@blueeparadise, само 15ка фактор во хидратантна крема мислам дека не е доволно. Јас би ти препорачал да си земеш минимум 30ка за во зима и да е посебно од хидратантната.
Чекај чекај драга нешто...навечер ставаш крем со спф??? Пиши ми декларација на кремот. Кај серумов не гледам ништо чудно...Не е комплетно природне секако...Пиши ми декларација на цела рутина од миење до крем. Нешто може да не се поклопува
И јас не ја разбрав убаво. Зошто фактор навечер кога нема потреба, и зошто друго масло за очи. Аха се нанесува самостојно и само крема.
@Biodevojka Вака, да објаснам убаво. Значи, прво си го мијам лицето со антибактериски сапун и секогаш после тоа си нанесувам од Леа кремата против пеги и флеки, хидратантна крема е, и покрај тоа има 15ка фактор, значи не ја користам таа крема конкретно за заштита од сонце. Си ја нанесувам и навечер и наутро. А маслото од роза од Алверде го ставам под очите само наместо eye cream, зашто ми пружа убава хидратација и убава ми ја прави кожата под очите. Конкретно овој пат, се измив со сапунот, ставив АХА, после 10 минути ја измив, ставив Леа крема и маслото од рози. Декларацијата на Леа никако не можам да ја најдам, а кутивчето го фрлив, ама знам дека имаше парабени. Во секој случај, не верувам дека од кремата ми излегоа овие работи, зошто пред тоа ја користев и се си беше во ред. Не сфаќам дали се изгореници ова, но ќе кажам пак не ме болат, ниту печат, ама не сакам вака да ми остане. Од сега 30ка ќе ставам.
Пак ќе ти кажам Аха не се меша со други масла, се става самостојно. Се користи навечер. Да поедноставнам: Миеш лице со сапун, после 5 минути ставаш Аха после 10минути измиваш,ставаш крема и толку. Аха не се користи наутро никогаш,јака киселина е. Си ја измешала си ставала Аха па масло и нормално реагира кожата.
@buba4e89 Навечер ставив АХА секако. Не сум слушнала дека не може масло да се стави врз АХА... Фала ти на одговорот.
Масло не е киселина за да не се меша. Напротив, убаво е да се нанесе после пилинг со к-на бидејќи истата ја суши кожата, па што повеќе хидратација и nourishment после третманот, тоа поубаво. @blueeparadise, не знам зошто ти се појавила иритација, ама не е од маслото. А на Леа кремата, Биодевојка сигурно нема да и ја бендиса декларацијата.
Па каде прочита дека реков дека е киселина?! Нека проба еден ден само со Аха без маслото па ќе процени. Не верувам да е од кремата,а верувам дека и од киселината.
Не рече киселина дека е, ама само actives не се мешаат едни со други и тоа се знае кое со што, а маслото не е тоа. Не мора да значи дека е од нешто конкретно што нанела, може само така се погодило да баш се појават на денот по третманот.
АХА ставаш секој ден? Можеби тоа е проблемот не треба пилинг секојдневно да се прави. Кас не ја знам декларацојата на ЛЕА и не можам да коментирам. Според мене премногу ексфолијација на кожата ја ослабнува природната заштита на самата кожа и потоа нормално е дека се појавуваат несакани последици. Јас би ти препорачала да суспендираш одма АХА. Ако сакаш прати ми слика во приватна порака да видам каква е кожата. Ако е како изгореници црвени потребно е да се делува со производ со ленитивно дејство. Би ти препорачала масло од кантарион само на црвените делови. Верувај јас кога и да се изгорам од рерна при готвење (ми се случува многу често) кога ќе нанесам кантарионово масло (си направив цело кило летоска) поминува за два до три часа...нешто неверојатно. Или производ на база на цинк оксид. Како крем за лице најискрено би ти го препорачала на Конопка калминг за комбинирана кожа која е дехидрирана. Преубав е ја нормализира кожата. А за миење на лицето земи нешто понежно. ТИ премногу измиваш па плус киселини и заштитниот филм ти кажал чао. Ова е мое мислење секако ти може или не мора да ме послушаш. Поздрав.
