Има ли некој искуство со новиот производ (барем кај нас) на Revox- за миење лице, со мед и не знам што беше? Дали е океј за мрсна кожа?
Јас знам обратно, прво хијалуронска, на мокро лице, одма после тоник, па после ниацинамид, па на крај крема со СПФ.
Девојки ве молам за совет. Бев на дерматолог ( Дермаплус) за консултација за флеки на лицето после бременост. Не ми кажа ништо околу тоа дали целосно би исчезнале ни колкав процент би се намалиле, само рече дека се почнувало со терапија на есен а не сега и дека би дало некаков резултат после 3 месеци. Ми рече да си земам од Биодерма Pigmentbio C concentrate, Daily care spf 50+ и Pigmentbio Night renewer. Дали има соодветна замена во поефтина варијанта од друг бренд, на пример овие од Ревокс се околу 700-800ден,од биодерма сетов е околу 5000?
Можеш слободно Sun dance sensitive spf 50 (од ДМ), јас го користев кога пиев роакутан и немав никакво црвенило ниту иритација. Под неа можеш серумов https://bebehome.mk/product/iunik-black-snail-restore-serum-50ml/ Навечер наместо таа крема исто прво серумот и потоа Revox just azelaic acid.
Девојки сестра ми купила една корпа серуми на рекокс , па да ми кажете како да ги користам ако може. Ниацинамид , салицилна , хијалуронска киселина. И земала фактор на sun dance 30ка али е за тело. Може на лице да го ставам? Ако може некое мини рутинче да ми направите како да ги употребувам. Бтв ниацинамидот го користев али ми искачаа брунки , читав нешо со хијалуронска не искачале. Тенкс
салицилна ставаш строго навечер на измиено лице и крема , ниамицинот можиш денски на чисто лице го нанесуваш па после крема па хијалурноска киселина и мислам дек тука треба да ставиш заштитма крема, јас го имам нисмицинот и салицилната и аха салцилната ја користам навечер и ставам едн крема на здраве и кицето ми е преубаво насабајле а и преку ден, ниамицинот го коритам денски на чисто лице и потоа крема ставам една на доктор конопка
Ако не си користела до сега, немој сите наеднаш. Може иритација да предизвика некоја производ, па нема да знаеш од кој е. Почни со салицилната ако имаш проблеми со акни, црнки и хијалуронската. Потоа кога ќе ти се навикне кожата може да го вмесеш ниацинамидот, доколку има потреба. Хијалуронската може и наутро и навечер, доколку имаш потреба. Почни наутро на влажна кожа, па крема. Навечер, салицилна на сува па крема.
Помага да се создаде здрава бариера на кожата. Кај мрсна кожа помага за регулирање на себум. Исто го користат за кожа со текстура и хиперпигментација. Серум немам користено, освен една крема која содржеше ниацинамид, лицето го осеќав помазно, и мрсењето на кожата го одржуваше под контрола.
Да, моментално го користам. Не сум користела ретинол, па сакав да видам со ептен слаба верзија како би било. Искрено, океј тоник е, ама никаква посебна разлика не гледам.
@Kimberly11 и @drugarka на почетокот од темава ве читав сте користеле препарати за флеки. Нијамицин ,крема со спф и нешто дополнително. Кажете ми дали имавте некаков е ефект и што точно користевте? Имам флеки од бременост.
Сабајле вит ц, со спф 50. Прво чистење нели. Навечер двојно чистење, тоник ниацинамид, и ноќна. Имаше ефект по месец дена. Сега некое време подзабаталив, кожата пак не ми чини, ама јас сум крива, многу брзо ми оксидира вит.ц не го чувам во фрижидер а во купатило ми е претопло и само нови купував.