Го имам АХА/БХА серумот на Ревокс, ме интересира дали освен хемиска ексфолиација на лице дали може да најде друга примена? Не сакам да го фрлам, не е многу користен.
Можеби е глупаво прашањево, ама сепак, ако има некој поинформиран, да ме советува. Дали е можно да се ,,засити" лицето од салицилна киселина? И како замена за ова, за spot treatment, за спречување на црнки, што би препорачале?
Не, едноставно значи дека толку може да направи за твојата состојба. Spot treatments исто се често со одреден процент на салицилна киселина. Единствено друго што на долгорочен план може да ти помогне се ретиноиди, но треба доста време за да видиш резултати, особено со послаби ретиноиди (со кои треба да почнеш ако не си користела претходно ретиноиди). Ако пак остануваат, преостанува само екстракција кај козметичар или дерматолог, па да се трудиш тоа да го одржуваш што е можно подолго со салицилна киселина или ретиноиди, за поретко да одиш на екстракција.
Девojки пoчнав сo кoристење на ниацинамид oд revox целo лице ми се направи какo сo ситни брунчиња мoжнo е да не ми oдгoвара или сеуште краткo гo кoристам самo два дена?
Користам неколку месеци хијалуронска плус Ц витамин наутро, а навечер ниацинамид па маслото од роза од Алверде или ноќен крем. Чиста ми е кожата и хидрирана, имам забележано резултати, ама сакам нешто да земам за чистење на митесерите во делот на брадата. Мислам на тие ситни што се видливи само ко ќе е оптегната кожата. Која киселина да ја земам и дали ќе имам проблем ако ја користам на цело лице а ми е нормална кожата?
Салицилна користам 3 пати неделно. Ниацинамид ставам наутро. Кога да почнам да ја користам хијалуронската киселина, наутро или пред спиење?
Јас ја имам користено , бев задоволна многу . Има многу убав состав , супер хидрира и не е тешка и масна.
Можеш кога сакаш, таа е навлажнувач и нема несакани реакции со било која активна состојка која ја користиш. Јас ставам и наутро и навечер.
Ја купив салицилната, ми треба совет за правилно користење. Сегде различно читам. Прво, дали се мие или не? Дали да ја ставам под или над крема? Планирам да ја користам на Т-зоната, брадата и делот околу носот на образите кај што ми се повидливи порите. Немам акни, само митесери ситни. И како да ја комбинирам со другите серуми? До сега насабајле ставав хијалуронска па витамин Ц, а навечер ниацинамид.
Јас ја користам од сабајле. Прво го мијам лицето, нанесувам салицилна, чекам да се исуши, па ставам дневна крема. Вечер пак го мијам лицето, ставам хијалуронски серум, па ноќна крема.
Не се мие. Под крема. Можеш како сакаш да ја комбинираш со овие серуми, меѓутоа, чисто за да не ставаш наутро 3 серуми, а навечер 1, можеш да ја ставаш навечер, во било кој редослед со нијацинамидот.