Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Ова е за навечер. А наутро прескокни ја мицеларната и наместо таа крема земи некоја со спф, можеш некоја од тие што ти ги препорачаа погоре :)
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Секој ден. Ќе видиш баш дали ќе ти одговара.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Ќе те збунам и јас ако пишам, ама салицилна киселина е за црнки и пори, ниацинамид за контрола на себум. Можеш и двете да ги земеш, само не знам дали смееш во комбинација, јас не ја комбинирам салицилната со други серуми.
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  4. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски

    И јас го прочитав истото за салицилната.
    На кој начин ја користиш салицилната, колку пати неделно? И претходно која рутина ја правиш пред да нанесеш салицилна? Дали имаш убави резултати за црнки и пори?

    Благодарам многу :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден почнав да ја користам салицилната киселина на True Alchemy. Досега два пати имам ставено, за почеток планирам три пати неделно, после преку еден ден. Инаку порано имам користено производи со салицилна киселина, ми беа многу ефективни за црнките и порите, ама тоа беше одамна. Сега за сега рано е да кажам за резултати, а пред да ја ставам салицилната (навечер ја ставам), прво го поминувам лицето со мицеларен чистач, после со пена за лице, па со тоник. Откако ќе ми се исуши тоникот, ставам салицилна и одозгора ноќен крем. Ниацинамидот го користам преку ден.
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  6. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски

    Благодарам. Ниацинамидот секој ден? :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Па скоро секој ден.
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Powergirl!

    Powergirl! Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    69
    Дали може да се користат заедно салицилна и азелаична киселина?
     
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Може.
     
    На Powergirl! му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.264
    Допаѓања:
    18.379
    Девојки јас почнав со употреба на серумите, мојата рутина е следна:

    Утро
    Миење лице со гел Balea
    Нијацинамид (ставив 5 капки,после ми беше тешко на лицето да не треба помалку?)
    Дневна крема Afrodita од невен (дали е ок кремата?)
    Заштитен крем спф 50 Eucerin pigment control

    Навечер
    Миење лице со гел
    Азелаична киселина
    Дневна крема Afrodita

    Не се шминкам па затоа не земав мицеларна вода засега.
    Пишував дека почнав со употреба заради флеки од бременост.
    Дали од серумите се става на цело лице или само на делот со флеки?
    Дали секојдневно се користат додека не видам резултат или треба да се прави пауза?
     

    Прикачени фајлови:

  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Од ниацинамидот јас ставам капка до две, мислам дека е доволно. За кремите, ок се, ама да не ти е тешко од нив? Не мора двете да ги ставаш доволно е едната. Еуцеринот преку ден, кремот на Афродита користи го како ноќен крем, без оглед на тоа што е дневен, нема спф.
     
    На buba4e89, hristinan12 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.264
    Допаѓања:
    18.379
    5-6 дена како терам рутина, почнаа акни да ми излегуваат по лицево.
    Дали од што го мијам два пати на ден со гел,а претходно само со вода (понекогаш со сапун)?
    Или ми пречи нијацинамидот или азелаилната киселина?
     
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.854
    Допаѓања:
    10.360
    Нијацинамидот мoжнo е да прави така на пoчетoкoт.
    Нo мене и пoсле пoдoлгo кoристење не ми oдгoвараше.
    Азелаилната киселина oдличнo ми oдгoвара.
    Следниoт пат земи си jа пената oд Балеа за миење лице пoнежна е.
     
    На buba4e89 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Does azelaic acid cause purging?
    Yes. Azelaic acid speeds up your skin cell turnover rate - this makes microcomedones turn into acne and blemishes more quickly, causing a sudden rush of breakouts on your face. Surprisingly, this is not a bad thing (no, we aren't joking). It actually means your azelaic acid product is working. However, if the product is causing you to break out in places you don’t normally break out, or your acne has become inflamed, then this is a negative reaction. In this case, you should discontinue using the product because it’s irritating your skin.
    Не е страшно, нормална реакција е, ти ги вади постоечките акни на површина. Ако си немала проблем со акни досега, треба да се смири за некое време. Ако не се смири или се влоши, прекини го.
    Исто, ако се осеќаш убаво со еднаш миење со гел, еднаш само вода, слободно така прави. Не е добро ни да ја пресушуваш кожата. На некои им одговара два пати, на некои еднаш (навечер со гел) им е сосем доволно.
    Лично јас сабајле ставам една скроз мала точка од гелот, да не е само вода бидејќи имам помрсно лице, но сум зборувала со многу кои за кои и само вода им е доволно утрински.

