Негде пишувa дека витамин ц треба сабајлечки проследено со спф и вечер ниацинамид, а негде пак пишува ниацинамид денски а вечер витамин ц.. Како да ги комбинирам сега? Некој со искуство? ( и со the ordinary сеедно исто е) @Mishela знам дека ти имаше користено нисцинамид, за витамин ц не сум сигурна или друг било кој ако знае да ме упати
Јас планирам ниациамидот да го ставам наутро, а хијалуронската да ја ставам навечер со вит.ц. Вит.ц не ставам никако преку ден иако користам сега за сега спф 30,а 50 понатаму, не ризикувам со фотосенситивноста на ц вит.
а не е подобро хијалуронска во комбо со ниацинамид, со оглед на тоа што ниацинамидот го намалува лачењето на себум и му треба добар навлажнувач кога се користи? и јас се мислам иначе дс го сменам распоредот, тоест ниацинамид денски а навечер витамин ц ..али што знам,читав дека витамин ц денски му дава уште подобра заштита на лицето во комбинација со спф.
Витамин ц е добар антиоксиданс за кожата,штити од надворешни влијанија но мораш со добар јак спф да го поткрепиш преку ден Инаку кој вит ц го користиш?
Ти благодарам многуу за советот ќе ги имам на ум, инаку почнав со некои други комбинации па ќе и дадам време да видам дали ќе има резултати од моето ако нема тоа ќе ми е следно .
Како тебе ќе ти одговара на лицето, двете може и наутро и навечер да се користат. Витамин Ц задолжително со СПФ ако се користи денски. Овој на Ревокс витамин ц е јак бидејќи е 20%, посебно за почетници. Ако веќе сакаш да го земеш него користи го навечер и почни со еднаш до два пати неделно.
Во моментов од производите на Revox ја користам салицилната киселина повеќе од еден месец. Значајно подобрување во изгледот на порите, ми се допаѓа за цената. Би ја пробала хијалуронската, но некако заради нашава клима се предомислив, да не ја пресушам кожава и да направам повеќе штета отколку добро. Ја пробала некоја од вас?
Искрено не гледам многу состав, ама задоволна сум со Eucerin oil control, ако имаш комбинирана\масна кожа и Bioderma , моментално за сензитивна кожа ја користам, но сите ми биле супер.
Не гледам зошто не би ја пробала,конкретно од ревокс не сум користела хијалурон,но истиот е навлажнувач и хидратор за кожата,нема да те пресуши
Хијалуронската киселина е хјумектант, или како год да се вика на македонски, што значи нејзината хидратантност се должи на влажноста во воздухот. Многу сува клима може да предизвика екстремно сува кожа, односно спротивен ефект да постигне. Кога живеев на повлажно место обожував хијалуронски серум, меѓутоа две лета не сум била во Скопје и малку сум скептична како ќе ми реагира кожата тука.
https://www.alexandar-cosmetics.com...nt-serum-revuele-revox-just-vitamin-c-20-30ml кликни на ingredients
Како го употребуваш, секој ден или поретко? Го измиваш или го оставаш на кожа преку ноќ? (пошто сепак е peeling solution).
Салицилната киселина ја користам на 6 дена, после тонер, пред хидратантна крема. Не ја измивам, по две капки ставам за целото лице, и ја оставам во текот на ноќта. Понекогаш по салицилната ставам Centella Unscented серум на Purito, бидејќи знае мн да ја смири кожата и да ја хидрира.
Јас го користам секоја вечер и не го измивам лицето..го користам 2 недели и имам подобрување,ми се намалија порите и некои флеки се исчистија..баш сум задоволна не очекував.