Поскапи се претпоставувам заради разликата во состојките. Едните се органски, другите не се. Едните имаат пропилен гликол на втора позиција, другите имаат глицерин, пантелнол (провитамин Б5), едните имаат ПЕГ соединенија и силикони, другите имаат органски масла од шипинка, јојоба и сл. и така натаму. Кога веќе се користат производи со висока концентрација на активни состојки за разни проблематики, мој совет е повеќе да внимавате на составот, со цел да одбегнете решавање на еден проблем, а активирање на нови 2-3. За таа цел е важно, производот пред се да не биде од агресивна природа. Aqua, Isododecane, Dimethicone/ Bis – Isobutyl PPG-20 Crosspolymer, Cyclopentasiloxane, Ethylhexyl Stearate, Ethoxydiglycol, Azelaic Acid, Isopropyl Myristate, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/ VP Copolymer, PPG-1-PEG-9 Lauryl Glycol Ether, Phenoxyethanol, Disodium EDTA. Формули од ваков вид, само се потенцијал за отворање на нови жаришта.
@eva993 Ти благодарам многу на одговорот. Искрено, откако ја открив @Biodevojka на форумов, гледав да се информирам повеќе околу состојките на козметички производи, да ги препознавам барем нафтените деривати, силиконите и парабените. Ама, за Revox искрена да бидам воопшто не ги загледав состојките, дали дека само брзав да најдам нешто да си го решам проблемот, а од AHA киселините сум задоволна, друго ништо немам земено. А баш сега отворив состојки и на азелаичната на The Ordinary, и таму има силикони во формулата... На True Alchemy не можев да најдам. Ако си задоволна од конкретен производ од било која од овие три фирми, те молам препорачај ми.
@blueeparadise, јас досега со продуктите на Revox сум немал негативно искуство. А не е дека имам едноставна кожа. Мрсна, осетлива, плус склона кон акни. Хидратантната на Балеа што е преедноставна, мене ми правеше акни цело време на образите. Ова за споредба. Azelaic има многу нежен ефект, јас ја мачкав низ образите и многу ми го имаше смирено црвенилото и дел од флеките предизвикани од акни. Единствено што приметив е дека можеби ми ги полнеше малку порите и ми се појавуваа whiteheads, затоа сега ја заменив со салицилната, а неа ја користам само како spot treatment. Кога сме кај салицилна, јас уште одма приметив резултати. Ја користам втора недела, whiteheads веќе и да немам, а претходно имав доста во делот на брадата. Текстурата на кожата ми е исто така порамна. Нијацинамидот мислам дека ми ја прави кожата поцврста и поеластична. Моја забелешка ова. За кофеинот мислам да не фрлаш пари. Од тоа што сум гледал по јутјуб скинкер експерти, кажуваат дека нема никаков ефект. Јас го купив пред некој ден бидејќи немаше нијацинамид во моето ДМ, а кофеинот беше на попуст. Ќе го употребувам нареднава недела, па ако сакаш ќе споделам резултати.
@Ketchup Фала Кечап што објасни вака убаво. Нова сум ептен во ова, и пример кога читам за салицилната и азелаичната киселина на The Ordinary и Revox, пишува различни работи за што се користат, а и општо на нет. А во последно време почнав да ја гледам Касандра Банксон на јутјуб, esthetician е ми се чини, она го фалеше кофеинскиот серум на The Ordinary за fine lines, а и имаше доста позитивни коментари на видеото дека многу им помогнал за темни кругови под очите. Па, видов дека и Revоx имаат и затоа се затрчав да го земам. Инаку, може, пиши баш како ќе си задоволен. А и уште нешто, ниацинамидов всушност за што се користи? За избледување на флеки или?
За хиперпигментација, односно за изедначување на тенот, го контролира лачењето на себум а притоа не ја суши кожата, ја подобрува текстурата на кожата, помага за акни и минимално за брчки. Исто така го намалува црвенилото.
Здраво, го купив витаминот ц. Го користев можеби недела дена ама ми оксидира на лице. Дали и на некој друг му се случува истово? Исто така ја тестирав пх вредноста на серумот и е околу 6.5-7. За да биде ефективен треба да е барем под 4, идеално 3. Не сум задоволна.
