Заедно ги комбинираш така? Прво нанесуваш од флуидот па врз него од кремата? И дали само еднаш дневно или може и наутро и навечер?
Здраво женски... Ајде и ја малце како неупатена за серумиве од Revox. Имам комбинирана кожа, па ме интересираа како се користат поточно Нијацинамидот и Салицилната Колку пати на ден и со кои продукти други во комбинациии одат? Која крема со СПФ одговара со користење на овие серуми? Моментално зедов само Azelaix Acid 10%. Ова конкретно Тука има што како се употребува, ама ме интересира дали со погоренаведените иде во комбинација или не? И поточно со кои комбинации ова иде? П. С некој што е мн поупатен општо у врска со серумиве нека ми пише тука што како се за нив или пак во порака
Нијацинамидот може да се користи секој ден (наутро или навечер), доволно е еднаш дневно. Може да се комбинира со било кои производи. Салицилната киселина се препорачува да се користи еднаш дневно (наутро или навечер: повеќето луѓе преферираат навечер), 2-3 пати седмично. Се препорачува да не се употребува истовремено со AHA и со ретиноиди чисто поради ризикот од иритација, иако тоа е индивидуално: некои луѓе имаат отпорна кожа и можат да поднесат да ги користат истовремено во рутина. Овде не се мисли на производи кои се формулирани како комбинација од овие состојки, бидејќи таквите производи се формулираат со намера да се намали потенцијалот за иритација (иако сепак може да се случи, како и со секој друг производ). Било која, СПФ кремата не зависи од серумите/производите кои ги користиш. Азелаичната киселина, слично како нијацинамид, може да се комбинира со било кои состојки/производи. Значи, нијацинамид, салицилна и азелаичната киселина можеш да ги комбинираш како сакаш.
Над твојот пост имам пишано за нијацинамидот и салицилната киселина. Пред нив миеш лице, а после нив ставаш крема.
4-5 капки. Салицилната се користи 2-3 пати неделно, за почеток користи ја 1-2 неделно. И да, може така, во деновите кога не користиш салицилна, користи нијацинамид.
@Minniie.s Наутро користам ниацинамид и хидрататнтна крема. Салицилна користам 3 пати неделно, чекам да делува 30мин па ставам хијалуронска киселина и хидратантна крема.
Леле сум истрипала дефинитивно. Кога го влажнам лицето ставам хујалуронска па крема. А салицилната навечер.
Zdravo zenski. Koristev edno vreme hijuronska kiselina..samo navecer preku edena den stavav a ne sekoj den. Posle nekoe vreme mi se pojavia akni od maskata i prekinav da ja stavam. Pa redoedot na liceto mi e vaka: Sabajle: mijam so sebium gel od bioderma stavam hidratantna krema pa pudra i trk na rabota. Navecer: micelarna voda bioderma, gelot za lice pa krema. Dali so micelarnata i gelot mozam da ja stavam hijuronskata i kako po koj redosled?
Земав ниацинамид и витамин ц, наутро користам тоник, хидратантен серум и крем, а навечер тонилк, Nourishing серум и таква крема, сите од ревуеле освен тоникот. Како да ги вметнам ниацинамидот и витаминот ц во рутината по кој редоследот, по колку капки и колку пати во неделата? Првпат користам вакви серуми и не сум упатена. Имам црнки и неколку флеки што сакам да ги снема.
Би можела ли ниацинамидот да го користам на грбот , зашо таму имам премногу црнки и флеки? И дали би можело да почнат да ми искачаат повеќе акни од серумот? И дали да го ставам на сува кожа или на влажна.