Некое масло за лице е намалено.Ја уште за масло сум да нарачувам тогаш овие три а? за мрсна кожа бубаче овие ми ги препорача истите три се од линков така? https://www.torba.mk/kompleti/set-za-kozha-podlozhna-na-akni извинете шо замарам, ама не би да фукнам 1000ка и после џабе да се.А неам ни кому да му ги дадам
Од линкот во сетот ја немат само хијалуронската киселина. Конкретно од Revox го имам пробано само серумот со салицилна киселина и можам да кажам дека е многу добар. Инаку досега скоро се што @buba4e89 препорачала за мене лично ми се погодило.
А да не сум млада малце за тоа? 20 иам Да не се зезнам? Џаст аскинг Буби е лајфсејвер и дали мора со хијалуронска плус? Дека у ДМ кога го зимав Гарниерот, се фатив за тоник со хијалуронска киселина и таа рече никако на некоја фирма на Р беше ама не Ревокс
Салицилна, хијалуронска, витамин ц, па и ниацинамид се соодветни за секоја возраст, сега зависи ако имаш потреба ќе користиш. Еве јас имам 21 па досега освен хијалуронска за која не сум имала потреба, другите три ги имам користено. Салицилна е повеќе за акни, црнки и чистење на порите. За другиве ќе го цитирам делот со серумите и нивните намени. Тоа со Р најверојатно е Revuele за кое и јас би ти рекла да не користиш.
Наједноставна рутина ќе биде Наутро: Гел Крема Спф Навечер: Гел Салицилна киселина (два пати неделно) Крема Според мене, пробај вака наједноставно е и ќе видиш како ќе ти се погоди салицилната. Првиот месец не очекувај одма резултати. Ако добро ти ја прифаќа кожата, тогаш можеш да вметнеш и нов производ (хијалуронска пример). Најдобро е барем 2 недели да користиш нов производ пред да вметнеш нов во рутината, особено со серумите или киселини. Ако почнеш сите наеднаш а имаш некоја реакција или иритација, нема да знаеш од кој производ е предизвикана.
Еее тоа Реувел.Да си жива, значи среќа шо не го земав Епа ајде ова ќе нарачам.Си запишав на ливче и ко попче ќе ве слушам.Стварно имав убава кожа во средно.Сите ми се чудеа..сега ко шугава си се осеќам. Ќе нарачам од торба.мк, за колку дена прават деливери? Не очекувам одма резлултати секако, ќе бидам трпелва. Ајде и тебе ќе те послушам. @buba4e89 Може вака до сите три прашање и не замарам веќе: 1.Насабајле: може со тоа 3 во 1 на евелин?Супер ми е. 2.Во текот на денот : ќе ставам од нианцими (не можам да го запамтам, знаете на што мислам) и после него крема со спф.Ретко искачам денски, до маркет евентуално, ама ќе ставам 3.Навечер ако се шминкам, после шминкање влажни, па Гарниер и на крај Салицилот и после него крема пак. Добра рутина? А ова пептидес 10% за брчки. шо ќе ми е?неам некои брчки освен од смеење и од мрштење, да не ме зезне?Или не може да шкоди?Ако шкоди зимам Нианци.... и салицилна посебно и тоа е тоа https://www.torba.mk/kompleti/set-za-kozha-podlozhna-na-akni за да не се мачите да барате.Еве го сетот за кој зборам и еве го фејс вашот за кој што зборам овој ептен врши работа, страшно многу, само периодов дека имав за учење се запустив па ни од ова не ставав.Ова обично го држам 20мин пред/после бањање зависи кога како, и кога имам фул шминка на мене, после бришење со ова се поминувам. Имам пишувано порано, ова и тоникот ми го спасија лицето.Имав едно време страшно исфрлање
Не ти требаат пептиди. Доволно ти е салицилната. Не знам дали е океј ниацинамид да вметнеш, знам дека некои се исфрлаат од него. А спф нема потреба да ставаш кога си внатре цело време. На сабајле ако сакаш може да го измиеш лицето со малце гел, и крем, ако не може само со вода. Тоа од евелин никако секој ден. Може еднаш неделно како маска. Гел, гарниер исклучиво за отстранување шминка и после веднаш со гел и вода, а на влажни заборави. Ти треба и некомедогена крема.
