Епа затоа што имаш друг тип на кожа мислиш дека не го суши. Мојата е комбинирана и сум го користела и така па ми го исуши и дополнителен проблем ми направи. Чинам дека и други девојки овде зборуваа дека може да го исуши лицето.
Го кажав тоа бидејќи природно имам посува кожа, што значи дека ако нешто има потенцијал да ја суши кожата, прво ќе ја почувствуваат тие со посува отколку со помрсна кожа (нив може и воопшто да не ги суши). Ти ако не се лажам користиш/еше и салицилна киселина, која има потенцијал да предизвика сувост на кожата, особено кај посувите делови и особено ако се користи почесто.
Јас користам салицилна во комбинација со хујалиронска веќе четири месеци и немам никаков проблем. Лицето ми е здраво,хидратирано. Дури без шминка одам на работа.
@Kjara15 ако имаш шминка прво мицеларната, па пената, па ниацинамид, па крема. Ако немаш шминка ја прескокнуваш мицеларната и ако го користиш преку ден место кремата што ја користиш обично ќе користиш крема со спф.
Дали после тоник со ниацинамид, лактична, гликолна и маделична киселина ќе може да користам салицилна киселина или азелеична на ревокс? Благодарам
Азелаична можеш да комбинираш скоро со се, а салицилната не ти препорачувам со таков тоник бидејќи може да ти се иритира кожата, па ќе треба да паузираш некое време со се додека ти се опорави.
Дали го користи некој витамин ц серумот од ревокс, да ми каже дали има боја серумот? Пред некој ден го земав, има некоја боја измеѓу розева и црвена, не знам дали така треба да биде.
Оксидиран ти е. Има истражувања околу промената на боја и докажано е дека што потемна боја тоа помала ефикасност. https://www.google.com/amp/s/www.fu...ose-potency-turns-yellow-futurederm-labs/?amp
Девојки ве гледам доста се разбирате и мислам дека е океј ама сепак да си прашам Дали би било океј на сабајле да ставам од азеаличната киселина а навечер салицилна? Пример од ова насабајле секој ден а салицилната на два дена навечер за почеток Кремата што ја е користам оваа, знам дека после серумот се става кремата.
Јас ја земав од дм, ја има и во космо мислам и по маркетиве ваљда. А иначе добра ми е за преку ден не е многу густа и мрсна, онака ми е лесна хидратантна според мене. Само околу очите ставам крема од балеа за околу очи дека приметив од оваа ми солзат ме иритира таму не знам зашто. За цена појма немам искрено цени да ме утепаш не памтам ама не е скапа мислам дека беше под 400 може и 300 и нешто ама не ме држи за збор може да сум грешка
Може да се користи ако е наутро азелаична, навечер Сона. Но ако забележиш дека кожата ти е многу сува тогаш не ги користи во ист ден. Сепак секоја кожа различно реагира.