јас вака направив првен се измив лице со сапун се избршав и се намачкав со салицилна и го оставив така да се упие е вечерта се измив пак лице и си ставив ниамицид и го одтавив да се упие и ставив крема дали може вака едит: и дали можам да ставам денски и салицилна да се впие и одма после хијалирнска киселина
Салицилната користија стриктно навечер. По користењето на ниацинамидот и хујалуронската преку ден ставај крема со спф.
Дали правам добра работа со тоа што нијацинамид ставам највеќе навечер? Насабајле ставам од оној новиот серум што е јапонски, со ориз нешо а у за затегнување на лице. Која крема со СПФ ќе ми ја препорачате?
Индивидуално е, само што ниацинамидот може да ти ја пресуши кожата,па добро би било да ставиш и хујалуронска после него.
@buba4e89 хеллооуу Ај да те аскнам нешто, земав денес AHA 30% и HYALURONIC ACIS 5%. Ставив сега на рацете да видаѓ да не добијам некоја реакција ама сакам да те прашам не дум сигурна дали негде прочитав дека после AHA никако да не се става витамин ц, не знам дали стварно прочитав или нешто сум помешала. Јас сум зависта од Витамин Ц секоја вечер ставам концентрат за сабајлето кога ќе станам да ми е убаво сјајно е сега дали стварно не смее после тоа па да го префрлам од сабајле со hyaluronicov или?? Знам за СПФ дека обавезно треба, пиши ми жити се ако треба уште нешто да знам за киселиниве. Тенкс
Јас знам дека Аха се става самостојно,ама членките пишуваа дека можело и со нијацинамид. Аха стриктно навечер и после неа само крема (може и без спф), така ја користам јас самостојно. А за витамин Ц искрено не знам затоа што не користам па нека каже друга членка.
Не е забрането да се става витамин Ц, или било која друга состојка. Не се поништуваат, туку проблемот е што ќе ставиш многу јаки состојки истовремено (AHA 30% и витамин Ц) може да ти се изиритира кожата. Некои луѓе ова можат да го поднесат, но генерално се смета дека нема потреба да се форсираат милион јаки состојки заедно. Ти ако сакаш пробај, но внимателно. Јас мислам дека AHA или неAHA, витаминот Ц и онака е подобро да го користиш наутро, затоа што комбиниран со СПФ крема дава подобра заштита отколку само СПФ крема. Се разбира, не е погрешно да го користиш и навечер ако така преферираш; навечер помага во создавањето на колаген. Но, со оглед на тоа што преку денот имаш голем агресор кој ја оштетува кожата (сонцето), според мене е подобро да се фокусираш на превенција. Изборот е сепак твој, не грешиш никако .
девојки ги имам нисмициниот и салвилната на ревокс дали може да ставам и навечер првен ниамицин да се впие па салицина па крема или само салицилна да ставам
Некој да каже збор-два за како да ја внесам хујалуронската за редовно коридтење бидејќи користам ниацинамид и салицилна(прво ставам ниацинамид на полувлажна кожа па потоа салицилна само на бубуличките), кожата ми е пресува и предехидрирана. Или да ми препорачате нешто друго за хидратација,мислам дека што све креми не пробував и ништо не ми помогна
Тоа ти е затоа што немаш серум за потхранување,а салицилната се користи само навечер. Се става ниацинамид па хујалуронска па крема со спф ова од сабајле. Навечер се става салицилна па хујалуронска и крема за лице. Но бидејќи сега ти е пресушено лицето најдобро е да направиш пауза од месец дена и да користиш само крема, па потоа да пробаш пак.
Да,да така и користев салицилна исклучиво навечер која ја ставав после ниацинамидот, а од сабајле мијам лице, потоа тоник, и ставам серум еден на ревокс за потхранување (hydrating serum)и најнакрај крем на балеа ultra sensitive. Меѓутоа читав за хијалуронската дека е добра за суво лице, па затоа сакав да ја вметнам. Фала ти за одговорот бубаче
здраво девојки, дали некоја можи да ми кажи како делуваат овие серуми сакам да ги купам имам лице склоно со акни флеки и лузни, и како можам да ги користам.