Хируршки ми кажаа само. Тоа тој го кажа дерматолог каде што бев, утре ќе одам да тестирам кај друг дерматолог па ќе видам што ќе ми каже, од што се предизвикани. Ова дознав дека е друг вид на акни , не како тие што се лечат со киселини. Потоа откако ќе тестирам ќе дознаам што е па така ќе се знае што да се превземе.
Јас го користев Rosehip и само црнки повеќе ми се направија. Иначе имам мрсна кожа, очекував дека може повеќе да ми ги затне порите, ама па никаков позитивен друг ефект немаше.
Јас сум ги користела и двете Rosehip е совршенство , толку ми го изедначи тенот, ги избели флеките што мислам дека ниту еден витамин ц серум не успеал така, инаку имам комбинирана кожа склона кон акни и не ми создаде ништо , додека пак со авокадото не ми се ризикуваше за лице па го користев за косата и ми ја правеше многу сјајна и мека ..
Во периодот кога го користев маслото користев многу малку производи , односно маслото од шипка го нанесував во вечерна рутина 1 час пред легнување. Прво го миев лицето со гел за лице , потоа 2-3 капки од маслото на суво и чисто лице нанесував и правев блага масажа . Немав потреба од креми , серуми бидејќи маслото е сосема богато и доволно хидратантно.
Пробај, моето искуство покажува дека маслото има подобар ефект ако се нанесе на полувлажна кожа. Јас тоа го правам по совет на @Biodevojka, а го употребувам маслото од смил на Оливал, дел ми е од вечерната рутина еднаш неделно, имам комбинирана кожа. Многу ми одговара, а особено на кожата околу очите и за устата, подобро од секое лабело.
Го тврдам она што го кажа @Annath . Маслото секогаш се нанесува на благо навлажнета кожа, или пак во комбинација со крем или серум (со цел да се збогатат) мала количина од двата на раката (никако внатре во кремот). На тој начин кожата убаво ќе ги искористи сите хранливи состојки...
Дали некој има купено гликолна киселина од ДМ? Во две ДМ барав и ја немаше, иако од сите производи имаа повеќе залиха. Се мислам дали да ја чекам, или од Торба да ја нарачам.
Прашај ги прво на Инстаграм да ти кажат дали и каде во кој маркет имаат на залиха, па ако нема нарачај си од друго место. Брзо враќаат на пораки, супер се.
Што пари е Серумот со салицилна киселина од 2%? На интернет е 6 евра гледам.Има во дм? Не ми се бута у Сити мол за цена да видам само. Може некој ако оди денес, да ми каже цена за серумов и за нианцинамид плус хијалуронска? Ако идат заедно Како од Марс падната сум
Се плаќа на торба.мк достава?И ако да, колку. Каква мрзетина сум станала, се` почнав онлајн да нарачувам Фала и на двете @L.i.n.a.a досадна сум https://www.torba.mk/set-oily-skin?search=revox а вака сет да земам, не е подобро? @buba4e89 помагај. Поевтино доаѓа, а и има тоа што ми наброја ти.Само крема башка ќе земам