Ако не сакаш хијалуронската можеш да си го земеш серумот Бленд оил јас го користам наутро и навечер после другите серуми..ја прихранува кожата и ја хидрира.
Јас ги користам Нијацинамид, AHA 30% (еднаш неделно), салицилна киселина (двапати неделно) и последно го земав Витамин Ц. Од сите сум задоволна досега.
Да ве прашам, кога за еден продукт пишува дека може да се комбинира со други во текот на рутината, како да знам по кој редослед да ги користам продуктите?
Сакам да те прашам дали тој ден кога ставаш AHA. Не ставаш ништо друго така? Ако сакаш да ми објасниш подетално. Јас ги порачав; Витамин Ц наутро со крема со спф. Навечер Нијацинамид со крема на Uriage. И сега не ми е јасно кога ќе ставам тој ден АHA да ставам само крема со спф и ништо друго?
После ексфолијација на кожата со AHA не ставам од другите серуми меѓутоа ја хидрирам кожата со ноќна крема и масло за лице. Јас го измивам серумот AHA 30% по 10тина минути бидејќи сметам дека е премногу агресивен за да се остави преку ноќ. Се користи исклучиво навечер. Витамин Ц серумот ако го користиш наутро, почекај околу 20тина минути пред да нанесеш крема со СПФ. Иако читам повеќето на форумов препорачуваат Витамин Ц да се користи наутро, јас го користам навечер, а наутро нијацинамид. Исто така не ги мешај заедно AHA и нијацинамид.
Витамин Ц секогаш е прв, пред да го нанесеш вториот продукт почекај околу 20тина минути. Ако користиш хијалуронска киселина ја ставаш после витамин ц. Маслените препарати на крај.
А кажи ми тој ден кога ставаш AHA од сабајле си ја имаш истата рутина како и сите денови така? Многу ти благодараам.
Почнуваш со тој што има најлесна структура те водеста, па завршуваш со најгустото. Некој ти пишал вит ц прво, но има витамин ц во силикон, тогаш последен треба да е. Водести, па мрсните и на крај најгустите силикон/крема. Кип ит симпл. До три работи максимум на лице.
За справување со acne marks што ми препорачувате, салицилна или нијацинамид? Гелот за миење лице што го користам од гарниер пишува дека има салицилна во него, па поради тоа се мислам што да земам, да не претерам со истото и да испадне штета
За acne marks дефинитивно ниацинамид. Салицилната е повеќе за чистење на порите на кожата и за третирање на активни акни, не е толку фокусирана на избледување на флеки површински.
Ти благодарам за одговорот А како е најдобро да се користи? Секој ден, на цело лице или само на местата каде имам потреба?