Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.297
    Пол:
    Женски
    Цветче, и јас имам многу мрсно чело и ниацинамидот ми го среди себумот. Паралелно ја ставам и оваа крема само на челото. Balea-Med-Ultra-Sensitive-Mattifying-24H-Care-50-ml.jpg
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Искрено, презaдоволна сум од Ниацинамидот во комбинација со мат кремата на La roche, меѓутоа ефектот не трае којзнае колку. Меѓувремено го чистам со влажни марамици на Нивеа за лице. Да ти кажам дека засекогаш ќе се ослободиш од маснотијата, ќе те излажам. Масното лице бара константност и упорност, доста е захтевно за одржување. И секако сабајле и навечер да го миеш со некој нежен гел или сапун специјално наменет за лице.
    Оние црните маски за црнки се само маркетинг. Прво страшно ме иритираат, а второ не дека има некој ефект. Со оглед дека имаш масно лице, ти препорачувам два пати неделно да го третираш со глинена маска. Да не должам, салицилната ми беше океј, ама ниацинамидов е уште подобар, чисто лице, неиритирано, намалени пори.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    139.366
    @GrimTheReaper @NarCis@
    Јас купив една маска за лице со глина, Сина ума се вика. Порано ја користев и ми го направи лицето стакло. Сега ја земав скоро и до сега 2 пати ставив, ќе продолжам. Јас си имам комбинирана до мрсна кожа , но овој месец претерано ми свети лицето.

    Не стасав да дочитам па да прашам, Ниацинамид можам или на сабајле или навечер, така? И не ми се смејте:DНарцис оваа крема е со спф или да барам и плус друга?
    Која би била постапката?

    Бидејќи до сега сум пробувала повеќе работи и сум ги фрлала, сега би пробала со нешто поефтино за почеток за да не биде пак џабе фрлени пари
    .
     
    На GrimTheReaper и NarCis@ им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.297
    Пол:
    Женски
    Ниацинамидот можеш и сабајле и навечер, пред кремата. Инаку оваа не е со фактор. Со фактор ставам башка, ама само ако излегувам. Почни со ниацинамид, јас за брзо имав добри резултати.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Јас од сабајле го ставам. Навечер имам друга рутина, со други продукти.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Пробај ја салицилната киселина. Можеш да ја употребуваш 2-3 пати неделно како дел од ноќната рутина. Би требало да ти помогне со чистење на порите и црнките.
    Витаминот Ц, ако не си го фрлила, можеш исто да го вметнеш во ноќната рутина. Можеш да употребуваш еден ден витамин Ц, еден ден салицилна киселина. И преку ден задолжително крем со заштитен фактор.
    Почни прво со овие два серуми, па понатаму ако сакаш вметни и ниацинамид за регулација на лачењето на маснотии.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Здраво , да ве прашам дали серумите можат да се користат додека сум на одмор на пример, дали можам да се сончам со претходно ставени серуми на лицето?
     
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Само вит ц или хијалуронска, се разбира после тоа спф 50+. Иако мислам дека е подобро само кремата.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Skorpija*88

    Skorpija*88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site,jas sum nova na forumov ama.redovno ve citam.e sega da se vratam na temava,imam 30+godini I problematicno lice so akni,luzni od akni,crnk itn.redovno go neguvam ama.nisto ne pomogna ni bioderma ni la roche,pa resiv da pocnam so serumi revox.mojata rutina e sledna: nautro mienje so gel la roche.pa tonik roche pa serumot od healuronska kiselina I na kraj od revox kremot so spf. A na vecer mienje so gel custenje so tonik rerinol revox,pa serum neacinamid I na kraj azelaicna kiselina krema.ednas nedelno ja koristam aha+bha piling I dva pati nedelno retinol serum vo kombinacija so niacinamid.sakam da prasam dali e vo red ovaa rutina
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Многу ова по ред, има ли ефект или?
     
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.593
    Squalane се нанесува пред или после крема?
     
  12. Skorpija*88

    Skorpija*88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Ovaa rutina pocnav da ja promenuvam edna nedela skoro, a za rezultati ke se strpam.barem.eden mesec
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Вечерната рутина ти е премногу натрупана,ретинол,ниацинамид,азелаична….
    Или ретинол или азелаична киселина. Ретинолот не е за акни туку за затегнување на лицето и се става откога ќе го средиш лицето од другите проблеми. Азелаичната е за акни,а ниацинамидот за чистење пори. Тука освен крема би било добро да ставаш хујалуронска киселина. Азелаична+хујалуронска+крема. Претходно миеш лице со гел.
    Дневната сега пошто е топло витамин Ц плус хујалуронска киселина плус крема со спф.
    Тоникот можеш да го вметнеш меѓу дневната и ноќната рутина ако имаш шминка па да го исчистиш лицето речимо.
    Аха еднаш неделно по 5минути.
    Иако јас аха сега би ја избегнувала дека е топло многу,би ја оставила за во зима.

    Пробај вака ако сакаш,може некоја членка ќе ти даде совет плус.
     
    На Skorpija*88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Што повеќе слоеви, тоа помалку ќе дојде последниот производ до кожата, значи најдобро е навечер да нанесуваш наизменично од ниацинамидот и азелаичната. Во тоникот има мал процент на ретинол, така што ок е.
     
