На цело лице, пред дс ставиш на лице нанеси позади уво или на рака кај вените(најтенка кај шо е кожата) види дали имаш некаква реакција лоша( црвенило и слично)..остави еден ден пола ден да видиш као ке реагира не го ставај одма на лице зошо знае да е проблематичен.Јас го користам секој ден, ама некој вика дека како почетник можеш и преку еден ден да го ставаш доколку имаш осетлива кожа или слично
Доколку имаш салицилна во гелот за миење лице не е проблем да нанесеш салицилна како серум, бидејќи гелот се измива и не ти пенетрира долго време. Меѓутоа, би ти препорачала да ја користиш салицилната преку еден ден, а не секој ден, за да избегнеш прекумерна ексфолијација и сувост.
Јас би препорачала на цело лице А во врска со тоа колку често треба да се користи најмногу зависи од тебе и твојата кожа. Ако немаш користено ниацинамид до сега, почни 2-3 пати неделно и постепено покачувај додека не стигнеш до секој ден. Можно е да имаш реакција, не сите кожи го сакаат ниацинамидот, пробај некое време и ако немаш лоши реакции слободно продолжи
Морам да ја пофалам салицилната киселина После 3-4 дена користење ми ги залечи сите активни акни што ги имав, лицето ми е многу помазно и меко Од денес почнав и со ниацинамид во утринската рутина, па ќе пишам за ефекти врз флеките од акни.
Исто задоволна сум од салицилната киселина. Наизменично ги користам со ниацинамид и имам подобрување во однос на акните. Имам купено и Аха серум, но тој го оставив бидејќи ќе ми дојде премногу. Планирам го користам еднаш неделно кога нема да ставам ниту едно од овие.
Женски, во 3 дм продавници го нема нијацинамидот..а гледам ни на торба.мк го нема од каде го имате земено? Се надевам ке добијат во продавнициве наскоро..баш се решив да го користам
Вчера ја пробам хијалуронската. Најпрво ја користев оваа маска, 10тина минути. Потоа почекав 5 минути убаво да ми се осуши лицето. Потоа нанесов 5 капки од хијалуронската, ја размачкав низ цело лице. Почекав 10ина минути и нанесов од оваа крема. Се' супер, но утрово се будам, лицето ми горење, мислев имам температура. Поминати се 2 часа откако се разбудив, образите ми се се' уште жешки, розеви и со големи пори, како портокал. А никогаш не сум имала волку големи пори. Сега се мислам дали е од маската, дали е од хијалуронската или можеби е од двете како комбинација. Што мислите?
Јас да го пофалам ниацинамидот. Го користам една недела и гледам видно ми се смалени и обелени флеките од сонце
Препорачајте ми кој серум да го земам. Имам 24 години, нормална/комбинирана кожа, црнки на носот и брадата. Немам акни. Имам некое црвенило на образите, како капилари, секогаш ми е таква кожата тука. Под брадата имам некои многу мали тврди топчиња, нешто како milia, но не се многу видливи, само на допир се чувствуваат, како рапава ми е кожата тука. Се мислев за Витамин Ц или Ниацинамид. Кој повеќе би ми одговарал? Или предложете ми некој друг. Ви благодарам однапред
Ти го препорачувам ниацинамидот. Побрзо се забележуваат резултати. Иако и со другиот нема да погрешиш.
Хијалауронската киселина треба одма да се “заклучи“, одма по ставање треба да се нанесе некој оклузив или погуста крема за да не испрари киселината. Исто така ако нема доволно влага во околина киселината ќе ја извлече влагата од твојата кожа. Може и да ти е чиста негативна реакција, твојата кожа да не ја поднесува формулата.
Импресионирана сум од серумиве, а не сум ги ни пробала the ordinary. Ама знам не се крева фама за џабе. Инаку сега видов на www.torba.mk можат да се најдат и се 319денари, а плус и други производи имате. Само размислувам која комбинација да ја направам и дали vitamin C покрај тоа што ќе се користи навечер и со спф е паметен избор? Или подобро да одберам гликолна/салицилна за акни што искрено и не ми пречат бидејќи не се изразени до тој степен, ама не се откажувам ја, има стакло пак да го видам лицето.
Вчера и завчера почнав да го употребувам ниацинамидот наутро па потоа spf и после тоа излегував. Јас на топло надвор секако црвенеам во образите ама вчера кога се вратив цело лице ми беше премногу црвено и ми гореше и многу долго време помина додека да ми се смири црвенилото и да ми "олади" лицето. Немав никаква реакција кога го тестирав во внатрешноста на лактот нити пак сум нафрлана на лицето. Можно е да е црвенилото од ниацинамидот предизвикано?
Можеш да ја користиш слободно. Ја има како состојка во повеќето производи наменети за акни и всушност за тоа и се користи.
Можно е, не одговара на сите кожи нијацинамид. Пробај да ставиш навечер на чиста и влажна кожа (после употреба на тоник). Ако ти се јави пак таква реакција батали го.