидејќи овој имаше мирис како на пиво да речам, ама не можев да најдам дали тоа е нормално или не.

    Инаку, доколку е со светложолта боја и се уште е транспарентен(не се заматил), не е целосно оксидиран, но веќе одредена фракција од витамин Ц веќе оксидирала, со тек на време ќе се интензивира бојата кон портокалова и ќе се замати. Јас пробав да ги исконтактирам од торба.мк, ама ништо не ми одговорија. Го користев одреден период 2-3 недели да речам и ми се јавија ситни акни на челото, а на челото никогаш не сум имал ниту една акна, така да го фрлив.
     
    На CrystalNoir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас азелеинската ја мешам со серумот, до завчера го користев природниот хидратантен на Revuele, од вчера Niacinamide на Revox.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Претходно имав напишано дека е слаб серумот на Ревокс (салицилната киселина) што и ѐ, треба повеќе време да се користи за да има ефект некој. Првите неколку дена немав некој ефект,откако продолжив да ја користам забележав.
    Земав уште едно пакување на залиха.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.384
    Женски дали можам во утринска рутина витамин ц и ретинол тоникот да ги комбинирам? Или не одат едно со друго? :^)
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ретинолот во тоникот е многу слаб, така што веројатно би можела да го толерираш заедно со витамин Ц. Освен можноста за иритација согласно толеранцијата на сопствената кожа (кај секој е различно), не е „забрането" да се користат витамин Ц и ретинол заедно, некои креми дури и се формулирани со двете заедно.

    Најчесто се препорачува ретинолот да се користи навечер бидејќи ја прави кожата фотосензитивна, но не е забрането да се користи и преку ден (особено ваков слаб ретинол) ако нанесеш добар слој на СПФ крема, избегнуваш изложување на сонце и (особено ако мораш да си изложена) нанесуваш нов слој на СПФ крема редовно (на секои 2 часа при директна изложеност на сонце, после бањање, спортска активност/потење итн).
     
    На ludamaja10 и Bubamaricka им се допаѓа ова.
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.384
    Фалааа многу на одговорот можеби треба да ја сменам рутината... Нијацинамид ставам навечер и еднаш неделно салицилна, па заради тоа ретинолот го воведов на утро. Можеби треба обратно?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ако сакаш можеш (REVOX вели да не се мешаат витамин Ц и нијацинамид, иако мислам дека го следат примерот на The Ordinary и одат на можеби беспотребно сигурно), но може и да ти остане нијацинамидот навечер, ќе го ставиш после тоникот. Мислам дека како и да направиш (дури и да го оставиш ретинолот наутро бидејќи не се ни смета за нешто посебно ефективна таа форма на ретинол), нема да згрешиш, сѐ додека си добро заштитена со СПФ крема наутро.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Здраво сакам да прашам дали има некој искуство со гликолната киселина и ако може некој да ми објасни за што се користи. Јас имам нормална кожа склона кон акни и во рутината имам вметнато

    Наутро
    1. Балеа сината пена
    2. Ниацинамид
    3. СПФ еуцерин оил контрол

    Навечер
    1. Гарние мицеларна вода
    2. Балеа сина пена
    3. Салицилна киселина секој 2 ден
    4. Хијалуронска киселина
    5. Балеа ултра сенситив ноќна крема

    Акните и црните пополека се средуваат, но на кожата имам како ситни мозочиња кои кој ја прават нерамна кожата и таа нечистотија не излегува со Салицилната.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Гликолната киселина се користи за изедначување на тенот од сите нерамнини и ситни мозолчиња.
     
    На queen04 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    AHA (меѓу кои спаѓа и гликолната киселина) служат за површинска ексфолијација на кожата, за разлика од BHA (салицилна киселина), која служи за длабинска ексфолијација (внатре во пората). AHA функционираат на тој начин што ги „одлепуваат" површинските кожни клетки, така олеснувајќи им го опаѓањето. Овој процес и онака се случува природно, но се случува некогаш да се „натрупаат" такви клетки, па кожата да изгледа безживотно, со нерамномерен тен и општо кожата има нерамна текстура. За подобрување на тоа се користат AHA.

    Гликолната киселина е фотосензитивна, односно ја прави кожата чувствителна на сонце, па се препорачува да се употребува навечер или, слично како ретинолот, ако се употребува наутро, да се стави обемна количина на СПФ крема и редовно да се нанесува нов слој. Конкретно за таа на REVOХ, ако не се лажам, е 20% и не верувам дека е паметно да ја користи почетник. Подобро ти е да ги разгледаш киселините на The Ordinary и The Inkey List и да почнеш со ниска концентрација. Не мора ни да е гликолна киселина, lactic acid е уште понежна, а mandelic acid е најнежна.
     
    На Tina22m, inception и queen04 им се допаѓа ова.
  20. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, sakam da pocnam so upotreba na serum. Nz kako da pocnam i so koi tocno.
    Problemot so mojata koza e prosirenite pori(koi ne se mnogu vooclivi) i masnata koza.
    So sto da pocnam i kako da pocnam.
    Dosega koristam gel od aloe za mienje lice, spf 50ka na freezyderm, piling za lice od limon 1nedelno, micelarna na corine de farme za cistenje sminka.