Салицилната киселина не предизвикува фотосензитивност како AHA киселините; напротив, се покажало дека дури и може да даде дополнителна заштита од УВБ зраците. Дури и AHA киселините можат да се користат наутро (и често се користат доколку навечер личноста користи ретинол, па за да ги оддели двете) доколку се внимава секогаш да се има добра СПФ заштита (да се реаплицира редовно, што и онака треба да се прави, киселини или некиселини).
Не ми менува ништо, како и да е користам крем со 30ка фактор. Никаде не пишува дека е штетна нејзината апликација преку ден.
Во ред. Јас имам искористено 2 шишенца и пред некој ден кога станав не веднаш ја направив утринската рутина т.е. не нанесов СПФ и имав јако печење на лицето (претходната вечер користев салицилна) затоа мислам дека е подобро навечер за мене.
А дали имате мрсно лице утрото после салицилна? Ноќта само го исчистив со тоник, ставив од салицилната почекав малку да се упие па пред спиење од ноќната крема што ја користам. Сабајлето светев ко со масло премачкана.
Не би требало да е од тоа, салицилната киселина баш може да го исуши лицето и најчесто им помага на луѓето со мрсна кожа во однос на вишокот себум. Можеби си се испотила за време на спиење, а ако се потиш и користиш „потешка" ноќна крема, може да светиш наутро.
Ги поделив хијалуронската со Ц витаминот наутро, а навечер сега наизменично дури ја тестирам салицилната ќе ставам ниацинамид. Ноќната е од Revuele, органската, богата е ама ми се впива веднаш.
После салицилната можеш да користиш хујалуронска и истата да ја користиш и наутро за хидратација плус. И после крема, баш да видиш дали ќе светиш.
Здраво. Имам комбинирана кожа со акни. Сакам да почнам со серумите на ревокс но незнам точно кои и како да ги користам.
Дали ги има некој користено овие масла има од арган, авокадо и рицинусово мислам и пишува дека се ладни цедени 100%, па ме интересира дали ги има некој погледнато и дали навистина се без алкохол, парфеми итн..
Ги ѕирнав сега рицинусовото масло и тоа од арган, чисти се, само имаат и плус витамин Е, тие две состојки се. Од авокадо не најдов чисто масло, најдов некоја крема/серум за под очи со масло од авокадо и вода од роза но не ми се допаднаа состојките, силикон видов а и уште нешто не ми се допадна. Инаку имаш рицинусово масло чисто и во аптека 50 мл е мислам а поефтино е од ова на Revox, 100 ден беше мислам. Арганово исто мислам имаше на други места, Биокосмос ли беше, а и низ чаршија имам сретнато една мала продавничка кај што продаваа најразлични масла што дури нигде ги немам слушнато ни сретнато, по 300 ден беа повеќето... Ако ти е за масла конкретно. Но можеш и од Ревокс да си нарачаш, ова јас да си се искажам.
Конкретно ме интересираше највеќе за аргановото и битно ми е да е чисто и за кожа и за коса, до сега имав само од Institute organica од ДМ купено арганово, тоа беше доста поскапо околу 900 денари.. А во Биокосмос немав побарано арганово.. Дали знаеш која е цената таму?
Dali Niacinamide e bezbeden za koristenje poveke vreme? Dali ima nekoi nus pojavi i slicno? Nesto so bi stetelo, ogranicena vozrast? Se vbrojuva vo kiselini ili antioksidansi?
Јас ги користам , првиот флуид е многу убав течен , нежен , воденест и убаво хидрира. А кремата е баш богата , густа и убаво хидрира . А за намалување на кругови не очекувај ништо , ама за дополнителна нега и хидратација се топ !