епа: 1.Сабајле: со што ако не со евелин? Може некоја од вас три со точки вака да ми искуца рутина, и да не ве давам веќе глупо ми е дури. Досега праев: сабајле ептен ако ми е зејтин, со Дав сапун, после со Евелин тоникот/сеа по ново со Гарниерот, и навечер со Гарниер само ако не се шминкам, ако се шминкам со Евелинот или давот И Евелинот ко маска 2 пати неделно. Ве молам помош, ме збркавте сега.. @cooll @Reina.Gitana @buba4e89
IM.TMKQ said: ↑ Наједноставна рутина ќе биде Наутро: Гел Крема Спф Навечер: Гел Салицилна киселина (два пати неделно) Крема @Feminka22 Оваа е добра рутина. Насабајле истиот гел што и навечер. Ова од евелин содржи каолин, и може само да те дехидрира.
Епа уште некое гелче да препорачате и на ве замарам жими се. Значи останува Салицилна само од Ревокс? Да зеам нешо од Белина ти шо прати?Ама изгор се бе..Овој на Евелин по месец дена ми трае Ахххххххх најубаво да се фатам со ренде и нианцимикјскдс испаѓа така?
https://www.bellina.mk/p/992/bereza-siberica-chistach-na-pori-za-mrsna-kozha-sklona-kon-akni-145-ml Да, Салицилната. Овој спаѓа во еден од поефтините, и баш е наменет за мрсна кожа. Ќе ти трае со месеци, не се става многу. Не знам од балеа што нудат, имаат пени за лице. Крема која одлучи?
https://www.amazon.co.uk/Garnier-Naturals-Botanical-combination-greasy/dp/B07HJCHLXT не знам другачије да ја најдам т.е ме мрзи, само не читам дека има спф или мислев на Балеа таа аква кремата
@Feminka22 Не знам каков тип на кожа имаш, ама можам да ти кажам мене лицето горе-доле како ми се оправи, само што не истерав до крај јас, забушавам и не сум редовна, и пак ми се расипува лицето. За миење на лицето, сабајле и навечер користев Балеа гел за миење против акни (Balea anti pickel) така побарај го и ќе ти излезе кој е. После утринското миење, на полувлажна кожа ставав Ниацинамид од Revox и откако се убаво ќе се исушеше ставав крема од Балеа од истата линија. Два пати неделно ставав AHA 30 киселини од Revox, вечерно време по миење на лицето, по 10 минути ја измивав киселината со вода и на суво лице нанесував крема. Мене вака лицето доста ми се оправи и ми поминаа бубуличките на брадата, сите ми се исчистија. Салицилната мене лично никогаш не ми помогнала. Би ти препорачала и уште нешто, ама да не те бунам, мислам дека ова е доволно за старт. Ej, и кога излегуваш секако СПФ!
Не знам кој гел би ти го препорачала, но наместо тоа можеш пена од алое на Балеа. Не е скапа, а предобра е.
Постирав слика во ,,Добар козметичар" Не ми е до толку лицето.Да не претерам, после ќе биде колку повеќе чистиш толку повеќе се прља. Ве читав во ,,Пена или гел за секојдневно миење" и се решив за Балеа анти пикелот. Иначе имам мрсна Т-зона и најчесто на челото пред менструација ми искачаат бубулици некои 2-3.Ама на образите имам како мали акни, што не се ни стискаат ни бутур.Не можеш ни да ги фатиш. А да го нарачам сетов а ова пептидов да и` го даам на мајка ми? 64 год има.Дека супер е понудата 1000че за сите три А намеравам со свои пари да купам, срце ме стега
Епа тогаш мислам дека ќе ти биде супер Балеата, мене искрено ми помогна, и уште две другарки го користат и задоволни се. Не знам што има друго во сетот што го збориш? Ама да, пептидите можеш да и ги дадеш на мајка ти, тебе не ти требаат, млада си.
Можеш да го земеш сетот и да го употребуваш место салицилната киселина. Не знам што содржи тој три во 1 што го постави, ама ако ти одговара океј. Ниацинамидот мора да се нанесува веднаш по гелот за миење лице и да го оставиш да постои пет минути, потоа малку ќе ја навлажниш кожата со туфтерче и ќе ставиш хујалуронска киселина, не чекаш да се исуши ставаш крема. Ако излегуваш надвор ставаш прво крема со спф па шминка. Влажни марамици - не!!! Можеш мицерална вода на Натура Сиберика за комбинирана и мрсна кожа, потоа ќе се измиеш со гел. Ќе ставиш салицилна/гликолна па крема. За чистачот на пори горе што ти го препорачаа во него има ниацинамид, јас би го оставила за понатака кога ќе ти ја одржаваш кожата чиста и свежа. Штета не би можела да имаш,само правилно да ги користиш.
Уф ме најде. Јас од the ordinary имам ама види на sun dance или пак некои други од дм. Оваа според мене и ако ти одговара на буџет https://www.bellina.mk/p/1069/365-d...rema-za-litse-so-zashtiten-faktor-spf30-50-ml