    Затоа најчесто се препорачува прво еден производ да пробаш, па по 2-3 недели и другиот да го вклучиш. За во ваков случај точно да знаеш од што ти е реакцијата.
     
    Последна измена: 5 мај 2021
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.264
    Допаѓања:
    18.379
    Сосема си во право за последново, средина на април тргнав по дерматолози ,а мојот проблем-флеки и двајцата кај што бев беа во паника дека фаќам последен воз за третман,во лето не смеело.
    Па од таму побрзав и јас со сите производи од еднаш.

    Инаку баш приметив и вчера вечерта откако ставив азелаична и мало црвенило ми се појави на образите,но не беше нешто страшно,се надевам нема да се влоши повеќе.
    Акни претходно по една две сум имала,периодот пред добивање,така да се надевам ќе се средат овие.
    За гелот мислев дека е задолжителен за да се измие претходната киселина пред да се нанесе другата?

    Дали јас се умислувам или вистина после 5-6 дена почнаа да ми бледеат флекиве?:o
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Не мора, како ти одговара така, зависно типот на кожа.
    Изгледа си ја врши работата нијацинамидот. :D
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    2.598
    Искуство со серумов?
    [​IMG]
     
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    @Sofi.ja, нијацинамидот не би требало да ти предизвикува вадење на акни (purging), затоа што тој ефект го имаат само состојки кои предизвикуваат клеточен обрт (cell turnover), како AHA/BHA, benzoyl peroxide и ретиноидите.

    Нијацинамидот е инертна состојка која им одговара на повеќето луѓе, но тоа е покажано само за концентрации до 5%. Не е официјално испитан ефектот при повисоки концентрации, односно при 10% како што се продава во серумите. Како последица на тоа, некои луѓе искусуваат иритација, која не мора да значи сама по себе дека е поради тоа што кожата им е нетолерантна на нијацинамидот, туку можеби кога би пробале во пониска концентрација не би им претставувал проблем.

    Така што, ако продолжува проблемот, обиди се да најдеш нешто со помала концентрација. Најверојатно нема да е серум, бидејќи сите се 10%, но можеш да најдеш пониски концентрации во тоници или креми.

    Што се однесува до азелаичната киселина, исто е чудно што ти предизвикува црвенило имајќи предвид дека се користи баш за намалување на црвенило, особено кај луѓе со розацеа, и тоа во поголеми концентрации, над 10% (до 20%). Исто е поинертна, понежна состојка и им одговара на многу луѓе, иако секогаш има исклучок. Има многу благо ексфолијациско дејство и може да се користи за третирање на акни кај бремени жени.

    Така што, не знам дали ја комбинираш со нешто друго, ама ако ја ставаш чисто само неа (без други активни состојки) и ти предизвикува црвенило, тогаш можеби не ја толерираш и не треба да ја користиш. Што се однесува до акни, мислам дека поради клеточниот обрт (благата ексфолијација), може да ти прави purging, но тоа не треба да трае долго време. Од друга страна, purging не е толку честа појава колку што си мислиме, па може да се работи чисто за иритација.
     
    Последна измена: 5 мај 2021
  19. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Лесна формула , доста течен , воопшто не е леплив , има интензивен мирис на цреша и мириса сон ( доколку избегнуваш мириси не е за тебе )
    Пипетата ме нервираше , не земаше добро од производот и многу малку е количински брзо се троши .
    Што се однесува до тоа какви бенефити видов искрено ниту е лош ниту wow , онака лесен е добар за хидратација ( би рекла дека е за нормална кожа на која не и е многу потребно)
     
    На ludamaja10 и ana-sweet им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    Дали може наутро да се комбинира пептиди со ниацинамид и крема, а навечер само салицилна и крема?
    Или пак денски да ставам пептиди и тој смутинг серумот што е (ептен убаво ми легнува на лицето), а навечер ниацинамид и салицилна?
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.