Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Наеднаш ли почна сѐ ова да користиш?
    Иначе јас користам Azelaic повеќе од месец дена и досега сѐ е океј кај мене.
     
  2. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Неее, ги вметнував постепено.. Почнав со Хијалуронска и нијацинамид на старт, еднаш на ден.. Азелаичната ја вметнав после 2-3 недели од кога почнав со нив..
    Да напоменам дека 2 пати од кога почнав со рутината имав ставено и салицилна, но го немав ефектот на purging, туку само поткожни па решив да ја исфрлам, но и по исфрлањето на SA продолжија поткожните и црвенилотo.
     
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Чудно е, azelaic acid се нуди како третман за акни кај бремени жени, бидејќи не смеат да користат salicylic acid, benzoyl peroxide или ретинол. Исто, azelaic acid баш нели е против црвенило, не би требало да те воспалува.
    Да не си случајно алергична на неа? Си пробала да не ја ставаш и да видиш дали ќе ти се смири црвенилото? Ретко е, но некои луѓе не поднесуваат azelaic acid. Види да не си ти една од нив.
     
  4. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Да неколку дена ја исфрлив, но црвенилото продолжи. Но имам приметено дека веднаш по нанесувањето кожата ми е прецрвена а најмногу по нејзина употреба ми излегуваат нови поткожни. (утредента).
    Па се двоумам дека е од азелаичната киселина или пак оф нешто друго.
    Затоа ја напишав целата рутина, да не правам нешто погрешно, или дали имате искуства со тие производи а сте имале негативни ефекти.
    Читав многу добри работи за Cerave производите. Па може треба да ги заменам другите продукти. Не знам во хаос сум;(.... Sorry на замарањето..
     
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Жалам, навистина не знам што друго би можело да е, сѐ изгледа ок. Да не си алергична пак на хијалуронската? Да не ти се прават акните во овулација, ПМС, менструација? Може само да се погодило така кога си забележала. Во секој случај, отстрани ги на подолго време едно по едно, пример 2-3 седмици или месец отстрани едно, па после друго итн, да видиш подобро дали воопшто од некој производ зависи или е до хормони или нешто друго. Не знам што друго да ти кажам :(.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Фала на советот, ќе направам така..:inlove:
    Инаку не е поради ПМС и овулација сигурно, баш во океи денови искочија и си стојат еве 2 недели...
    Инаку пред било која киселина да вметнам правев тест на лакт.. немаше ништо..
    Ќе го послушам твојот совет за отстранување на продукти.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Azelaic Acid е нежен ексфолиатор. Не е AHA BHA..
    Се зависи од тоа што ти е проблемот и што сакаш да средиш на лицето и каков тип кожа имаш.
     
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Знам дека се различни двете.
    И двете се за третман кај акни, плус AHA пилинг, јас имам само околу брадата тој дел, а салицилна на Ревокс ми е слаба, кожата ми е масна.
     
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    AHA нема баш да ти помогне за акни, освен ако не се некои ситни, па да можат да се решат со површински пилинг. BHA ти е баш за „посериозни" мозолчиња и го раствора маслото во порите. Ако не ти помага, значи дека ти треба или benzoyl peroxide или ретинол (препишан производ со ретинол од дерматолог). А ако ти се околу брадата мозолчињата, можеби ти се и хормонални и за тоа не може баш да ти помогне топичен производ, т.е. треба да го решиш изворот на проблемот прво. Ако ти се јавуваат само за време на ПМС, тоа е, ќе ги истрпиш, и јас се мачам тогаш :D.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Хормонски не ми се, имам се порверено од таа страна и се е океј. А порано одев и на дерматолг не знаеше да ми кажи причина некоја.Не знам како да кажам, не ми се типични акни црвени, такви немам, никогаш не сум ни имала, туку бели се.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Тогаш можеби е најдобро да пробаш со ретинол, тој и онака помага и за обични акни, како и општо, ја подобрува текстурата на кожата. Кај нас нема баш некој добар ретинол; ако сакаш да пробаш, ќе треба да порачаш (The Ordinary, The Inkey List итн).

    Ама ако е нешто поситно, пробај и со AHA.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Фала ти :hug:
    Ќе пробам ќе видам, се надевам ќе има со некое ефект, оти почнаа страшно да ме нервираат :D
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Пробај една недела исклучи го ниацинамидот а после хијалуронот. Може од овие две да ти е.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Пробај да ги смениш обратно прво ниацинамид па хујалоронска, па азелаиц па хујалоронска.
    Не ја сфаќам поентата на маслото од балеа и која е намената можно е од заедничкото користење да има црвенило.
     
  15. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Маслото од балеа го користам за Double Cleansing, т.е за чистење шминка. (https://doglovesasianbeauty.wordpress.com/2017/03/04/balea-cleansing-oil-100-ml/)
    Инаку практикував првп хијалурпнска за да не го воденам лицето по 2 пати, но ќе пробам да го сменам редоследот после пауза од нијацинамид. Сепак фала ти:inlove:

    Ќе го послушам советот. Фала.:inlove:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissMissMiss

    MissMissMiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Девојки го користам ниацинамидот веќе 2 недели навечер по две капки. Сега за сега е супер. Ме интересира дали некоја од вас го користи 2 пати дневно, дали смеам?
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас го користев додека да ми донесат салицилна од Мкд и супер беше.
    Така да,смееш.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Ги користам салицилната,ниацинамид и хијалуронска. Скоро и да ми се потрошени,но искрено не сум задоволна како што бев од ТО.
    Башка во составот имаат пропилен гликол.
    Инаку ми излегуваат многу црнки и белки,како затнати пори значи незнам више што да користам џабе е се. Ама веќе од оваа фирма не би купила.
     
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас откако почнав со ниацинамидот, ми се појавија ситни бели точки по целото лице. Потоа почнав на влажна кожа да го ставам и сега е во ред.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Јас имам росацеа, но азелаичната киселина воопшто не ми правеше проблем, убаво ми прија. Можеби чудно, но мене хилауронската киселина ми предизвикуваше црвенило. Пробај да ја исклучиш некое време, можеби и кај тебе прави реакција.
    Инаку, јас не бев задоволна од CeraVe. Фини се, но не ми го третираа црвенилото доволно. Најдобар ефект добив од розевата линија на Биодерма, што е наменета баш за росацеа.
     
    На ludamaja10 и QueenBeyonce им се допаѓа ова.