По бојата личи дека е лесно оксидиран. Не е страшно и може да се користи, но ме чуди бидејќи вчера си го купила... Инаку кога ќе стане портокалов, веќе е речиси целосно оксидиран и не е погоден за употреба.
Теоретски може, да. Витаминот Ц е многу сензитивен на светлина и прекумерна топлина на пример, а оксидира и во контакт со воздух. Со оглед на тоа што речиси сите овие производи се затворени во кутивчиња, светлина и воздух не би биле опција, значи само ако е чуван на прекумерна топлина подолго време па почнал да оксидира. Чувај го во фрижидер за да му извадиш максимум пред да оксидира речиси целосно.
Да не го зема од ДМ? мене исто ми се случи од ДМ го зедов пред некој ден кога ги отворив вечерта дома веќе малку оксидиран
Јас бидејќи го имав нарачано од torba.mk им пишав мејл, не добив никаков одговор, потоа им ѕвонев и не креваа, па се откажав. За од ДМ не знам, ама сметам дека и тие и torba.mk имаат нарачано поголеми залихи и не ги чуваат правилно, т.е. во топли простории.
И јас имам потполно исто искуство до со torba.mk Серумот беше со истс боја како вашиот. Го искористив максимум 10 пати и другото го фрлив
Ја немав фискалната сметка, во спротивно ќе го вратев серумот, ама без фискална неможам ништо. Следно сега кога ќе купам ќе ја чувам сметката па ако е оксидиран ќе го вратам.
Веќе две недели ги користам салицилната киселина навечер и ниацинамидот наутро. Веќе гледам промени премногу и сум многу задоволна. Од денес вметнав и витамин ц ( и јас го земав од дм и мојот е пожолтен) , прочитав дека треба со ниацинамидот да се користи во различен дел од денот. Прашањето ми е, дали можам салицилната навечер да ја комбинирам со ниацинамидот и кое оди прво?
Девојки ми стаса ниацинамидот, може ли некоја да ме посоветува. Шо треба да користам, кога да го користам серумот? Дали треба креми некакви или не мора? Јас имам мрсна кожа, без акни , со премногу црнки на т зоната.
А витамин ц со нијацинамидот? Гледав видео од dr. Drey кај што кажува дека може, ама на упатството пишува не.
Можеш, сеедно е по кој редослед. Ако велат така не ги мешај, иако јас мислам дека тоа повеќе го пишува од претпазливост; сакаат да избегнат било каков ризик за иритација, без разлика што е мал.
Само ниацинамид нарача? Треба да најдеш соодветен клинсер за да ја измиваш кожата, после се ставa ниацинамид, оставиш пет минути да се исуши,ја влажниш кожата благо па ставаш хујалиронска за хидратација,па крема. Ако користиш само ниацинамид може да ти го исуши лицето. Ако го користиш денски пожелно е крема со спф,препорака за крема: Софора Јапоника со спф15 дневната крема на Natura Siberica.
Можеш да ги користиш двете навечер, ама гледај да има пола саат размак меѓу нив. Редоследот не е многу битен, од практични причини подобро ти е веднаш после чистење на лицето на влажна кожа да ставиш ниацинамид, па после на сува салицилна.
Нијацинамидот не го суши лицето иако помага во регулирање на серумот; напротив, го хидрира, особено во комбинација со други хидратантни состојки. Помага и во одржување на заштитната бариера на кожата, па така придонесува во намалувањето на TEWL (tran-epidermal water loss). Затоа и на серумот од REVOX пишува daily moisturiser. Јас имам нормална кон сува кожа и дури по нанесувањето само на нијацинамид веднаш ја чувствував кожата похидридрирана. @Kjara15, дали ти треба крема или не е комплицирано да се одговори. Од една страна се вели дека користењето на хидратантна крема ќе ти помогне да се регулира лачењето на себум, од друга страна сум слушнала од дерматолози дека не секому му е потребна крема (обично се мисли на тие што велат дека не им е потребна бидејќи лачат многу себум/масло). Сепак, особено ако имаш мрсна кожа, важно е да имаш клензер (средство за миење лице), за да не ти се собираат нечистотии на него (како црнки и слично). Исто важно е секој ден да користиш СПФ крема со фактор од минимум 30 (не мора ако не сакаш хидратантна, можеш директно после измиено лице наутро или после нијацинамидот да ја ставаш).