Дали салицилната ќе ми помогне за white heads? Се мислам да ја купам ама страв ми е дека лошо ќе ми реагира и исуши дополнително зошто имам сува и чуствителна кожа. Или ако имате друга препорака, добредојдена е.
Ако си добро хидрирана, т.е. имаш добра хидратантна крема, нема да почувствуваш некоја драстична разлика, а и не мора да ја користиш често, можеш 1-2 седмично. И јас имам нормална кон сува кожа, па користам салицилна киселина.
Па не знам, ич не ми е добар. Не знам колку толно го користам ама сигурно неколку месеци. Црнките и белките стојат, акп не па и повеќе..
Салицилна к. дали оди во комбинација со кремата за лице на Зиаја од краставица? Да не е премногу "слаба" кремава? Страв ми е да не ми го пресуши лицето киселината..
Планирам и јас да земам ниацинамид/салицилна киселина (навечер) и витамин Ц (наутро). Па сега прашањето ми е, кои креми (ноќна и дневна) би ми ги препорачале да ги земам за да ги комбинирам си нив?
Јас почнав да го користам од пред три дена. Имам 34 год и го ставам сега за сега навечер. Од овие три дена можам да кажам дека го чувствувам благорпијатен, како да ми ја освежува кожата и намалува пори (наутро особено зебележувам разлика).... Веројатносо подолгорочно користење ќе можам да дадам повеќе информации...
Пред некое време почнав да ја користам салицилната на ревокс, првично 2-3х неделно, а сега секој втор ден да речам. Лицето ми е почисто од кога било. Ја ставам навечер во комбинација со азелеична(после салицилната, а пред салицилната се мијам со пена од Балеа), на сабајле ставам нијацинамид секој ден.
Колку време може да се става витамин Ц неделно и колку препорачувате? Го користам насабајле со фактор, а навечер ставам салицилна и тоа не планирам како претходно да ја ставам секој ден, туку три пати неделно, а во останатите 3 планирам ниацинамид за да не го нарушам дејството една на друга.
Може да се става секој ден, баш и наутро е подобро, бидејќи ти дава дополнителна заштита од сонцето, покрај СПФ кремата.
Ц витаминот најубаво наутро и можеш словодно секој ден, а другиве навечер како што си ги распоредила.