@blueeparadise, како што кажа и @Emy867, можеш да ставиш масло после AHA, но зависи и што има во него. Конкретно во ова што го користиш, има 6-7 мириси кои можеби обично кожата ти ги трпи, но после пилинг кожата е особено чувствителна и овозможува подобра пенетрација и на останатите состојки. Може тоа ти прави проблеми, особено во кожата околу очите, која е најтенка и полесно може да се иритира. Пробај без маслото, ќе видиш дали е до тоа. Истото може да важи и за Леа кремата. Втората опција е дека можеби ти е прејак тој производ како за прв пат користење на AHA производ, па почни со нешто послабо. Третата опција се СПФ филтрите во кремата, односно дали тие се хемиски или физички/минерални. Хемиските филтри се ок, но не ги поднесуваат сите луѓе. Повторно, може инаку ја трпиш кремата, но сега поради пилингот кожата ти е „поранлива“, „почувствителна“ на сè, па може филтрите да ти прават проблем. Четвртата опција е дека можно е некоја/и сосема друга/и (комбинација на) состојка/и да се проблемот, но тешко е да се утврди што точно. Петтата опција, како што кажа Еми, е дека можеби тоа што ти се појавило е неповрзано со тоа што си употребила, туку случајно се погодило да се појави баш тогаш. Парабените се ок, освен ако немаш баш алергија на нив, што е многу ретко. Останува да испробаш да го користиш AHA производот без масло, без крема или без двете и да донесеш заклучок во зависност од тоа како ќе ти се однесува кожата.
Јас го имам купено витамин ц одамна и кога ја видов бојата и мирисот истото го помислив, па ја прашав Магнолиа, ваљда повеќето ја знаете, ми кажа дека нормално било, бидејќи имало плус некоја состојка шо го прави таков и дека не бил оксидиран.
Девојки, ви благодарам на сите. Полека почнаа да ми избледуваат флеките, може било некоја моментална реакција. Е сега, пак имам прашања. Сакам да воведам салицилна киселина, ниацинамид и колаген + ХА. Планирам салицилната да ја ставам навечер преку еден ден, пример понеделник, среда и петок, а АХА киселините во недела. Ниацинамидот се користи секој ден наутро или? И за колагенот + ХА не знам како и кога да го вметнам, не знам дали може да се става секој ден. Може ли некој да ми помогне за редоследот?
Можеби треба таква да му е бојата- јас ги прашав во торба.мк и никогаш не добив одговор. Јас го користев околу 1 месец и не забележав никаква разлика во однос на хиперпигментација, дамките, црвенило од акни. Пробај, секоја кожа е различна.
Најпрво би ти препорачал да не почнуваш со многу продукти наеднаш, бидејќи ако ти се јави некој проблем нема да знаеш од што ти е. Нијацинамидот јас го ставам наутро бидејќи го регулира себумот. Баш изминативе два дена немав ставено нијацинамид и видов која разлика ја прави. Салицилната како што кажав ја ставам само двапати само на образите и еднаш на цело лице. Колагенот мислам дека се користи ко хидратантна крема, можеш и наутро и навечер, ама ако веќе ја користиш таа на Леа за преку ден, можеш оваа да ја оставиш за вечер. AHA со која намера почна да ја користиш?
Витаминот Ц на ревокс е таков, со жолта боја, не е од оксидација. Мене ми е супер, во утринска рутина после хидратантен серум. За разлика од витаминот Ц од др Витон(ако така се викаше) и тој на Авон, овој е супер и кај мене има доста разлика во намалување на флекички од акни и црвенила И ниацинамидот го користам навечер во комбинација со крем за потхранување, исто и хијалуронската киселина си ја ставам во ротација со други серуми. Инаку за акни, салицилната е одлична, два три патои неделно. Ама во секој случај, мора упорност во рутината за да покаже резултати.
@Ketchup Фала Кечап. Инаку, како и да е јас планирам да си ги воведувам едно по едно, сега прво планирам да си ја земам салицилната, па за некој период ниацинамидот, па после колагенот. АХА почнав да користам првенствено за акните, немам многу, ама имам некои тврдоглави што не се ни за стискање, општо за текстурата на лицето, за чистење на порите (се надевав дека помага и за црнки) и за флеки од акни.
Дали од оваа козметика има нешто за проширени пори? И уште нешто... Си ја купив хијалуронската киселина. Се уште ја немам пробано. Пишува дека наутро се користи. Се употребува самостојно или над неа се става крем и дали можи и навечер да се користи? Фала
За проширени пори помага ниацинамидот, го имаат. А хијалуронската можеш во било кое време, само што ќе го измиеш лицето и врз неа обавезно крема. Всушност таа помага да се задржи влажноста на кожата.
Хујалуронската се става по нијацинамидот ама некои ставаат хујалуронска па нијацинамид за да им е полесно. Јас го правам првиот тип така се навикнав а и кожата ми се навикна. Исто се користи и навечер после некој серум освен црвениот пилинг и во двата случаеви обавезна е крема само што за денската рутина пожелно е крема со спф.