@buba4e89 @Elence93 фала ви девојки. Тогаш, ќе треба и крем посоодветен да си одберам. Користам на Балеа, ама некако ми ја мрси кожата, т.е не се упива. Ревокс имаат дневен крем за секојдневна употреба ? Или да ми предложите некој за комбинирана/осетлива кожа(имам по некое црвенило и мозолче)?
Топло ти ги препорачувам дневната и ноќната крема на Natura Siberica особено за комбинирана кожа,одлични се. Дневната има спф15 тамн за овој период иако е мал факторот лично сметам дека е доста.
Здраво девојки, прв пат пишувам на темава. Почнав да листам и читам ама пак не си давам право да бидам експерт - читај: ништо не ми е јасно! Пред некој ден во ДМ застанав пред Ревокс-ите, да купам некој, но не знаев за што попрво да се фатам. Ги прочитав сите и ништо не разбрав. Ми треба совет. Ситуацијата е ваква: кожата ми е нормална. Понекогаш мозолче-две, претпоставувам хормонски, оти сум на породилно. Не ја третирам скоро никако. Еднаш наутро ставам крем на Др.Хаушка од мелиса. Не се ни шминкам (со оглед на ситуацијава не одам никаде ). Сакам да земам нешто за почеток. Нешто за околу очи. Нешто против брчки. Нешто за да и дадам малку живот на кожата. Па и не мора да е Ревокс. 30+ сум. Што би предложиле?
Имал ли некој од вас реакција од Ниацинамид? Всушност оние side efects кои ги гуглам, црвенила по лицето-ги немам. Втор пат веќе со паузи пробувам да го користам и втор пат ми искачаат акни. И тоа не од оние нежни ситни кои со благ пилинг ги снемуватуку од тие поткожни и болни што се. Се мислам дали има некоја реакција да исфрли се на површина и на тој начин да го чисти лицето?
сакам да прашам како се користи витаминот ц, може чистење со маслена купка+тонер+вит.Ц+хидратантен крем? едит. читам дека е подобро навечер значи вит ц + хијалуронска + нокна крема?
Подобро е наутро витамин Ц: Зошто користиш маслена купка наутро? Маслените производи најчесто се препорачуваат навечер, за вадење на СПФ крема или шминка (иако не се задолжителни), по што следи гел за миење лице за да се измие маслото и сите нечистотии кои ги извадило. А два пати дневно масло+гел мислам дека е непотребно, нема што толку многу да се чисти од спиењето. Ако сакаш некако да се исчистиш наутро, доволно ти е само гел. Ако пак имаш посува кожа и поради таа причина го користиш маслото за миење, а не гелот, тогаш не мора ништо да користиш и можеш да се измиеш само со вода. Ако го ставаш пак маслото не за чистење туку за да не чувствуваш сувост наутро, не дека е грешно, ама правиш сè после тоа потешко да навлезе во кожата. Ако се чувствуваш суво, можеш хијалуронската киселина да ја користиш наутро или 2 пати дневно. Инаку, редоследот ти е во ред, само ако ставаш нешто пред хијалуронска, не чекај скроз да ти се исуши кожата, туку стави ја додека сè уште ти е влажна, за да ја впие водата (од производот) и да ја однесе во кожата.
Земав неоцинамид од Ревокс, и една крема од друга фирма појма немам како се викаше, на природна база, и презадоволна сум. Една недела само како го користам и веќе приметувам разлика на лицето, едноставно поздрава ми изгледа кожата. Го мијам лицето со една пена на природна база, па ставам од серумов и потоа кремата, еднаш дневно, углавном пред спиење. Ме интересира дали може да земам и Витамин Ц серум кој би го нанесувала наутро, или предложете нешто кое би можела утрински да го комбинирам со неоцинамидот. Грасиас
Ниацинамид* го користам и јас и задоволна сум точно е дека поздрава ја прави кожата и поубава. Што се однесува на витамин Ц на ревокс еве го уште го имам сма не бев задоволна многу брзо оксидираше. Можеш хијалуронска да мешаш со ниацинамид за поголема хидратација, ја имам на ревокс исто и не е лоша
Фала на поправката. Хијалуронската би ја користела еднаш дневно, наутро, и дали треба да ставам крема после неа ?
дааа обавезно, мораш на убави влажно лице и после одма да ја ‘’заклучиш” со крема инаку ке ти ја исуши кожата затоа што си бара влажност
Дали може да се комбинираат Ниацинамид и Squalane? На полувлажна кожа ниацинамид па после откако ќе се упие да ставам Squalane?