Јас ја имам користено и добра е ама не ми беше нешто wow , брзо се впива и смирува и ѝ треба подолг период да даде резултати ( доколку имаш полесни облици на акни ќе ти биде добра можеби ) , додека за разлика од неа ја имам користено и на TheOrdinary и е предобра буквално лицето ми го промени , акните и флеките ми се повлекоа за неколку недели , а нешто појако со azelaic acid и за потешки облици на акни е Skinoren ( порано го имаше кај нас низ аптеки незнам зошто го повлекоа ) но го има во Србија и Бугарија низ аптеките ...
Фала ти на одговорот Инаку немам проблем со акни чат пат знае да ми излезе по некоја бубулица ама иам неколку флеки кои сакам да ги избледам затоа се одлучив за кремава (неќам други киселини/хемиски пилинзи да користам мислам дека би ми биле многу јаки за кожата)
За почетник како мене што препорачувате прво: ниацинамид или салицилна киселина? Имам преосетливо лице, комбинирана кожа со мрсна т-зона и whiteheads. Акни поретко, иако со маскиве малку и зачестија.
Вака девојки ми треба помош. Имам ниацинамид , салицилна и азелаична киселина. Салицилната така ми стоеше 2 недели не ја употребував а од синоќа почнав. Може ли некоја да ме упати? Дали е ок ниацинамид насабајле, после него само крема , а навечер салицилна па азелаична? И користев спф насабјле ама многу светев и прекинав. Немам акни имам само црнки на т зоната, мрсна кожа, проширеми пори и нерамна кожа. Би била благодарна да ме упатите.
Девојки ми треба помош,Синоќа на лактот и зад увото ставив хијалуронска (како што пишува во упатството ) еве поминаа веќе 20 часа, не ми се појави никакво црвенило, дали тоа значи дека можам да користам и хијалуронска и салицилна?
Дали е подобро најпрво да се започне со салицилна и хијалуронска, па потоа да се додаде и ниацинамидот, за да не дојде премногу наеднаш како за прв пат?
ниамицин ставај го денски и крема обична немора спф а навечер ставај салицилна па пак крема, но ако сакаш да користиш азалаична таа ќе мораш да ја ставаш еднаш неделно но ќе треба денски и со заштитен фактор +50 но ако немаш акни јас би ти рекла ич да не ја ни користиш продади му ја на некој но сепак отебе зависи но кога ќе ставаш еднаш од азелаична вечерта несмееш да ставиш салицилна мислам затоа што тоа е премногу јако и може да ти се излупи кожата, ако некаде грешам нека ме цитира некој
можеш салицилна ставај навечер па крема, денски ставај ниамицин да се исуши па крема па хијалуронска па крема со заштитен фактор како иде се потопло така ќе го зголемуваш спф јас би ти препорачала ако ја ставаш хијалурноската уште сега зееми си +50 затоа што ако си од некој мал град ти си постојано изложена на сонце и така да ќе ти треба многу поголема крема.