Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Признавам кога грешам и можеш слободно да побараш во мои мислења, ако ти се троши време на тоа.

    Во твојот случај, само предложив да ја ставаш хијалуронската киселина после миењето на лице затоа што таа се става на влажна кожа, а после миењето на лице кожата веќе ти е влажна и е попрактично отколку да ставаш нијацинамид, па да ја влажниш кожата, па да ставаш хијалуронска киселина. Ако тебе ти е полесно да го правиш обратното, слободно прави го, само ти предложив нешто што сметав дека е полесно.

    Не ти одговорив тогаш, затоа што немаше што да се одговори, немаше никакво прашање, туку ме означи за да кажеш како тоа што сум ти го предложила не ти се погодило. Тоа не значи дека сум ти кажала грешна информација, ниту пак сум можела да претпоставам како ќе ти реагира кожата, како што не може никој, затоа што правилото за редослед на ставање на производите не е така строго како што се прикажува.

    Причината зошто те цитирав сега беше затоа што го кажа твоето мислење како правило за ретинолот како состојка, а реалноста е дека тоа мислење е базирано на еден или неколку производи со ретинол што си ги користела. Да зборувавме за конкретен производ со ретинол, ќе сфатам да ми кажеш дека не дозволувам да кажеш свое искуство, но ние зборуваме за општи негови придобивки, независно од производ. Затоа и ти го дадов примерот со јаболката.
     
    На Anomis11 и Freyja им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Грешно си ме разбрала,јас го кажав поведена од моето искуство со него.
    Конкретно за состојка немам познавање и не можам да зборувам.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Skorpija*88

    Skorpija*88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    iskreno i jas mislam deka e poprakticno prvo healuronska na vlazno lice pa posle niacinamide, no isto taka i obratnata postapka dava dosta dobri rezultati taka da organizamot sam ke pokaze koja kombinacija e poefikasna
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ivonce3bonbonce

    Ivonce3bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој каде е магацинот на torba.mk. На нивната страна пишува подигнување од магацин, но не видов адреса.
     
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.846
    Како од магацин кога вршат достава до адреса?
     
  6. BE YOU

    BE YOU Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Mal osvrt i mislenje za salicinskata kiselina. Edno golemo DA ! Liceto ne mi e problematicno epten, no imav mali flekicki i crvenilo. So aktivno koristenje mozam da kazam deka liceto sega mi e i poveke odlicno! Epten sum zadovolna i toplo ja preporacuvam! Ja kupiv pred nekoe vreme, no ja koristev na 2 3 dena kako sto i e navedeno... Periodov pocnav da ja koristam sekoj den aktivno i primetiv deka liceto pocna da mi se mrsi epten mnogu sto duri i mi e nevoobicaeno, nz dali nekoj drug primetil takvo nesto... sega povtorno se vrakam na poretko koristenje pa ke vidime kako ke e....
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Салицилната се користи ако имаш проблем со акните,ако немаш веќе зошто ја користиш?
     
  8. Etanol

    Etanol Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво ми треба мислење околу пакетов дали е во ред овие три да се употребат заедно имам повеќе бубулици отколку акни и доста отворени пори, а и масно лице посебно во т-зоната до сега се мијам само со бекутан и исто и крема користам таква па сакам да ги пробам овие дека доста ги фалат. А и ако некој знае како иде постапката за нивно користење. 20210720_231840.jpg
     
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Салицилната ја користам речиси година дена без престан и е одлична. Нијацинамидот го заменив со еден тонер на Q+A со нијацинамид, ама не сум баш воодушевен, ќе си се вратам пак на овој од Revox.

    Само би ти препорачал да не ги почнуваш сите три серуми наеднаш. Може некој од производите да не ти одговара, па така потешко ќе сфатиш во кој е проблемот.
     
    На Etanol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Тие се ок, но треба да ги замениш сретството за миење и кремата.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.671
    Пол:
    Женски
    Не е само за акни. Помага и за црнки, пори, црвенила, изедначување на тен... Има повеќе придобивки од салицилната. И јас немам проблем со акни, ама користам серум со салицилна киселина преку една вечер.
     
    На Anomis11, buba4e89 и Ketchup им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Ја користев јас пред една година и повеќе не бидејќи неам потреба,затоа и кажав да не ја користи ако нема потреба.
    Е сега за црвенила не можам да кажам бидејќи немав такво нешто. :?:
    За пори повеќе од ниацинамид видов, ама нека се залади баш ќе ја вметнам пак да видам кои се другите придобивки. :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.671
    Пол:
    Женски
    Јас па обратно, од ниацинамид не видов многу ќар, а го користев долго време секојдневно. Побрз ефект ми даде салицилната киселина.
    Секако, секоја кожа е различна, различно реагира на исти продукти, што е нормално, не сме сите исти.
     
    На koritsaki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. Etanol

    Etanol Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сум користела и vishy крема таа зелената супер беше ама ем што ми е скапа и брзо се троши не планирам на секои 3 недели да давам толку пари, а имам користено и пена на балеа за миење лице така да други средства не ми се испробани и не би сакала да експериментирам многу посебно не тие со многу алкохол и хемикалии ако знаеш некои препорачај ми фала ти
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Мене најпогодени ми се овој гел и оваа крема. Кремата е 75 мл така што ќе ти трае долго, 550 ден е во Анифарм, а гелот е околу 150 ден.
    bioderma-atoderm-intensive-p21159_1024x1024.jpg Balea-MED-Ultra-Sensitive-Wash-Gel-150-ml.jpg
     
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Како што пишала и @Elence93 гелот на Балеа е одличен. Дури и кремот од истата линија ultra sensitive е супер, ја хидрира кожата, не ја масти дополнително, многу убаво се впива.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш нешто поприродно тогаш на Натура Сиберика да земеш.
    Гелот за миење лице од зелената колекција на Береза Сиберика (мислам дека имаше гел), и гел крем за лице од истата линија.
     
  18. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Дали се измива серумот со салицилна киселина по користење?
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Не се измива.
     
    На Anomis11 и Glowy им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Дали има проблем да ги користат доилки серумите?