Земи ги и двете. Јас користам Peptides, супер е серумот, само не знам колку има ефект на fine lines и пори.
јас ги користам пептидите и сега за сега сум задволна затоа што имав пори раширени и да ти кажам има резултат али сепак заменњ е рано да го прекинам ќе треба уште да ставам
Пептиди секако , на timeless, q+a , и skindivision ти се најдобри, за супер резултати ( за брчки и нерамна текстура на кожа)
Фала ви на сите. @Ketchup Па може да ги земам и двете , ама ме интересира како одат во комбинација? Ретинолот претпоставувам оди вечер, после миење на лице и пред кремата а пептидите би можело сабајле, после измиено лице и ставен ниацинамид или? И ретинолот најверојатно до 3 пати неделно, не секој ден, бар така имам прочитано?
Ретинолот мислам на крај треба да оди, затоа што е во Сквалан, а Сквалан е масло. Единствено да измешаш неколку капки со хидратантната крема, па заедно да ги нанесеш. Иначе, Ретинолот на Ривокс е уствари Ретинил Палмитат, што е нешто ко разредена верзија на Ретинол? Јас го користев "Ретинол" тонерот и уште одма почнав да го нанесувам секој ден, немав никаков проблем. Е сега, ко за почеток може да го ставаш трипати неделно, ама после некое време ако продолжиш да го ставаш секоја вечер, не верувам дека би имала некаков проблем. Пептидите јас ги ставам навечер, после миење на лице, меѓутоа можеш и насабајле, не е проблем.
Да, уствари, ќе да си во право за ретинолот, пологично е да оди после кремата. Причина плус што сакам да го ставам три пати неделно е што користам AHA 30 и едни киселини од Bielenda, а Ретинолот не смее да се комбинира со директни киселини. Ај ќе му најдам некоја комбинација.
Дали ти помагаат киселините од биеленда , и дали има резултати? Јас ја користам хидратантната крема и сум презадоволна, навистина не очекував , лицето ми е премеко наутро , ми го смирува црвенилото и не ми излегуваат акни , секако плус и серуми користам за акните. За цена од 250 ден препредобро, сум користела и креми од 1000 ден но ова е чудо и ми се покажа многу поквалитетно.
И јас ја користам кремата од истата линија, и иако не ја ставам цело време, и мене многу ми го омекнува лицето и ептен убаво мириса, за друго не знам што да кажам, зошто црвенило немам, акни немам многу, само имам некои подувани места што не ми спласнуваат, за тоа не ми помага. Конечно за киселините зошто сега скоро ги купив, имам ставено само еднаш и единствена лоша страна е што бар мене ми смрдат, ама го миеш лицето после 10 минути и после ти е премеко. Пишува дека се ставаат 2-3 пати неделно, внатре имаш Mandelic, Lactobionic и Lactic Acid што според мене се понежни и општо како состав ми се допаѓа целосно. За таа цена мислам дека се супер, и се доста поефтини од тие на Revox, а и концентрацијата е добра, 15%. Расказ напишав.
Имам нормална кожа, ни сува ни мрсна, повеќе оди кон сува октолку кон мрсна. Користев нијацинамид од ordinary и не забележав некои негативни ефекти, убаво делуваше можам да кажам на мекост, текстура ама ништо посебно (да напоменам не го користев баш редовно). Сега користам салицилна на revox и сакам да земам уште некои, мислам да земам хијалуронска за хидратација и се двоумам што друго за акни/флеки? Немам некоја проблематична кожа, ми се појавуваат по неколку акни задолжително пред циклус (а понекогаш, поретко и неповрзано за циклус) ама се случува и да останат *флекичиња* од нив? Се двоумам помеѓу азелаична, алфа арбутин, витамин Ц, ама читав дека овие (без витамин Ц) се повеќе за флеки од сонце/други флеки а не од акни и сега не сум баш сигурна.
Салицилна се користи за акни (не хормонски ) и за оние кои имаат подлабок проблем,црвенило и слично. За акни од циклус на чисто лице не знам зошто воопшто користите киселини,нема потреба. Тоа се моментални акни кои исчезнуваат. За флеки ви треба хидратација односно чист витамин Ц ( Novexpert Vitamin C booster) да вреди иако е солен. Може да најдеш и серуми што содржат витамин Ц како на пример на True Alchemy. Но ако не го одржуваш лицето со добра крема,гел и крема со спф секој ден џабе ти се серумиве. Секоја кожа си бара нега.
Ако користиш салицилна, јас мислам дека нема потреба за уште нешто плус, ко на пример азелаична, затоа што веќе правиш ексфолијација со првата. Мене многу ми се допаѓа.
Може помош? Користам серуми на REVOX (подолго од година): хијалуронска, ниацинамид, вит ц, кју 10 итн итн. Сега купив крема azelaic acid 10% и squalane cleanser. Како да ги користам? Да си ја задржам секојдневната (обична) рутина на миење лице, со тоа што еднаш дневно ќе се мијам со ова и ќе мачкам од кремава, или како?