Пилингот можам да претпоставам дека е преагресивен и ти прави повеќе штета отколку корист така што би ти препорачала да го користиш за тело. Наместо тиа би ти препорачала хемиски пилинг на Ревокс, еднаш неделно, а во секојдневната рутина да додадеш ниацинамид, можеш исто на Ревокс за да не нарачуваш. Од истиов тип на серуми имаш и на Ординери ако сакаш да нарачаш. Рутината би ти била ваква: наутро миење со гелот, па спф, а навечер прво пројди со мицеларната, па со гелот, па ниацинамид и ноќна крема која и да ја користиш. И навечер еден ден наместо ниацинамид ќе ставиш од хемискиот пилинг.
Ve molam za vase mislenje.Go koristev na Revox,Azelaic acid 10%,so pauzi skoro eden mesec no koga i da stavav posle 2 dena liceto mi bese kako izgoreno na dopir suvo (no ne i crveno)i so novi akni i potkozni.E sega sakam da probav salicilna k-na vase muslenje da ili ne?!
Па секоја кожа е различна и различно реагира, така што никој не може да ти каже со сигурност. Јас би ти предложила да го пробаш, но врз него да ставаш крема која е лесна и не ги затвара порите, бидејќи и од пресушување се појавуваат акни.
A navecer pred niacinamid da stavam tonik? Zasto sekade pisuva deka ako ne se stavi tonik ke nema efekt. Bidejki nemozam da najdam dobar tonik, bi si naoravila domasen od kamilica. Sakam da go pobaram i toj na Afrodita sto go falite ovde. Ili da go izostavam? Isto nokna krema kakva bi mi preporacale? Imam mucin od polzav no nz dali bi bilo toa preagresivno?
Ako ne sakas tonik da koristis mozes i so voda da go nakvasis liceto pa niacinamide da stavis. Mucin spored mene ne ti treba
Почни со Салицилна киселина и Ниацинамид. Салицилната навлегува длабоко во кожата и ги чисти порите од внатре и со тоа ги прави помалку видливи. Ниацинамидот освен што ја осветлува кожата на местата каде има хиперпигментација или црвенило, ја котролира продукцијата на себум и со тоа ќе имаш помалку мрсна кожа. Почни постепено еднаш на ден или на два дена и подоцна можеш да накачиш до два пати секој ден, и да може да се комбинираат двете заедно. Е сега вреди да се напомене да пазиш дали производите кои што ги користиш содржат алкохол. Некој ќе каже не е многу штетен (воопшто не се сложувам) но ако го имаш во гелот за миење, па во тоникот, па во хидратантната крема, па во СПФ кремата, тоа се неколку слоја наталожени од алкохол. Многу ја суши кожата и таа осеќа потреба да лачи поголеми количини себум. Исто така, ако не ја хидрираш со добра крема и не хидрираш навечер на спиење, ќе лачи повеќе себум. Многу е битна хидратацијата навечер бидејќи додека спиеме се случува процес наречен trans epidermal water loss (TEWL) каде што губиме многу вода преку нашата кожа. А пилингот од лимон ми звучи малку страшно, лимонот е многу штетен за кожата, но не ги знам состојките на твојот специфичен пилинг. Во секој случај, прочитај и истражи за хемиските пилинзи мислам дека се подобра алтернатива.
Rabotata e sto poveke mi smeta masnata koza, a pori imam samo na edno odredeno mesto. Leviot obraz. Pa nekako mi e strasno da pocnam so dvete. Da pocnam samo so niacinamid? Samo navecer primer Inaku koristam gel na aloe vera od balea za mienje lice, tonik si pravam priroden od kamilica, krem si naracav od Konopka, dodeka spf mi e kremot na Freezyderm 50ka faktor. Pilingot od limon e na prirodna baza od tian de.
Да можеш само со ниацинамид да почнеш. Но не е страшно ни со двете, знам дека зборот киселина е страшен но тоа се нивните научни имиња, и овие состојки сигурно си ги користела во некои продукти. За деугите продукти не можам да барам онлајн дали имаат алкохол но ако имаат јас би ги избегнувал. Не сум фан на “DIY” козметика. А тоа што е “на природна база” не значи ништо. И продуктите на алверде се на природна база па содржат МНОГУ алкохол, тоа е само маркетинг трик.
Дали Just COLLAGEN AMINO ACIDS + HA може да се комбинира со серумот исто од Revox со салицидна и ниацимид?
Јас имам вит.Ц серум на Natural wealth уште од сам почеток е погуст и во жолта боја, ова значи расипан серум сум си ставала во него има и хијалуронска не е чист вит.Ц.
Мислам дека не мора да значи. Густината баш и не е мерило, може таков си е серумот природно. Исто така, не мислам дека чистиот витамин Ц е проѕирен, си има природно жолтичка боја, кога станува портокалов почнува да оксидира, како што напиша и членот. Нормално е дека ќе ја смени бојата малку/ќе оксидира, но неупотреблив е кога навистина ќе добие јака портокалова боја. Еве види на 11:50 како изгледа оксидиран, а на 16:59 покажуваат друг витамин Ц кој е комплетно жолт (неоксидиран): Спојлер
Не сум го користела ниту тој на REVOX, но некаде прочитав дека има повисока pH вредност пилингот на ТО, што значи дека е појак. Сепак, не мислам дека е ок и за почетници. Патем, тој на REVOX е само AHA.
Напротив, тој на revox има поголема ph вредност и затоа е послаб од на the ordinary, е сега мене не ми е јасно, на амбалажата пишува ревокс да се остава преку ноќ, а после падна муабет на insta dms дека тоа им било печатна грешка и не требало да се остава толку долго. Дегутантно е да се направи таква немарност.
Точно, моја грешка, кога пишував повисока pH вредност сакав да кажам дека ТО е покиселкаст, што би значело пониска pH вредност. Фала ти за поправката . Го прочитав и јас тоа дека им било печатна грешка, ама не знам која е вистината .
Здраво девојки, дали некој од вас што користел Azelaic Acid се соочил по користењето вцрвување на лицето и поткожни бубулици? Инаку имаам розацеа на образите.. Од кога почнавсо рутината скоро месец испол немам подобрување од ништо, туку само влошување ♀️ Црвено ми е лицето, почнаа и поткожни акни, како и некои други акни по лицето Инаку рутината ми е: AM: 1.La roche posay toleriane soin lavant caring wash 2.Hyaluronic Acid na Revox 3.Niacinamide Revox 4.Neutrogena Hydroboost gel cream 5.Purito SPF 50 PM: 1.Маслото на Балеа 2.La roche posay toleriane soin lavant caring wash 3.Hyaluronic Acid 4.Azelaic Acid 5.Neutrogena Hydroboost Gel Cream Еве не знам што правам погрешно ♀️ Ако знае некој ве молам за помош Пс. Планирам да ги порачам CeraVe Cleanserot i лосионот..