    На Skorpija*88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Ретинолот е мултифункционален и ем помага за акни, ем за подмладување на кожата. Впрочем, ретиноидите првично се користеле за третирање на акни (и сè уште се користат, дури и во орална форма - Роакутан) и дури отпосле се открила анти-ејџ карактеристиката. Поради ова, ретинодиите не се ограничени по возраст, туку можат и ги користат и тинејџери кои се мачат со акни. Кај нас најчесто употребуван ретиноид е adapalene (кремата Сона). Порано се употребувал и tretinoin (кремата Аирол), но сега веќе не се продава кај нас.

    Од друга страна, ретинолот иако е послаб од медицинските препарати и нема толку истражувања зад него како за ретиноидните лекови (Сона и Аирол се третираат како лекови за кожни болести), сепак има доволно истражувања според кои се заклучува дека тој би дал сличен ефект како нив, но би требало многу подолго време (што сепак зависи и од сериозноста на акните - кај некого може веднаш да се реши тој проблем само со ретинол). Можеби не кај нас, но мислам дека во странство дерматолозите ретинолот го препорачуваат кај луѓе кои не можат да ги толерираат ретиноидните лекови затоа што им се прејаки.

    Така што, за лице со акни баш подобри резултати може да се добијат со ретинол отколку со другите работи пред да го средат лицето од другите проблеми. Покрај ова, ретиноидите помагаат и за хиперпигментација, црнки итн. Затоа и се сметаат за „кралеви“ на козметиката, затоа што има толку многу придобивки од нив, и се справуваат со најчестите кожни „проблеми“: акни, хиперпигментација и брчки.
    Не би можела да го користи тој тоник за таа намена, затоа што тој не е мицеларна вода и не може да го исчисти лицето соодветно. Би било исто како со серум да ја вади шминката. Во секој случај, тој тоник не е баш со ретинол, туку со retinyl palmitate - ретиноиден естер, т.е. најслабата форма на ретиноидите за која не се знае воопшто дали има анти-ејџ ефект. Повеќе може да се смета само како антиоксидант, што само по себе придонесува за анти-ејџ ефект, но не на ист начин како појаките ретиноиди. Сепак, треба да се направат повеќе истражувања за да се утврди или демантира ова.
    @Skorpija88, ова можеби би те интересирало и тебе, затоа те означувам.
     
    На Jovana♡ и Emy867 им се допаѓа ова.
  16. Skorpija*88

    Skorpija*88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    se slozuvam so se sto napisa, jas istrazuvam veke nekoe vreme pa zatoa go dodadov vo rutinata
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Ти имаш поголемо познавање но во практика е сосема друго. Јас го користев ретинолот и џам ми го направи лицето, но потешко упиваше кај мене и ми создаваше whitedheads затоа и реков да го користи од кога ќе го исчисти од акни.
    Дозволи барем ние што сме го користеле да си кажеме мислење затоа што секоја кожа индивидуално е сама за себе.

    Друго не знаев дека тоникот содржи ретинол така да,можеби имаш право.

    Јас пре би почнала така како што и напишав да види,да види да не и дојде многу па потоа да се смени нешто, да не испадне дека не и одговара нешто.
    Едино азелаичната би ја заменила со салицилна киселина, но дека веќе го има продуктот нека го потроши па може да проба салицилна.

    Ете доби супер совети :)
     
  18. Skorpija*88

    Skorpija*88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    thank you
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Прво, јас не спречувам никој да каже свое искуство или мислење.

    Второ, зборуваме за состојка, не за конкретен производ. Ти си пробала еден, два, пет, еве 10 производи со ретинол нека се. Се разбира дека не мора да значи дека секој ќе ти се допадне или дека ќе ти се погоди. Во тие производи, освен ретинол, се користат и други состојки, од кои зависи каков ќе е целокупниот производ. Јас пишував за придобивките и карактеристиките конкретно на ретиноидите и на ретинолот. Тоа не значи дека секој производ што содржи ретинол ќе биде исто ефективен или исто добар, како што веќе споменав.

    Трето, знам дека секоја кожа е различна. Некои луѓе воопшто не можат да го толерираат ретинолот, некои се и алергични на него. Но тие што го немаат тој проблем, ги добиваат тие придобивки, се разбира во поголема или помала мера, и тоа ќе зависи ем од кожата, ем од производот. Не сфаќам како е поништување на нечие искуство да зборуваш за механизам на делување на некоја состојка. Тоа е исто како да зборуваме за придобивките на јаболката во целина на пример, и сега тоа да не е валидно затоа што некому не му се допаѓаат јаболка, друг каснал скапано јаболко или трет е алергичен на нив.
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Некогаш признај дека грешиш, наназад ми имаш зборувано да направам обратна рутина односно да ја нанесувам хујалуронската киселина прво па ниацинамидот што и те послушав, и си направив проблем. Те тагнав тогаш и не ми одговори ништо. Тоа не ми одговараше, кога се вратив на своето се беше во ред.
    Исто така ми имаше напоменето дека салицилната ќе ми ја исуши кожата што такво нешто не се случи.
    Напротив со едно пакување ги средив акните,една година не сум употребила второ пакување.
    Од Ретинол само едно користев со сквалан.

    Пак ќе кажам имаш поголемо познавање и тоа е во ред, си истражуваш и се тоа, јас тоа го почитувам, само и дадов идеи од моето мало познавање на крај она ќе си одлучи.