Дали ниацинамиот го ставате на влажна или на сува кожа? Вчера го купив и ставив на сува дали да продолжам така или да го намокрам лицето пред да ставам?
Започнав со niacinamid и azelaic acid на revox веќе една недела,прво тестирав,зошто имам пресензитивна кожа која реагира на се и не ми се верува дека немав никаква реакција. Дури кожата многу убаво ми ги прифати и кога ќе ги ставам чувствувам како некоја свежина на лицето. Почнува да ми се смирува и црвенилото. Кај ниацинамидот пишува дека треба еднаш дневно да се нанесува,мене од што ми се бендиса сакам и насабајле и навечер ама дали смеам знае некој? Еднаш ставив два пати и немав реакција ама незнам дали смее често да не има некоја последица.. фала
Дали откако почнавте да го користите нијацинамидот приметивте некои ситни мозолчиња ? Бидејќи мене ми излегоа а немав никаква друга реакција па сакав да прашам дали е нормално а ова е втор ден како ставам
Ми излезе по некое,конкретно на носот ама одма се повлекуваа. Имам и на брадата таму од предходно ми излегуваа често и поголеми ама приметив дека одма се сушат и тие после еден ден,веројатно затоа што тој дел ми беше секогаш масен,а нијацинамидот регулира мастење и баш заради тоа ми одговара многу. А може се сушат и од azelaic-ot Следи си ја состојбата понатака секоја кожа различно реагира,може да ти е јака концентрацијата ако многу се нафрлаш или едноставно да не ти го толерира кожата.
Здраво девојки, користам нијацинамид наутро и салицилна навечер, сега сакам да воведам и азелаична, па сакам да ве прашам дали азелаичната може да се користи навечер со салицилната, пред или по кремата? ви благодарам
Не се комбинираат повеќе активни состојки како салицилна и азелаична, така што ќе ја ставаш само после нијацинамидот, или некој друг хидратантен серум, а после неа, ако чувствуваш потреба, можеш да ставиш хидратантна крема. Фотостабилна е азелаичната, можеш неа и наутро, ама обавезно после неа стави спф.
Некоја феминка што го користи подолго време да сподели дали приметува некоја разлика и каква? Се мислам дали да го земам и да го користам како ноќна крема
Дали салицилната киселина помага за лузни од акни? Не флеки, лузни. Зошто користам веќе една крема за флеки и пеги и почнаа да ми се чистат флеките од акни, ама под нив забележувам лузни. Или некоја поефективна киселина за лузни? И ако може да ми го објасни некој целиот процес, кога, колку и како се нанесува, дали се измива, што се става после киселината, зошто ова за мене е шпанско село.
За лузни помагаат хемиски пилинзи како тој Aha bha на Ordinary еднаш неделно, гликолна или млечна киселина секојдневно. Ретинолот доста помага, па можеш да го земеш од Ординери 0.2 како за почеток и да го користиш прво два пати неделно па да наголемуваш додека се навикне кожата. Тој се користи навечер и врз него крема. Другиве можеш преку ден и врз нив спф. А ако сакаш побрзи резултати тоа само со микродермоабразија и ласерски третмани.
Оваа ти е добра крема а целта и е хидратација,добра е и супер хидрира . Мојата е масна кожа и ми одговара многу е сега чуда не прави никакви,ниту лечи акни ниту брчки.. Доколку сакаш убаво да ти ја омекне и хидрира кожата земи ја
Па да, тоа ми треба, да ми ја хидрира кожата а и онака немам некое проблематично лице. Битно ми е само да не ми ја мрси кожата дека имам масна Т-зона.
Ако бараш дневна крема Софора Јапоника е одлична и не го мрси лицето,делумно кажано го држи себумот на граница. А оваа ако сакаш користи ја навечер,јас навечер ја користам таа другата + HA на ординери.
Девојки,споделете искуство со серумите, имам флеки од бременоста, шминкерката ми ги препорача овие две, кај неа имало подобрување, т.е. обледување на флеките.. На кој начин се користат,дали ги има во дм и која цена се?
Azelaic помага и ниацинамид. Помага и вит. Ц ама не го фалат овој зошто е оксидиран. Цена околу 300 ден. Често на попусти се во ДМ.