За хормонални акни дали е подобра азелаичната или салицилната киселина? Сакам да започнам со киселина. Бев и на третмани за лице, но постојано излегуваат околу устата. Козметичарката ми кажа дека се хормонални... Немам испитано хормони уште.
Децо ај помош, како да користам: 1. Revox Just Retinol TONER 2. Revox Just Salicylic Acid 2% 3. Revox Just Peptides (serum) Инаку имам плус: Niacinamide, Blend Oil, Q10 serum и креми (дневни и ноќни) со хијалурон. Ме интересира плус каква крема да ставам после нанесување на салицилна киселина/ретинол? Треба да е без хијалурон, така?
Јас ја користев салицилната со хујалуронска, така што можеш да користиш крема. Ретинолот самостојно, а за пептидите нека каже некој друг.
Добар предлог за производ што има слична функција како салицилната киселина на Ревокс? На торба.мк е распродадено, оваа што ја имам ми е при крај и би сакала да порачам веќе, би сакала овојпат нешто што дава подобри резултати. Гледав дека ја има маската со салицилна киселина на beautybay или lookfantastic не памтам точно, како е шипингот сега таму?
Јас за зедов на True Alchemy и океј ми е. Немам приметено разлика откако ја користам неа во споредба со Ревокс.
Здраво девојки, мала консутација. Имам 21год. Дали е добро да започнам да користам Retinol на Revox или Just C vitamin? И може препорака за добра хидратација
Рано ти е за ретинол. Тоа после 25 год. Па и витамин Ц не ти е потребен. За таа возраст само хујалуронска киселина ако толку сакаш да употребуваш серум и крем. Каков тип на кожа имаш и колкав буџет имаш?
Здраво девојки Не најдов друга тема па да прашам овде. Искуства со овој серум и од која возраст може да се користи? Ви благодарам
Почнав да забележувам фини линии под очите, затоа се обидувам да најдам соодветна превенција. Но најдобро би било да ги избегнам киселината. Имам комбинирана кожа.
Хијалуронската киселина ја хидрира кожата. Ќе ти ги измазни линиите. Таа и природно се создава во кожата. Поевтина варијанта ти е матирачки крем од MED линијата од Балеа + хијалуронска киселина од Ревокс.
Наутро: тоник со ретинол, ниацинамид, коензим Q10, крем со хијалуронска киселина и/или крем со СПФ. Навечер: тоник со ретинол (4-5 пати неделно), blend oil, салицилна киселина (2-3 пати неделно), пептиди, крем со хијалуронска киселина. Тоникот употребувај го преку еден ден и тоа еднаш дневно додека ти се навикне кожата на него. Потоа почни да зголемуваш, секој ден по еднаш дневно, па по два пати дневно. Салицилната киселина исто постепено воведувај ја. Почни со еднаш неделно во вечерната рутина, па зголеми на два пати неделно и потоа на три пати неделно. Кога ќе го добиеш посакуваниот ефект можеш да намалиш на еднаш-два пати неделно колку за одржување. Тоникот и салицилната нанесувај ги во различни денови. Не треба да се мешаат тие. Инаку мислам дека имаш премногу производи. Кога ќе ги потрошиш редуцирај го бројот на производи.