Ниацинамид па пептиди па крема,па крема со високо спф. Нека каже друга членка за сигурно дали се меша ниацинамидот со пептидите. @macor24
фала @buba4e89 @Elence93 навечер користам салицилна киселина, затоа преку ден сакам да ставам пњптиди и ниацинамид но еве ќе користам со високо спф, фала и тебе.
Што е поефикасно за флеки и пеги (од акни, сонце, гребаници, удрено..) и лузни од акни, ниацинамид или азелаична киселина? Ако се и двете еднакво добри, може и двете да ги земам.
Дали имате искуствo сo серумoв? Пoтребен ми е за мелазма, флеки oд бременoст. И дали мoже да се кoристи за време на дoење?
Не треба да се користи додека доиш. Наместо арбутин можеш да користиш витамин Ц и азелаинска киселина за избледување на дамките. И СПФ преку ден.
Нема потреба да се чува во фрижидер, во продавниците стои на полица. После него може да се користи крема, само почекај неколку минути да се впие.
Абе ова работиве од Revox толку се поскапени? Денес купив AHA 30, 355 беше, порано колку што памтам беше 320, азелаичната видов 375 или 380. Ту мач..
Користам вакво за миење лице со салицилна и бела глина е. Може ли да користам Revox Lactic Acid + HA неколку пати неделно? Ради салицилната прашувам.
Од тоа на сликата? Да, стандардно сум задоволна како и со други гелови што сум користела, само овој малце ме пецка кога го ставам ама немам никаква лоша реакција.
Флуидов е супер. Пишува дека е за под очи, ама може да се става и на цело лице, две точки се доволни за пола лице да го намачкаш, ептен убаво хидрира и делот под очите и образите ми е премек. Пишува исто дека помагал за темни кругови и брчки под очи, за тоа уште немам приметено ништо зошто е рано, ама вака е одличен.
Што според вас е подобро во однос на измазнување на лицето, ублажување на брчки и "намалување" на пори, Peptides или Retinol in squalane? За второво видов дека концентрацијата е само 0,2 а и не е чист ретинол, ама прочитав позитивни reviews.