Јас ја користам навечер откако убаво ќе го измијам лицето. После тоа нанесувам крема и толку. По неколку капки, не мерам точно искрено.
Дали го има некој користено маслото blend oil? Планирам да го порачам серумот со хијалуронска, да го користам за денски, а за навечер не знам дали да земам тој со ц витамин или ова масло. Имам нормална, моментално накај сува, дехидрирана кожа. Е сега во Т зоната имам малку проширени пори, со комедони на брадата и носот па не знам да не ми е комедогено маслото, да ми ги затнува порите повеќе.
Јас не би ризикувала искрено. Доколку ти е баш сува кожата можеш хијалуронската и навечер. Исто вит ц можеш во комбинација со него, не си пречат.
Женски јас ги купив овие два. Ве молам некоја од вас убаво да ми напише како да ги користам правилно ми е страв да не си го напраам лицево лом плис
Јас ги користам наизменично навечер. Откако ќе го измијам лицето веднаш потоа нанесувам еден од овие и врз него крема. Толку.
https://www.vichy-lb.com/en/the-vic...C-and-hyaluronic-acid-together/vmag67441.aspx Тука има баш објаснување. Во кратки црти може и заедно, може и одвоено, било кога. Ако ги користиш заедно прво оди вит ц, па хијалурон, па крема. Ако го користиш вит ц наутро треба и спф, така што би ти го препорачала навечер. Наједноставно ти е хијалуронската наутро, па крема, вит ц навечер, па крема.
Мајка ми почна хијалуронскава да ја користи али многу и се суши..прво се миела и на полувлажна ја нанесува после чека да се исуши па става крем.Е сега не ми текнува дали кремот треба да го стави одма одма на уште недосушена хијалуронска или да почека ко шо прави?
Дали е само 50 денари доставата од torba.mk или се доплаќа на тоа за карго? Колку се во ДМ серумите? Не знам дали да одам да си купам или да порачам.
Немам проблематично лице, ниту некои акни или флеки што многу се познаваат, меѓутоа сепак ги има. Сакам да порачам ниацинамид и салицилна, па ме интересираше дали ги користите секој ден или си имате и друга рутина, бидејќи јас секое утро прво го мијам лицето со млеко потоа ставам дневен крем. Дали да ги ставам на чекање тие за хидратација кога би ги користела овие два за да не дојде многу хемија на лицето? Добредојдени се сите совети и искуства