Дали некој ја има користено азелаичната киселина и може да направи споредба со таа од The Ordinary? Јас ја користам таа од ТО веќе една година и задоволна сум.
здраво Kittybaws= витамин Ц од Ревокс се џабе фрлени пари- 2 пати го купив и два пати заврши во канта. првиот пат го нарачав од Торба МК и уште на отворање беше оксидиран- темно портокалова боја. Вториот пат го купив од ДМ со надеж дека ќе е подобар. беше со жолта боја и за 1 недела оксидираше до темно портокалова. И мирисот исто така не ми се допаѓаше- мене ми мирисаше на пиво. Го имам пробано и Алскорбик асид на ТО и тој е далеку подобар- остава масен финиш некако и леплив е ама барем има видиливи резултати и по 3 месеца користење сеуште не е оксидиран. Исто го имам пробано и Вит Ц на Натурал велт- тој не оксидира, убаво се впива ама немав некој видливи резеултати и по истрошено цело шише.
Не знам зошто упорно се купува вит Ц на Ревокс кога секоја членка на форумов се жали дека и е оксидиран уште на почеток. Подобро земете на Ординери, заедно со уште некој производ и нема да ви дојде скапо.
Еве јас не читам секој ден по темиве и гледам што пишуваат другите. Јас го купив кога го донесоа во дм. Тоа беше во септември мислам и само сакав да споделам мислење. А и пред да го купам немаше многу ако не ич рецензии за серумот во темава.
Се согласувам со Ева. Состојките и формулата многу влијаат врз цената на финалниот производ. Ако јас земам силикони кои ќе ми ја “замачкаат“ празната формула на производот и притоа ќе дадат лажен ефект врз кожата со оглед на тоа што се евтини може да ставам пониска цена. Кога ќе земам поквалитетни состојки и повеќе ќе ги платам затоа што мора внимателно да ја направам и смислам формулата повеќе ќе ме чини. Иако има креми со силикони кои коштаат премногу затоа што го плаќаш името и брендот, како и производи кои се квалитетни и евтини (доколку државата ги помага произвдителите како што е случајот со Германија) или пак доколку е фирма која има и други заработки. Моја препорака ти се дефинитивно на True Alchemy (имам пробано скоро сѐ од нив) затоа и јас самата ги рецензирав. Се надевам помогнав. Поздрав п.с. Ти благодарам на убавите зборови дека откако си ме открила си почнала да учиш повеќе за формулите...Тоа ми е целта самите вие да почнете да правите разлика помеѓу производите кај нас на пазарот. Те гушкам
Само што се уклучив на форумот со намера баш да пишам во темава, видов @Biodevojka ме цитирала. Сакав да прашам некој поискусен, значи вака ставив AHA 30, и наредниот ден се си беше океј, и вчера мислам забележав под очите и на почетокот на образите доста розеви флеки, две - три розеви бубулички, и општо текстурата на кожата на образите ми е како нерамна, со зголемени пори. Прво помислив да не се мали изгореници, ама не ме болат ниту печат, иако имаше едно до две што ми заличеа така, ама воопшто немам ни болка ни затегање. Некој со слично искуство? Дали ќе избледат со тек на време, дали е ова нормална реакција?
@Biodevojka Еве ја декларацијата: Aqua, Pyrus Malus Juice, Citrus Aurantifolia Juice, Actinidia Chinensis Fruit Juice, Propylene Glycol, Phenoxyenthanol, Xanthan Gum, Ppg-1-peg-9 Lauryl Glycol Ether, Disodium Edta, Potassium Hydroxide, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate. А инаку вечер си го измив лицето, па ги ставив киселините, после 10 минути се измив и си ставив крема против флеки и пеги стандард што си ја ставам, има фактор 15ка самата крема, и под очите масло од роза. Откако ги имам ставено киселините, само еднаш имам излезено и тоа најмногу во кола седев, пред тоа си имав нанесено од истава крема. Сега сум на мисла да не не е доволен факторот, па затоа ми се случи ова...